И со тебе се согласувам ама проблемот е со тие како на пример другарка ми,има акни и не е до миењето на лице,става крем ама пак има т.е. и се чистат малку,и исчезнува црвенилото ама пак има,значи не дејствувааат целосно.Како до чисто лице?-подразбира режим на нега,исхрана,хигиена и тие иљачи или како ги рече,зошто сето тоа влијаае на кожата како на лицето така и на телото.И не дека уживам да се спротиставувам,ама ако се рече само редовно миј го лицето,што значи само тоа?Прашајнето е со што,што ви делува вам,како го правите вие то итн....?
Па баш како што кажав, доколку некој има посериозни проблеми, како акни, треба да посети дерматолог кој ќе и’ одреди соодветен режим за третирање на кожата. А секако, и исхраната е битна, тоа го изумив. Како и да е, режимот за нега треба да го имаат сите, ама приспособен на својата кожа. За акни нормално дека само миење и чистење на лицето нема да помогне, затоа е потребна консултација со стручни лица.
За поткожните ќе си купите Хлоракол. Го има во сите аптеки, некаде до 100 денари е. Мене ми помага многу, не само за поткожни мозолки, туку и за обични. А се мачкам еднаш дневно. Ја читам темава редовно, и никој не дава конкретни искуства, туку само онака си пишува, а има иљадници прашања неогдоворени. Ќе го споделам со вас моето искуство, се надевам дека некој ќе најде решение за проблематичната кожа во него. Јас иначе имав многу проблематично лице, имав од сe' по нешто на него: поткожни мозолки, обични мозолки, флеки и тако даље. Од пред некое време, после многу сменети производи, се решив сама да си направам некој распоред, што и како да си ставам на лице (до тогаш, одев на дерматолог, ми препишуваа некои си креми што ми ги правеа во аптека, користев цели колекции за проблематична кожа, скапи, поефтини - секакви). Два пати неделно ставам маска од зелена глина, и два пати неделно ставам на лице од пилингот на Лилит. (Најпрво го ставав само пилингот на Лилит, а после некое време прочитав за зелената глина и се решив да ги комбинирам двете- не во исто време, да не ме сфатите погрешно. На пример, среда и недела ставам зелена глина, а понеделник и четврток пилингот) И двете ми помогнаа многу за мозолките, а пилингот на Лилит ми помогна дури и за флеките. Преку ден, кога сум дома ставам од дневниот крем на Лала, за флеки што е, а кога сум надвор користам крем со заштитен фактор. Пудрата ја тргнав настрана, сфатив дека таа ме успорува во намерите за да си го исчистам лицето. Навечер ставам Хлоракол, и тоа е тоа. Исто, и од исхраната исфрлив некои работи како салама, мајонез, а многу поретко јадам чоколада, хамбургери и тостови. И најважно, пијам многу вода. Да повторам, откако сум на овој распоред, лицето доста ми се исчисти. Имам уште по некое мозолче тука и таму (некои ми излагаат кога треба да добијам) и флеки кои се значително избледени.
Вака имам акни...исто така како црвени точки по лицето, црвенило, дали тоа значи дека се поткожни и како да се справам со нив ( се и сешто ставив но со ништо никако не поминуваат)??
CIA, пилингот е оној Лилит што го напиша за тело, само јас си го ставам и на лице. За на лице си го правам вака 2 и пол (може и 3 цели) мали лажички шеќер 2 мали лажички млеко 1 мала лажичка маслиново масло Спојлер Еве ми ги првите импресии од употребата (Ова е уште од априлот. Го користев пилингот до почетокот на мај онака редовно, а после го ставав само еднаш неделно, зошто немав време, и пак почнаа да ми се појавуваат мозолчиња, па тогаш ја открив зелената глина и ги користам двете) Иначе ова е напишано во темата за пилинг на тело.
Xлораколот мене ми е добар, повеќе за вадење на пудра, јас затоа го користам, кога имам пудра длабински ја вади. инаку јас чат-пат имам ситни бубулички, најчесто на челото, ама периодов пу пу пу да ме серат кокошки, стакло ми е лицето инаку, ништо не користам ни креми ни маски ни ништо, страв ми е, јас имам чувствителна кожа па не би експериментирала, ако имам мала бубуличка и турам малку здраве кремче, се губи, ги суши тоа кремче.Mислам дека за тоа е наменето, да тураш врз бубуличката? Hе е за цело лице,,, само со влажна марамица го чистам лицето од пот, зашто се потам
CIA и остали, јас ви имав пишано коментар како успевам да ги средам поткожните, ама изгледа не сте погледнале. Еве, ќе се самоцитирам.
Сум споменала дека го чистам лицето, но на лето ми е посебно чисто. Значи сонцево наместо да ми штети, ми ја прави перфектна кожата. Како ќе изгледа тоа за неколку години не знам, ама на лето лицето ми е кристал. Не дека имам проблеми со мозолчиња или слично, далеку од тоа, но штом пукне сонце кожата ми е перфектно мазна. Кој нопак сум значи
Па со УВ зраците се уништуваат некои бактерии, затоа ти е така кристално и мазно. При некои видови кожни проблеми се препорачува сончање без крема, но до одредени граници на нормала поради штетноста на УВ зраците
Не, не секој ден. Мислам дека секој ден е премногу. Го ставав два до три пати неделно, еден одреден период (да бидам поточна, приближно еден месец), ко рутина ми беше, затоа пишав редовно. Лудо, јас за ова прв пат слушам. Една другарка си ја користи кремава за цело лице, некогаш ко подлога за шминка ја става.
Кај бе на цело лице? Па многу е бела и густа кремата за да ја става на цело лице. И јас како лудото ја ставам само на акната. Некогаш само ми се случува на поголема површина од лицето да ставам од кремата. И тоа никогаш не сум ставила од кремата пред да излезам надвор, туку или пред да си легнам или додека сум дома.
Циа, тие белките ти се милија, не ти се поткожни акни. Ако се како овие на сликата, тоа е тоа, дефинитивно, оток се. ОТОК! Спојлер И јас имам такви, мене почнаа моментално да ми пукаат по редовна употреба на козји сапун и Здраве. Зачудувачки, посебно кога видов дека тоа најголемото го пукнав после една недела мачкање, останав подзината. Финтата е да ги чекаш да ,,созреат,,. Кога се пред пукање, се вцрвенуваат и се испакнуваат, и можеш да ги притиснеш како обична црнка. Треба убаво да ги истискате, исклучиво со чисти раце и салфетка/палома, додека не потече малку крв. Тогаш знам дека е целосно исчистено местото. Пред една година бев на козметичар и добри 60% ми ги извади, само јас имав премногу, и отеков после цела во лицето. Сега ми е многу жешко да ставам Здраве, и се мачкам само со хидратантна крема и Павловиќева на очните капаци ради лишаите. Како и да е, мене ова ми успева, пробајте. Козјиот сапун го има во Космо и сите поголеми супермаркети - 130 денари. Здраве го има секаде, во аптеки и супермаркети - 50-60 денари. Исто, имам приметено дека лицето ми е многу почисто, ако ставам, пример, Дав сапун со Дав помада... Видете и тоа дали ќе помогне.
Дали некој може да ми ги потенцира цените на зелената глина, дневната крема Лала, клиндамицинот, овошен пилинг кој содржи третиноин? (Во меѓувреме производиве ги прочитав во претходните постови и според објаснувањата за каков тип на кожа и акни станува збор, мислам дека ќе ми одговараат па решив да ги купам). Благодарам однапред
Ќе ти кажам од прилика колку се бидејќи варираат од маркет до маркет. Зелена глина е околу 200 ден, се користи еднаш неделно како маска за лице, ја има во аптеки и во Тинекс маркетите. Клиндамицин е 200-300ден. најмногу, го има во аптеки и во поголемите маркети, го има како лосион и како ампула(само во аптеки и е 300-350ден.), се користи секојдневно. Овошен пилинг кој содржи третиноин?- ова се две различни нешта, овошен пилинг најверојатно мислиш на пилинг со овошни киселини, се прави во дерматолошка ординација и е 2000 ден. и повеќе, се прави во есен, кога нема многу сонце затоа што кожата не смее да се изложува на сонце после таков третман. А за третиноинот, го имаш во форма на маст/гел, се вика Аирол, а го има и под други производители само треба да нагласиш дека сакаш маст со третиноин, никако изотретиноин. Се мачка во многу тенок слој навечер бидејќи не смее да дојде во контакт со сонце, и кожата утрото се мие убаво, и се нанесува заштитен фактор. Работи на принцип на излупување на кожата, затоа не е препорачливо во почетокот да се користи секојдневно, и немој ни на крај памет да помислуваш дека поголеми количини ќе помогнат. Цената е 200-500 ден. го има во аптеки. Моја препорака е да не го користиш преку лето да не си направиш беља. За Лала кремот не знам цена, ама знам дека го има во некој маркет во Ново Лисиче.