Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Лала кремот е 70 - 75 ден.
     
  2. angelaastefanovska

    angelaastefanovska Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Па прави крема за акни и лузни од акни.

    Епа вака луѓе јас имав акни на челото користев хлоракол и ми се исчисти,ама сеа имам лузни од акни по образите и помогнете ми што да пробам да користам дали кремата од Саше , кремата Лала или кремата од магдонос од ваши лични искуства ве молам пишете
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Немам многу акни или бубулички на лицето, ми се појавуваат понекогаш по две-три ама ќе ги оставам и со време ми исчезнуваат. Е сега, проблемот кај мене е што кога веќе ќе се појават тоа се мали ситни бубулички, на едно место едни до други. Има некој гел/крем да користам за да ми се исчистат и тие (имам највеќе на образите) и да имам баш стакло лице, и меко да биде.
    Имам слушнато да пробам со мед, или помешано мед и млеко ама сеуште немам пробано.
     
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Да ти кажам право,незнам дали тоа се поткожни мозолчиња,не се такви како што Дузи пиша,значи овие мене ми се како бели топчиња,ама под кожата,само кога ќе ја оптечнам се гледаат,и онака на допир се сеќаваат...пробав јас со Павловиќева,ставив да ми стои ноќта,ама ништо сабајлето,немав некое мозолче над кожата..Се мислам дали да си купам игла од аптека и да си ги буцнам :?:
    мазохист сум :D
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Леле, игла - никако.
    Јас го окркав стапот пред година дена, се избоцкав, после ко портокал бев во суратот. :D
    Не си ја барај белјата, плиз. :$
    Ако не се такви какви што ги опишала Дузи, претпоставувам за какви уствари збориш, зашто и јас ги имам тие. Неприметни се, ама кога ќе го затегнеш местото, си се познава дека има нешто под кожата. Знам, а и богами, многу се досадни. |(
    Јас така ги вадам. Може и со помрсна крема, не мора да биде стрикно оваа црната што ја напоменав.
    И со Лала успева (морам да напоменам дека кремава ми е препремрсна за мојата кожа), можеби ќе бидне и со Павловиќевата - немам пробано.
    Битно гледај кремата да биде мрсна, ќе ги избие малце понагоре и ќе бидат готови за следна фаза - стискање. :devil:
    Е, помазохиста од мене - молим лепо! :D
    И после, флеки имам, бутур имам. Е ќе имам и хеликоптери ако вака продолжам, ама ај шшшт. :wasntme:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    А за флеките користиш нешто? Мене флеките најмногу ме нервираат, на моиве ни пудра не им помага. :(
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Флеките малку ми избледнаа од Лала кремот. Го користев месец дена, и оние што ми беа неколкуте кај брадата ги снема. :)
    Е сега, моево лице оди по тактиката - зошто едноставно кога може комплицирано, па мораше да избие некој кикс - премрсна ми е за мојата кожа и редовно ми избиваат ситни бубулички, па морам да внимавам како и каде ја ставам. |(

    И коректор помага, ама не оној најобичниот со боја на кожа, ами ќе си бараш од оние трибојните - јас имам коректор на Есенс и тоа розевкото врши работа. :)
    Не е скап, стотина денари е.
    [​IMG]
     
  8. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Огроомна молба до некој што имал искуство слично на мојот сегашен проблем.Имам на цело лице од тие што ги зборите,мали бели топчиња,АМА измеѓу нив имам црвенило,личи на некоја изиритирана алергија,ама ми се појави преку ноќ,без претходно да направам било каква промена во исхрана,козметика и сл.Најголемо исфрлување имам на брадата па нагоре накај образите и носот,а чуството е како да имам херпес на пола лице. Користам Дове сапун и Авене крема.
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Мишела зошто не ја пробаш Здраве? Цинк оксидот избелува, а кремата не е воопшто мрсна.
    Инаку на сите им препорачувам да си купат гел пилинг за секојдневно миење, или било кој од пилинзите на Неутрогена. Искрено јас со мојата скоро сува кожа веќе недела дена немам ниедно парченце кожа што ми се лупи. А од кога го користам кремот исто на Неутрогена без масло (некои две недели) не сум ставила од маста за алергија која иначе ја ставам сигурно два пати неделно. Што значи стварно сум пре, презадоволна,а имаат исти цени како Нивеа. Нивеа во споредба со Неутрогена искрено е ГОЛА ВОДА! Навечер мачкам Здраве, не знам дали има некој ефект или не, битно не ме исипува, не ми направи алергија, а цинк оксидот е секако добар така да најверојатно сепак и кремчето си врши работа да не ми се вцрвенува кожата и да не ми е иритирана. Стварно сум сега за сега од сите овие производи ептен задоволна, се надевам нема да ми се навикне кожата и дека ќе ме служат уште дооолго.
     
    На Mishela и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Очигледно само мене Здраве не ми делува на овој начин. Веќе подолго време ја користам, некои 3-4 месеци и се уште не ми се избелени флеките. Воопшто. Исто гледам дека на некои им помага за да им ги исуши бубулиците за еден ден, кај мене треба два-три дена. Јас најчесто го користам за да избијат нови бубулици, за овој дел одлично си ја врши работата, ама за тоа побитното потешко. |(
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Хммм... не знам навистина :worried: Јас немам флеки ама општо вака целото лице ми изгледа поубаво, поизденачен ми е тенот од кога ја користам.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Деновиве правам листа на козметика и вакви слични препарати кои ми требаат, па планирам и фамознава Здраве да ја земам. Не се надевам на некој уау резултати, ама баш ме интересира дали ќе ми делува. :)
    Ја испробала некоја дали делува и на флеки по телото, на пример грб, раменици? :?:

    П.С. Ја има во Тинекс? :wasntme:
     
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Можеше да се најде во Тинекс. Ја имаше, сега не знам :)
     
  14. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Јас ја барав во Зегин во Tинекс и во Веро ја немаше и на крај си појдов на пазар и таму ја најдов секако. :)
     
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас ја земав од Зегин - 50 денари. И прочитав тука мислам дека Saya негде пиша, не треба да се искача на сонце со неа, најубаво да се користи навечер па сабајле да се измие лицето. Инаку јас во последно време си ги откопав рамениците така да сега имам и флекички, ама не сум ја пробала таму. Обично ми поминуваат со сончање, се надевам и годинава ќе е така.
     
    На Nutri001 и Mishela им се допаѓа ова.
  16. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Луѓее ХЛОРАКОЛ го има како лосион само?! Нема маст? Ви се заблагодарувам однапред :*
     
  17. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Сега баш ја прашав мајка ми, има хлоракол маст, ќе ја побараш во аптека “хлорамфеникол маст за надворешна употреба“ зашто имало и за очи па да не утниш нешто :)
     
    На Puflice му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Тенкаи јас мислам дека делува па сега можеби кај тебе не помага зошто ти треба друг тип на нега,некогаш треба повеќе време да употребуваш одреден производ за да има видливи резултати,пример јас користев шампон од гарние за мрсна коса ,можеби и 7-8 месеци немав некои баш забележителни резултати но за неколку месеци потоа околу годиназначи како да престана да се мрси толку често...Пааа биди упорна... :hai:
     
  19. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Мала исправка само. Зелената глина се користи два пати неделно како маска за лице, а еднаш неделно се користи ако од неа се прават облоги за тело или релаксирачки бањи за раце и нозе.

    Исто така, кога ја нанесувате на лицето како маска, наместо со вода може да се измива со чај од камилица.

    Иначе, уште еден совет. Впрочем два се, ама нема врска. :D
    Прво, не ги менувајте пречесто лосионите и кремите. Некои не делуваат одма, делуваат после одредено време од употребата.
    И второ, избегнувајте пудри, коректори и такви козметики, особено сега во летен период. Знам дека без пудра некогаш лицето изгледа многу лошо, ама тоа е. :worried:


    А за кремата Здраве, во право сте биле. :$ Баш ја прашав мајка ми и ми потврди дека се користела за такви работи.
    И кажав и на другарка ми, да си знае. Таа па, се' и сешто става на лице пред да провери за што е наметето. Чукната. :D
     
  20. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Имав многу акни по лицето и кај градите.4 дена бев во Охрид,постојано на сонце значи сонце-вода-сонце-вода.Се мачкав со кантарионово масло додека се сончав,и можам да кажам дека за тие 4 дена немам ич мозолчиња,само флекички,па се надевам дека и нив ке ги снема кога ке појдам пак .
    Затоа ви препорачувам да се сончате што е можно повеќе. :sun:

    Иначе користам лосион ХЛОРАКОЛ,ама сеа сакам да го заменам со САТВА со овошни киселини,баш ми падна во очи,мислам дека е нов.Да не знае некој која му е цената ?