Колку што видов на страната на Алкалоид, целата Сатва колекција е за нега на кожа по 30-тата година. Мислам дека е подобро да си останеш на Хлораколот или да одбереш нешто друго и поефикасно (доколку од првиов не си задоволна).
Пред 2-3 години имав црнки на челото , МНОГУ , пополека ги стискав, и сеа немам црнки на челото, но не ми е ни мазно. рапаво ми е и полно со невидливи црнки, незнам како да ги опишам, на вид не се црнки, но кога ке стиснам излегува бело.. и сите да ги стиснам пак ми е рапаво, а имам и на брадава, и на носов и пределот околу него со солиден број на видливи пори ..користев се и сешто Хелп?
Сатва поливитаминската колекција е за од 20 години, која и јас ја користам. Имам флаер од Сатва кога рекламираа пред неколку месеци, и за секоја колекција имаат напишано и години.
А и на лицето ставаше кантарион ???...Кажувај чаре и јас си имам проблем со акните ги имам на лицето и грбот белки ке делува
Девојки читам сега дека сте коментирале за Здраве кремчето дека не се става на цело лице јас си ја ставам навечер пред спиење на цело лице во потенок слој, а кај што имам бубуљичка ставам малце повеќе. За преку ден не би ја користела прво затоа што е бела, а и демек не треба на сонце со неа. Само сега се засекирав, штети ли ако се става на цело лице? И Бекутан со цинк оксид го користев така само помрсно ми беше па не ми одговараше...
јас одам редовно на дерматолог, поради акни што ми излегоа еден период, но сега ми е лицето во ред, само уште со флеките да го решам проблемот. Значи докторката забранува да се излегува на сонце кога имаш акни на лицето. Таа вели да, моментално ќе ти поминат акните (ќе навлезат подлабоко во кожата) ќе се засушат поради УВА зраците, и после неколку време бум, двојно ќе ти се вратат. И веќе кога се оди на сонце, на плажа обавезно крем со заштитен фактор 30+. А за флеките со сончење може да станат перманетни, да потемнеат и тогаш едвај и ќе поминат. Значи, внимателно со сонцето. Од докторката препорака е морската вода, е таа веќе може да помогне, а езерската не. Се надевам ќе помогне овој мој совет кој ми е препорачен од стручно лице. А за лузните, ми го препорачија овој крем и е 700 денари...http://www.a-derma.co.uk/il-mio-corpo/r ... a/cream-ha
А за на сонце со какви креми е најубаво да се мачка лицето (проблематично - со акни и флеки) оти не сакам секаква крема да користам?
http://www.amazon.com/Avene-Cleanance-P ... B002DJDSMS Јас моментално го користам овој и супер ми е, но планирам сега да си го купам овој: http://www.aveneusa.com/high-protection-cream-spf50/ како пудра е, прекрива а не ги запушува порите
. Јас цела годиHа одев на дерматолози и уште што не и џабе.Мене баш ми рекоа излегувај на сонце ке се сушат и вистина е така.Не се повлекуваат длабоко во кожата туку се сушат.Можам и самата да прметам од водата и од сонцето сами излегуваат без стискање и црнките и гнојарчињата,излегуваат на површината на кожата
Има посебна крема на Гала против пеги и флеки,за цело тело е,јас лично сум многу задоволна,а и воопшто не е скапа
Знаеме каков е бизнисот за да им се продаваат. На флаери пишувало за над 20 години, а на нивната страна сосем друго. http://www.alkaloid.com.mk/sattwa-krem- ... 55-ml.nspx Ако не ви се отвара линкот, видете на страната од Алкалоид SATTWA крем за ден со матични клетки од јаболко и маслиново масло. Иако тука е отворено за друг крем од Сатва, пишува дека целата Сатва колекција е за нега на кожа по 30-тата година, а особено по 40-тата. Сепак совет од мене, пробајте нешто друго (10 години не се малку ) .
Мајка ми користеше еден со овошни киселини и добар беше и помогна поцврста кожа,посјајна за ралика од претходно што користеше росал...
козметиката на афродита acne care е супер искрено, има лосион, чистилна пена, крема, маска, и гел за сушење на мозолчињата. топло ги препорачувам на секој! Сакав да видам дали од таа кремата ЗДРАВЕ за која гледам многу ја фалите ќе ми избледат флекичките од лицето, ова на афродита баш и не ми врши некоја работа за тоа.. ја има ли во големиве маркети, веро рамстор..?
ЗДРАВЕ или Лала? Понапред повеќе имав мозолки, акни ама сега помалце. Тие претходно што ми се имаат појавувано ми имаат остаено флека, значи делот е потемен, црвено или малце потемно крукче и никако не ми се тргнува. Користам сапун на докторс тој што е за избелување на флеки и сл. и крема правена од невен кантарион и некои други билки, подолго време ги користам( од Март па наваму) и нема никаков резултат. Сакам да пробам со некоја од овие креми па ако може некои да ми каже која е подобра. Инаку кога ќе ми излезе некоја акна ако има белко ја стискам и ми останува флека, ако нема не ја стискам, ми се суше и пак ми останува флека. Како да постапам со нив?
Здраве е за третман на акни, не сум ја користела но феминките ја фалат, добра била за акни. А Лала ти е за флеки од акни. Од таа пак сум многу задоволна.
Здраве е само за акни,јас ја користам и ми помага со акните ,но не ми тргна ниту една флека.Ако сакаш за флеки земиси Лала.
Девојки како се тргаат тие пегите кафеави на лицето? Една моја другарка колку креми користеше па не и помогнаа..Ај ве молам кажете некое решение..
^ Нека проба со Лала. На кутијата пишува дека е и за пеги. Можда ќе и помогне. А зошто па да сака да се ослободи од пегите? Мене пеги ми се многу симпатични.
Aj aко може некоја феминка нека ставе слика и од Здраве и од Лала, па од утре да си ги купам и да ги комбинирам. Колку што разбрав Здраве се става само на акната навечер, а Лала? И каде можам да си ги најдам, скапи ли се? За колку време имаат ефект?