Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    ФЕМИНКИ,за неколку дена одам на одмор но досега секое лето коа се сончам не ставам ништо на лицето ути ми е малку компливирано(т зоната ми е мрсна)и ставам само нивеа (сега кога е жеско само со даве сапун се мијам и ништо друго)и секогач си довагам со изгорено лице целата црвена :lol: :lol: :lol: потоа една недела се лупам и на ништо не личам :( :( це молам препорачајте некоја крема со заштитен фактор со која ке можам да се сончам и нема да ми предизвика напад на мозолчиња :^) или пак да ставам од млекото за сончање на лицето ?? ве молам за совет
     
  2. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Можеш да користиш и млеко за сончање, но бидејќи е мрсно и во комбинација со сончевите зраци може да ти се појават некои брунчиња :worried: Ова ти го кажувам од лично искуство, јас така се мачкав и ми се појавија брунчиња зашто ептен беше мрсно млекото... Затоа внимавај што ставаш ! Доколку ти е мрсна кожата тогаш никако не користи млеко за сончање :!:
     
  3. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Пред некое време си купив Здраве, веќе потрошив едно си купив уште едно бидејќи се гледаа подобрувања. Имам мрсна-комбинирана кожа. Лицето не ми е со премногу бубулици имав така малку и со Здравето уште помалку имав дали 2-3 ќе ми се појавеа пред да добијам. И сеа имам и црвенило на образите т.е. некако над образите или горе кај образите :^) . И сакав-сакам да ми биде скрос чисто, стакло ни црвено ни ништо и не знам зошто го земав сапунот од Докторс за акни и првата недела супер ми беше малку така промени немав ни бели топчиња (оние што се за стискање) и си викам супер ќе ја земем и кремата од Докторс што е од камилица за акни. Почнав да ја ставам неколку дена и сега не знам дали ми е од кремата, од сапунот или пак од ладната вода (со ладна вода си го мијам лицето и со сапунот 2 пати навечер и наутро) многу ми се исуши кожата под образите накај устата. Не знам сега што да правам таму, помада нема шанси, многу ќе ми го измрси лицето лом ќе станам и бубулици пак ќе ми се појават таму. Еве денес не ставав од кремата од Докторс што е само Здраве ставив неколку саати одкако се измив со сапунот и гледам нема подобрувања. Што да правам за да не ми се лупи кожата? :doh: Неможам ни пудра да си ставам, одма ми се познава и не е убаво воопшто на изглед. И искрено не ни знам веќе каква кожа имам. Кај носот ми е мнооогу мрсна, кај образите мнооогу сува, кај челото така-така исто и кај брадата и над устата. Би требало да ми е комбинирана, ама некогаш па премногу ми е мрсна или премногу сува за да ми е комбинирана.
     
  4. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Мене ми се исчистија бубуљиците,али сеа кај пределот кај градите ми останаа црвени флекички од нив како точки се.Кремот ЛАЛА во мојот град го нема,да не знае некој кај можам низ Охрид да го најдам,глеав во Тинекс али немаше.Или евентуално некоја друга крема за избелување да ми предложите :)
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Иста кожа имам и јас, а сум се соочувала и со истиов проблем.
    Пред извесно време ја користев кремата на Докторс - не ти е од неа, изгледа многу си го пресушила лицето со сапунот. :worried:
    А да пробаш да ставаш некое малку полесно кремче на сувите делови, на пример Dove или Nivea soft, а на мрсните делови да си ја ставаш онаа на Докторс?
    Јас правев таква комбинација и малку ми се подзасмири ситуацијата. Инаку, ми се лупеше челото мене. |(
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ И јас пробував такви комбинации со 10 креми, на еден дел од лицето Нивеа за сува кожа, на друг маст од невен ради лишаи, на трет обична Нивеа Софт, на четврт маслиново масло итн итн. И ова е голема грешка бидејќи така ќе го научите лицето и ќе си продолжи да ве *бава со извинение. Мора да го навикнете на една крема, јас добив ваков совет од една феминка и беше тотално во право. Да не се урочам, ама јас со исто таква комбинирана кожа - мрсно чело, сув нос и нормални образи со алергии сега немам ништо од тоа. Го користам гелот за миење на Неутрогена, насабајле ставам и од кремата Неутрогена без масло. Навечер се мијам пак и ставам Здраве. Немам ставено крема за алергија веќе месец дена, а тоа до сега не ми се случило никогаш мислам. Така да ако имате потреба од различни креми на различни делови од лицето, значи не ви одговараат баш верувајте, така да пробувајте нови производи. И гледајте да избегнувате сапуни, сепак ја пресушуваат кожата.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Бидејќи сум во пубертет и на лицето ми искачаа многу бубулици, највеќе на челото!
    Пробав со секакви лосиони прво го користев оној на алкалоид Young Derm Lotion помагаше и тој но не толку како Хлораколот. Од како го купив лосионот хлоракол веќе бубулица неам (освен кога треба да добијам :lol: )
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Гледајте што најдов.

    [​IMG]

    Според сликава, на кој дел од лицето имате брунчиња, се работи за некакво заболување на одреден дел од телото и не е лошо да си го проверите тој орган. Наводно, лицето било огледало на телото и затоа сите внатрешни заболувања се манифестирале таму.

    Гледате таму ги пишува органите, стомак, бубрези, гинеколошки проблеми, црн дроб...

    Пробајте, не губите ништо. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Jaaaaaa, се изненадив за сликава ...??? :puke: :emo: :doh:
     
  10. meche

    meche Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    феминки...ми рекоа дека имам себороичен дерматитис ( себореа) имам користено разни креми..но ништо не ми помага....ако знаете нешто ве молам пишете ми
     
  11. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Вичи мислам дека ги има по продавниците низ нашиот град :D
     
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    аааа еве најдов слика какви имам на лицето,пробав со тоа Мишела што ми го кажа,ама не ми поминаа,друго чаре?
    [​IMG]
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    ^ А да посетиш дерматолог па да видиш што ќе те советува, или козметичар на крај краева.
    Ние може до следната година да си нагаѓаме и да даваме чаре ама пак да не помогне. :)

    Инаку, јас сум задоволна од кремата на Јанг Дерм за длабински третман на акните.
    [​IMG]
    Меѓутоа, не ја препорачувам на оние кои имаат сува кожа - ќе им ја пресуши.
    Ненормално брзо смирува црвенило и ги суши акните. Пред два дена бев ужасно нафрлана, почнав да ја користам и има голем напредок. Се надевам дека ќе продолжи така и фала богу не ми се појави некој негативен ефект, многу сум среќна. :)

    И да - оние кои имаат комбинирана и мрсна кожа раат ќе видат, верувајте. :D
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    јао Doozy ми олесни со сликава, бев преплашена да не имам проблеми со јајниците затоа што ми рекоа дека на тој предел кај што ми се исфрли лицето најчесто е поради полицистични јајници, а јас како што имам фобија од лекари се плашев да отидам пошо мислам дека сите можни болести мене ке ми ги најдат :tmi:

    сеа од сликава гледам дека можно е да е поради жлездите и крвта така да најпрво ке одам ова да си го проверам деновиве
     
  15. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Го мијам лицето само со Еуцерин сапун и ставам многу малце крема и тоа само пред спиење и ептен ми се среди. Додуша за полицистични јајници имам многу чисто лице, но пред да добијам знае да ми се исфрли ептен, посебно кај брадата. Еуцеринов ме спаси.
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    пиеш таблети?
    а еуцеринов дерматолог ти го препорача или по твоја одлука?
     
  17. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    За лицето користам Dove сапун и бекутан крема,можам да си се пофалам дека имам многу чисто лице,но во оние критичнине денови користам лосион со камилица на doctor's,кој не ја суши кожата туку и дава свежина и сјај.
     
  18. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17


    Колку пари е ??
     
  19. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Освен кремите што ги користиш, внимавај многу на исхраната. Отфрлај премногу зачинета храна, јади овошје и зеленчук, и што е најважно од се намали го стресот.
     
  20. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Ист проблем имам и јас :( и не се ни стискаат, во темно и на сенка не се познаваат толку многу ама затоа на сончева светлина сум ко ренде :x ако некој имал искуство со овој проблем и го решил ве молам за помош :hai: