Хах, па прашувате. Многу нормално дека е со песна полесно! Онака ќе се занесеш во песна и вејќе си завршил со вежбање. Мислам дека е многу полесно со песна, и психички те одмара а физички изморува.
Со музика е далеку полесно, ги растерува лошите мисли, ти овозможува вежбањето да го гледаш од друга, повесела перспектива. Секако, секој треба да си најде музика што ќе му одговара. Јас вежбам исклучиво со странска музика, претежно техно преработки, хаус, поретко метал или некој вонбалкански турбофолк.
Музика секако дека да, многу мотивира и го подига адреналинот Слушам и кога одам до теретана и кога се враќам, ме забавува и охрабрува.
Мене музиката секогаш ме мотивира да не се откажувам кога ми е најтешко.И сега планирам да си направам плејлиста и да вежбам на истата.
Јас ли сум единствената што сака да вежба без песна? Пошо секој ден си вежбам Инсенити некако не ми иде со песна да ги попречувам инструкциите на Shaun T. Човекот многу повеќе ме мотивира од музиката.