Жените на тиндер се многу океј, голем дел од нив вака и лично ги знам, пошто седнав да скролнам да видам кој има. Мажите на тиндер, друг муабет, ау бато, па тоа од 200 души, дали еден асален има (тој сум јас хехе). Ама сериозно, да си повратиш у уста се некои ликови. Значи не знам што очекувате лајкови кога профилите не ви се средени, сликите ви се сликани од гз-агол сите у истата маица исфлекана или уште полошо оние батко сликите кај шо сте мачо на батерии. Стомачни се фина работа, ама треба да знаете како да ги сликате, не е само опни сликата кај шо личиш ко да се какаш у гаќи дур стискаш стомачните да се отцртаат. Не го сакам ама ќе го спомнам у контекстов, више ако имате асално тело, земете пример од оној Стефан Спирковски, за разлика од грото машки модели, мислам дека овој е еден од ретките што знае да испозира у тоа што го носи. А иначе мислам дека треба колективно само да ја намалиме стигмава за апликацииве? Јас барем во круговите во кои се движам има многу стигма, и дури и срамота е да си на апликацииве, и за мажи и за жени, па има многу се кријат и остали ствари. Нз мене па тоа ми е глупаво.
Многу тешко ако не се најдете во заедничко друштво. Ако никогаш се немате сретнато преку некои познаници и да пишеш да се запознаете, одма си манијак. Скоро имав прилика, каде што таа прва пиша. Си пишевме цела вечер, следниот ден излеговме, супер си поминавме и требаше да се видиме пак, али поради работните обврски не можевме. Бевме во комуникација 10 дена, и после тоа ја снема, само seen. И баталив, ту олд фор дат шит.
Eve go drugar mi taka bas preeska mi spomna, si pisuval so nekoja do niedno vreme za traumi prethodni vrski bla bla, ovoj i spodelil i neshto za nwgo vo smisla da oformat doverba ne znam ti sho i go ghostnala, jas mu se smeam mu velam pa brat kojznae so i imas kazhano, da ne si za v policija odenje
И јас би го шотнала ако на почеток, уште не запознати ми зборува за трауми со бившите Освен ако не се веќе во напредна фаза на зближување
Хахахаха, ја уплашил. Не, јас не зборам за екс девојки, ако било ок, немало да се екс. Ниту пак прашувам. Али ради некоја нејзина причина ме гостна. И почитувам, нејзин живот, нејзини избори. Само не ми е јасно зошто уште ме чува на инста, ми го гледа секое стори, ако ме неќеш у животот, шо ќе сум ти, бриши таму.
Go zapocnale muabetot vo smisla kao bil zloypotrehuvsna nz ti sho.. mene lichno ako me prasas malce red flag mi e od pocetok da se zhali za to i odma se somneva i vo tebe i indirektno te klava vo takov kosh..
Зашо ти не и пишеш? Ете таа направила прв чекор, прва ти пишала. Егото не ти дава да и пишеш сега па да видиш како би се однесувала? Ако продолжи разговор океј, ако враќа кратко и незаинтересирано онда батали. Ама ништо не губиш ако пишеш прв, верувај ние жените понекогаш потајно тоа го посакуваме
Чекај, диши длабоко, полека со судењето. Како што реков си пишевме секој ден, редовно и одеднаш ја снема. Ме остави на seen. И пишав, ја прашав што бидна, ме остави пак на seen, и толку. Не е его, али ни како тинејџер не сакав игри, ниту пак сакам сега, ако некој ме сака во неговиот живот добро, ако не ме сака пак добро. #PullUpTheSocksAndGetOnWithIt
Секаде, секоја шанса треба да се искористи, нормално ако има обострани симпатии. Машките не приоѓааат? Зошто? И не треба да приоѓаат ако нема сигнал, ако не се сретнат погледите, ако не се задржат. Дамите бираат, со насмевка секако. Бар со насмевка, ако нема насмевка нема ништо. Фејк, фишинг, тројанец….. Жените не се глупави, ако и се свиѓаш, ќе направи се за да ти овозможи и олесни да го направиш првиот чекор. Ќе орбитрира цело време околу тебе, ќе мести коса, ако станеш да идеш у веце(кафиќ) ќе појде и таа по тебе. Сите жени ова го знаат и го практикуваат, СИТЕ, од 15год. па нагоре. Нормално, ако у нејзини очи си џек пот. Се друго е мамење, лажење, и служи за билдање его.
ехе братеее.Колку ги има вакви Ghost-ерки што се.Си трчаат и тие по други машки, ги замараат, обратно исто така.
Само јас ли сум немала таков проблем? Ама добро, јас не киснев на социјални мрежи, излегував секоја вечер, било тоа диско, кафана, ресторан, кај другарка, кај другар, некоја журка, именден, роденден.... значи дружев со многу друштва, едноставно незнаев да кажам НЕ . Па така и запознав многу мажи. Од седење дома и штракање на интернет нема никого да запознаете. Ич неможам да ги сфатам овие женски шо бараат дечковци на тиндер, миндер.... па тамо само напалени манијаци ќе сретнете. Зарем толку неможете еден да излажете во некоја кафана, ресторан, било каде и да движите? Да ви кажам јас како иам запознаено еден бивши дечко. Требаше да идам на именден во друг град, јас спремна се, али ми откажа превозот. Му се јавив на славеникот да му кажам, и тој ми вика не се секирај, сега ќе му кажам на еден пријател шо иде наваму да те земе и тебе. и јас си влегов во колата со пријателов, шо после тоа ми стана дечко. Друг пример, друго друштво, не ни помнам колку друштва сум имала во животов. Имаше некој рингишпил во градот и сите таму се береа, и ај и јас и другарка ми да одиме. Таму се погоди еден тип со кој се шмекав но немав ништо сериозно, и не викна со неговото друштво. А во тоа друштво, запознав еден шо покасно ми стана дечко. Шо ви е на вас шо барате мажи на социјални мрежи, де излезете, опуштете таа душа, насмејте се малку, заиграјте на некоја музика, пејте, па нормално оти ниеден нема да ви се приближи ако цело време сте со кисела фаца. Научете да викате ДА во животот.
Се фокусираш на себе, на работа, учење, хоби, спорт или било што и на тој начин сретнуваш луѓе кои се "потенцијални партнери" Не велам дека преку интернет е невозможно туку 99% тие познанства остануваат на почетна фаза. Сте се запознале сте размениле 2-3 реда муабет и тоа е тоа. Човек кој очајно бара партнер, поготово нешто озбилно во туѓи очи изгледа како да има проблем и воопшто не ве привлекува на никаков начин колку и да има добри намери.
Секоја жена е убава и/или харизматична. Значи буквално, не знам жени што останале без дечко, ако го сакале тоа...а знам секакви, ниски, високи, слаби, дебели, учени, неучени, разведени, со деца... Знам девојки што останале немажени, ама не оти немале дечко туку оти грешни очекувања имале...ама тоа е друга тема.
Eee ko ce vi recime deka vas vi e lesno, koga i da posakate imatee, nie mazhive... ostaj ne mi se zboruva
И маж не знам да останал без девојка, уште помалку без жена. Ама немавме апликации тогаш, па моравме да се снаоѓаме