Никако. Нит запознавам, нит ме запознаваат. Сите мои друштва се женски, и повеќето сме сингл, а по некоја има со дечко. Апликации за запознавање никад не сум користела. А не ни планирам во скоро време. Ако дојде некој сличен на мене, со слични ставови, гледишта кон светот, значи со неколку збора, да се согласуваме, да си одговараме и да има многу љубоФ, нек изволи. Ако не, добро ми е и вака сингл. Битно си го иам мирот од внатре. Дали имам некој или немам, ми е помалку битно.
Скопје е систем на затворено општество и тука ретко кој ќе ти пријде а да не те знае преку некој, зборам за асални ликови што стварно имаат нормални вредности. Нема доволно, не знам што да кажам, каде и да отидам се се жени, и тоа е проблем сам по себе. Местата се тие останува да видиме до кога ќе се влошува состојбата
Никако не запознавам и никогаш досега не сум била во сериозна врска. Супер ми е вака Тиндер не ни сакам да користам или пак други апликации затоа што имаат свои ризики.Познавам другарки што користеле апликации за за запознавање момци, прво се било ок но после неколку месеци врската им станала токсична.
Дечки јас го запознав на Тиндер во Короната 2020 summer а сме живееле на 15мин оддалеченост денес сме маж и жена чекаме бебе,многу народов има предрасуди кај нас за dateing app бидете упорни,запознавајте,истражувајте..никогаш не се знае што ви е судбина и каде ќе се појави.Добра ноќ
Никако. Ниту јас сум заинтересирана за некој да запознаам, ниту некој за мене.. Апликации за запознавање не користам, се обидов неколку пати преку снап и два пати преку инста и од моја гледна точка таму никој не запознава за сериозно. Ниту знам кај да запознавам. Може така спонтано некогаш ќе ми се појави некој во животот, ама како што почнало тешко..