Не најдов ваква тема, ама ако е веќе постоечка може да оди во корпа. Голем дел од луѓето имаат за цел да ја пронајдат вистинската личност со која ќе останат заедно засекогаш. Ако некој/а од вас е сигурен/на дека ја пронашол/ла вистинската личност или барем смета дека покрај себе ја има вистинската личност, како и во кој момент го сфативте тоа?
Едноставно знаев по одредено време кога поминував со таа личност, секој пат кога ја чекав знаев дека ќе доцни ама се навикнав ќе ме гушнеше и беше доволно за тоа што сум ја чекал начинот на кој ме гледаше бакнуваше, кога се правдаше кога и да не беше во право и колку и да беше тврдоглава јас си ја сакав, иако ми раскина иако луѓето околу мене зборуваа дека не правела доволно колку и да беше малку доволно ми беше и покрај тоа што знам дека можела повеќе но не ми сметаше. Само после разделбата знаев се што се деси и причината и работи кои мислеше дека не ги знам но ги знаев и беше изненадена кога и ги кажав и знам дека и јас имав вина но поголемата беше кај неа но ништо не реков ниту навредив бидејќи сепак уште имав емоции спрема неа, и знам дека не и беше сеедно и беше збунета пробав и повторно после одредено време да ги средиме работите иако ми раскинала иако знаев дека паѓам ниско само си ја влошив ситуацијата за себе. Но како и да е и после се што се деси и разбрав дека не е таа личност повеќе или глуми дека е нешто друго јас уште чуствувам емоции спрема неа, само со текот на времето кога прекинав јас да ја контактирам и за себе и ги игнорирав последните пораки дознав дека само јас така сум се чуствувал и дека тоа нејзиното било лага/глума или пак вистина но со влијание од други луѓе се сменило...
Имаше некоја посебна енергија што ме влечеше кон него. Имаше нешто. Ни одеше муабетот. Кога и да ми беше тешко, му кажував и да не сум во право ќе застанеше на моја страна. Ќе ме тешеше. Ќе ми даваше совет. Се смеевме. Бев опуштена. Се брукав. Не глумев "јака и дигната у облаци". Ме прифати баш каква што сум. Правевме заедно работи. Ми веруваше. Не ми забрануваше работи. Не беше љубоморен. Јас знам да врескам, да драматизирам, некогаш и да претерам, а он останува смирен и не ни помислува да ме вреѓа пцуе. Искрен е со мене. Најдолго сме скарани 15мин. Ме чува. Се гижи за мене. Све би искршил за една моја солза. Ме прави среќна. Не постои поголема брзина таа од таа да ме смири додека се нервирам. Има свој став и карактер. Цела книга да напишам колку е он совршен (не добар, совршен) со мене е малку.
Посебна е, секоја секунда помината со неа е посебна. Ме сака како никој што не ме сакал досега, се грижи за мене. Ме чува кога сум болен. Секогаш кога треба да одам некаде ми кажува внимавај те молам. Плаче за мене кога ќе се повредам дури и само мала гребнатинка да е. Се грижи за мене. Кога е таа среќа и јас сум среќен и обратно кога јас сум среќен и таа е среќна. Ме гледа слатко. Се ме убаво кога сум со неа......
Интересно прашање. Во мојот случај, едноставно 'знаев'. Не можам ни да го опишам чувството. Како навистина да можев да го видам животот што ќе го имаме... И сакав да живеам во него... По 3 месеци врска, веќе сигурна бев. Се веривме после 2 години и уште една година чекавме до свадба Сум имала еден куп дечковци. За никој друг така не сум се чувствувала, дури ни во посериозните врски. Ама ете, ова, 'само си се кажа'.
The eyes chico И имав чувство дека што и да кажам нема да ми суди .. единствена особа на којашто можам да и кажам се. Ии она чувство знаеш кога осеќаш нешто и си fucked up , не можеш да најдеш зборови да го кажеш и ќе те разбере и он ќе каже све што мислиш ама не ти искача .. Иии колку и да е cringe погледот. Кога ме гледа од другата страна на просторијата у целата гужва и кога ќе се свртам натака почнува да се смешка . It just feels like I belong somewhere for the first time.
За првпат во животот се почувствував вистински разбрана, сакана, прифатена. Како што спомнаа и пред мене, со сите мои добри и лоши страни. Немам потреба да глумам нешто што не сум. Освен тоа, во мене се будат некои посебни емоции кога сме заедно. Тоа е тешко да се опише. Едноставно, се чувствува дека тоа е тоа вистинското
Тоа чувство не се опишува едноставно знаеш. Уште од првиот пат кога го видов почувствував нешто , поради него се трудам да бидам најдобрата верзија од себе си. Затоа што ми е најголема поддршка за се. Едноставно не се објаснува со зборови туку се чувствува.
Испадна дека сепак значело и за нејзе нешто тоа што беше меѓу нас, решивме да разговараме после неколку месеци вчера вечерта беше еден искрен и смирен разговор и работите меѓу нас се средија се надевам на најдоброто и сепак имало нешто од тоа кога ќе ја најдеш вистинската или вистинскиот за себе па макар и по раскинување.
Ништо не не' раздели. Имаше и причини и прилики за друг пат, без мене. Го видел и најдоброто и најлошото од мене и одбра да биде со мене, покрај се'. Сме биле скарани, едно време скоро и прекинавме, но ете сме, сега посилни од било кога. Едноставно, доволно време поминавме за да знам, за да чувствувам дека е така.