1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како знаците простуваат и се одмаздуваат

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 27 ноември 2011.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Навредите и извинувањата се составен дел на меѓучовечките односи, како и желбата за одмазда, тврдоглавоста, но и простувањето. Дознајте како на кој знак да му се извините, каква им е суетата, како да ги елиминирате недоразбирањата и замерките, но и како да се справите со одмаздата на поедини знаци.Астрологијата, простувањето и одмаздата
    Овен

    Овните многу лесно се навредуваат, но исто така се спремни брзо и да простат. Кај нив е најтешко да се поднесе периодот кога одбиваат да разговараат со вас, доколку ги повредите нивните чувства. Таа тишина ги пара ушите погласно од какво било врескање и во тие моменти се чини дека молчењето ќе трае засекогаш.

    Овните најмногу од сè ја ценат искреноста, самокритиката и длабокото каење. Директно признајте ја својата грешка, преземете ја вината и ќе ја олесните ситуацијата и за себе и за нив. Всушност, иако глумат дека се студени, тие длабоко во себе патат и се прашуваат зошто морало така да се случи. Раскажете ја својата страна на приказната, без да ги криете емоциите и ќе ви биде простено.
    Бик

    Караниците со биковите често пати се конфузни и двосмислени благодарение на нивната инаетлива природа. Понекогаш тие ќе се скараат онака рекреативно и јавно ќе ги застапуваат своите мислења и ставови во кои лично не веруваат. Тоа понекогаш им е интересно и забавно, а особено сакаат да се инаетат со личности кои не им се симпатични.

    Спорните теми и расправии, за вас може да изгледаат како крај на светот, но не и за нив. Биковите се во состојба да се караат сè додека имаат енергија за тоа, а веќе следниот ден се однесуваат како ништо да не се случило, бидејќи таа кавга всушност не ја сметале за ништо сериозно. Најдобро е „војната“ со нив да се прекине уште на почеток, со потенцирање на некои сентиментални детали што ве врзуваат за нив.
    Близнаци

    Иако близнаците релативно лесно простуваат, немојте да ја злоупотребувате нивната емотивност и добрина, бидејќи едно е нивната спремност да ви простат, а сосема нешто друго е нивната способност долго да паметат. Повеќето проблеми со нив се случуваат во конфликти со личности кои не знаат кога да замолчат. Близнаците се натпреварувачки настроени и во кавгите, па не им е проблем да одглумат дека застапуваат некој став и тоа онака од инает и за забава.

    Вообичаено близнаците се многу чувствителни и добродушни и доколку сакате да им надоместите, најдобро е да им купите подарок или само да им се јавите и да ги прашате како се. Ако притоа им кажете дека ви недостасуваат и дека ви е жал поради тоа што се случило, постои веројатност да ви простат во истиот момент.
    Рак

    Ова е знак чие мото е „памти па врати“. Овие знаци навистина нема да ја пропуштат приликата да ви вратат со иста мерка. Морате да внимавате да не се замерите со нив бидејќи тие се многу суптилни и во истиот момент ќе почнат да смислуваат план за одмазда против оние кои во моментот не им се во милост. Доколку ви се случи да се замерите, веројатно ќе морате да се извлечете на „стара слава“, потсетувајќи ги на вашите заслуги од минатото.

    Најпрефинет начин да се извините на еден рак, би бил ако му испратите подарок заедно со опширно писмо со извинување, но и дополнителен телефонски разговор не би бил излишен. Но и покрај сè, немојте да се зачудите ако не постигнете моментален ефект, бидејќи на многу припадници на овој знак им се потребни недели или месеци за потполно да се „оладат“.
    Лав

    Лавот е уште еден знак кој ужива во кавгите од чиста забава и вообичаено силно ќе се изненади, доколку со таквото однесување отиде предалеку и при тоа повреди некого. Многу е лесно да ги доведете лавовите во непријатна ситуација и затоа понекогаш изненадувачки, лесно се повлекуваат.

    Од овој знак не можете да очекувате лесно да го прифати вашето извинување, а уште помалку да го признаат својот дел од вината. Меѓутоа, нешто на што можете да „играте“, е да им предизвикате чувство на непријатност, бидејќи лавовите полесно е да ги засрамите отколку да ги натерате да кажат дека им е жал и дека згрешиле. Можеби од надвор не изгледа така, но грижата на совест кај овој знак е појака отколку нивната суета и одбранбениот механизам со кој се штитат себеси, негирајќи ја вината. Најлесно ќе ја вратите нивната наклоност, ако се правите дека ништо не се случило, но ако и тоа не помогне, обидете се целата работа да ја завртите на шега.
    Девица

    Тврдоглавоста на девицата и нејзината упорност да го одржи интензитетот на кавгата е навистина за восхит. Тие се во состојба да бидат дури смешно убедени во својата непогрешливост и се одмаздољубиви до крајни граници. Ако се замерите со нив, ќе биде тешко да се извлечете. Најдобро е да им се обратите по писмен пат, но внимавајте, бидејќи вашето писмо во иднина би можело да послужи како писмен доказ дека девиците се непогрешливи и се секогаш во право. Особено бидете внимателни да не добијат впечаток дека зависите од нив, бидејќи тоа ќе ги направи арогантно моќни.

    Не обидувајте се да се извините со подарок, зашто најверојатно ќе го добиете назад и тоа заедно со темелна и злобна анализа на вашиот карактер, која сигурно нема да ви се допадне, бидејќи кога се бесни девиците погодуваат таму каде што најмногу боли.
    Вага

    И покрај тоа што вагите не сакаат конфликтни ситуации, нивните кавги постепено добиваат сè поголеми размери, а понекогаш пак обична препирка може да се претвори во вистинска драма. Тие не се снаоѓаат најдобро во таква воинствена атмосфера, но не умеат да ја смират ситуацијата, бидејќи не знаат како да се однесуваат кога кавгата треба да при врши. Вообичаена реакција на вагите е да го завртат грбот и потполно да ја исклучат личноста со која се замериле, а тоа значително го отежнува смирувањето. Понекогаш се чини дека таквата ситуација ќе трае засекогаш, па најдобро е да се избегнуваат какви било конфронтации со нив, ако е тоа некако можно.

    Со вагата најлесно ќе се смирите ако ù испратите честитка со трогателна содржина и мал, но оригинален подарок.
    Скорпија

    Со нив сте навистина во голема неволја, бидејќи скорпиите можат со мирна душа да го поминат остатокот од животот без да ви простат. Многу се одмаздољубиви и можат да прекинат пријателство или љубовна врска само врз основа на своите предрасуди. Тие сакаат себеси да се доживуваат како ангели на правдата, што од нивен аспект значи, дека за нанесената неправда треба десет кратно да ви се одмаздат и тоа на многу имагинативен начин.

    Скорпиите позитивно реагираат на подароци, пари или услуги кои ќе им помогнат да се издигнат на општественото скалило. Па, доколку ги повикате на некој собир и ги претставите на личности кои можат да бидат еден од факторите на нивниот успех, можеби и ќе ви простат во блиска иднина.
    Стрелец

    Стрелецот е хороскопски знак кој е нај наклонет да простува. Тој има вроден соломонски инстинкт и способност да ги толкува фактите и да ги анализира двете страни на приказната, без да дозволи емоциите да му го поматат паметот.

    Ако сакате да му се извините на припадник на овој знак, би требало да се подготвите како за настап на јавна дебата. Потенцирајте ги причините поради кои сметате дека треба да ви биде простено, а впечатокот надополнете го со мал подарок. Дополнително, како знак на убав гест, повикајте го на заедничко кратко патување кое повторно ќе ве зближи и без сомнение ќе ви биде простено во следните пет минути.
    Јарец

    Јарците се горделиви и одмаздољубиви знаци кои не простуваат лесно. Карактеристично за нив, е дека кога ќе се навредат, ќе се обидат да ве скараат со другите пријатели и ќе пласираат компромитирачки гласини за вас. Со тоа ќе ве доведат во незгодна ситуација во друштвото. Многумина се доведени во ситуација да сакаат да им се извинат, само за да не им биде уништен угледот и односот со другите луѓе.

    По правило, извинувањето нема да помине едноставно. За да се олесни работата, неопходно е да се понуди мало мито, или да ставите на располагање некои свои услуги. Доколку постои јарец кој се обидува да го наруши вашиот углед, единственото што може да го сопре во таа злобна намера, е сознанието дека на тој начин создава полош впечаток за себе отколку за вас.
    Водолија

    Ни случајно не е знак кој лесно простува. Водолиите себеси се доживуваат како пример на моралот и моралната етика на кои сите други треба да се угледуваат. Многу нивни постапки во меѓучовечките односи се создадени на ирационална основа. Мали се шансите една водолија да се извини, а уште помали да го прифати вашето извинување. Може да се случи да ви прости, онака од куртоазија, сметајќи дека тоа е добро за неговата/нејзината душа.

    Ако ги уверите дека ја разбирате и прифаќате тежината на вашата вина, можеби ќе ви дозволат да се вратите во нивниот живот. Со овој знак треба да сте среќни ако добиете втора шанса. Трета најверојатно нема да добиете.
    Риби

    Рибите се уште еден горделив знак, кој не простува лесно. Ако предизвикате бес кај овој знак ќе се чувствувате како да сте во пеколот. Доколку ви го прифатат вашето извинување, во воздухот ќе остане да лебди непријатна атмосфера, а вие секогаш ќе имате чувство дека недоразбирањата меѓу вас сè уште постојат. За да го избегнете ова ќе мора со вашиот пријател, пријателка или партнер во знак на риби да разговарате насамо и преку лукави прашања да дознаете што точно таа или тој има против вас.

    Тие често својот став го темелат на интуиција, но ако имаат и „лошо чувство во врска со вас“, ќе биде тешко тоа да се смени и секогаш ќе им бидете трн во око. Слабост им се материјалните добра, па поради тоа, подароци или пари понекогаш можат да помогнат да се пробие мразот.
     
    На BlackSwan5, Hipica, sweet25 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Точно, се е погодено за дечко ми лав
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски

    Од ова излегува демек може да се купи стрелецот со материјални работи за да се добие простување? Не знам за другите ама за мене баш не е така. Простувам но не заборавам, и напротив мразам кога некој ке проба со вакви глупости да добие прошка!
     
    На Floyd12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јарец - горделива да
    Ама тоа надоле бууу во каква страшна слика не изразиле, според мене сметам дека (барем јас) не сум таква
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јарец

    Јарците се горделиви и одмаздољубиви знаци кои не простуваат лесно. Карактеристично за нив, е дека кога ќе се навредат, ќе се обидат да ве скараат со другите пријатели и ќе пласираат компромитирачки гласини за вас. Со тоа ќе ве доведат во незгодна ситуација во друштвото. Многумина се доведени во ситуација да сакаат да им се извинат, само за да не им биде уништен угледот и односот со другите луѓе.

    По правило, извинувањето нема да помине едноставно. За да се олесни работата, неопходно е да се понуди мало мито, или да ставите на располагање некои свои услуги. Доколку постои јарец кој се обидува да го наруши вашиот углед, единственото што може да го сопре во таа злобна намера, е сознанието дека на тој начин создава полош впечаток за себе отколку за вас.



    Ако сакаме знаеме да простиме ама ништо нема да биде како порано, а ако имаме некој што многу мразиме во животот склони сме да го уништиме во секој поглед и да докажеме дека сме поуспешна од тој/таа што го мразиме :)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Не ми се верува колку ми е погодено :clap:
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Бреј. За прв пат да се сложам со некое вакво чудо.
    Мислев сега пак како по дифолт ке ме излигават, ама не, преточно напишано. :o
    Освен делот со материјалните глупости. Со таква гордост, незнам колку треба да сум безмозочник за да прифатам извинение во вид на подарок или пари. |(
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Скорпија

    Со нив сте навистина во голема неволја, бидејќи скорпиите можат со мирна душа да го поминат остатокот од животот без да ви простат. Многу се одмаздољубиви и можат да прекинат пријателство или љубовна врска само врз основа на своите предрасуди. Тие сакаат себеси да се доживуваат како ангели на правдата, што од нивен аспект значи, дека за нанесената неправда треба десет кратно да ви се одмаздат и тоа на многу имагинативен начин.

    Скорпиите позитивно реагираат на подароци, пари или услуги кои ќе им помогнат да се издигнат на општественото скалило. Па, доколку ги повикате на некој собир и ги претставите на личности кои можат да бидат еден од факторите на нивниот успех, можеби и ќе ви простат во блиска иднина.

    Погодено е... :devil: :lol: Освен последниот дел.
     
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку не ми е погодено :^)
    Само првата реченица ама подвлеченото, НЕ.
    Ниту можат да ме поткупат, ниту се одмаздувам кога ќе ме повредат. Баш напротив, ги бришам тие личности и не слушаат повеќе за мене, ниту ме гледаат.. А да не збориме за тоа дека ни на крај памет не ми е да прераскажувам испревртена содржина од она што се случило.
    Бууу!! :Down:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Уф за бикот се е погодено. Ако некој воопшто не ми е симпатичен чисто да го нервирам ќе одам во обратна насока, а може воопшто да не мислам така. :devil: Поготово ако сум во расположение за расправање.
     
    На Sara123 и HappyOne им се допаѓа ова.
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Секогаш се изненадувам кога читам од овие хороскопски знаци :)
    Инаку точно е за мене :D
     
  12. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Лееле Синти ама скроз исто...
    освен 2-те неподвлечени раченици ништо друго не ми е погодено :Down:
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и јас со црешичка дека тоа и не е баш точно за стрелците. Никој ама никој неможе да ме поткупи со подарок или било што, иако еден дел од ова е точен - простувам. Не простувам на секој :tmi: , ама и на оние што им простувам НИКОГАШ не им заборавам.
     
  14. miss.ella

    miss.ella Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Скорпија

    Со нив сте навистина во голема неволја, бидејќи скорпиите можат со мирна душа да го поминат остатокот од животот без да ви простат. Многу се одмаздољубиви и можат да прекинат пријателство или љубовна врска само врз основа на своите предрасуди. Тие сакаат себеси да се доживуваат како ангели на правдата, што од нивен аспект значи, дека за нанесената неправда треба десет кратно да ви се одмаздат и тоа на многу имагинативен начин.


    Точно така, особено болдираново
     
  15. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    за водолија не е баш погодено, не простувам толку тешко :)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    За болдираното, делумно е точно, останатото воопшто не е точно.Големо влијание има и подзнакот, затоа не секогаш се точни карактеристиките.
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Толку реално :)
     
  18. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Риби

    Рибите се уште еден горделив знак, кој не простува лесно. Ако предизвикате бес кај овој знак ќе се чувствувате како да сте во пеколот. Доколку ви го прифатат вашето извинување, во воздухот ќе остане да лебди непријатна атмосфера, а вие секогаш ќе имате чувство дека недоразбирањата меѓу вас сè уште постојат. За да го избегнете ова ќе мора со вашиот пријател, пријателка или партнер во знак на риби да разговарате насамо и преку лукави прашања да дознаете што точно таа или тој има против вас.

    Тие често својот став го темелат на интуиција, но ако имаат и „лошо чувство во врска со вас“, ќе биде тешко тоа да се смени и секогаш ќе им бидете трн во око. Слабост им се материјалните добра, па поради тоа, подароци или пари понекогаш можат да помогнат да се пробие мразот.

    вистина е !
     
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    :geek:
    Како за мене напишано болдираново. :D
     
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Точно е, само што не сум до толку одмаздољубива и злобна. :angel: :D
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.