[Вага И покрај тоа што вагите не сакаат конфликтни ситуации, нивните кавги постепено добиваат сè поголеми размери, а понекогаш пак обична препирка може да се претвори во вистинска драма. Тие не се снаоѓаат најдобро во таква воинствена атмосфера, но не умеат да ја смират ситуацијата, бидејќи не знаат како да се однесуваат кога кавгата треба да при врши. Вообичаена реакција на вагите е да го завртат грбот и потполно да ја исклучат личноста со која се замериле, а тоа значително го отежнува смирувањето. Понекогаш се чини дека таквата ситуација ќе трае засекогаш, па најдобро е да се избегнуваат какви било конфронтации со нив, ако е тоа некако можно. Со вагата најлесно ќе се смирите ако ù испратите честитка со трогателна содржина и мал, но оригинален подарок. Колку се пронајдов во текстов. Многу е точно, посебно делот дека мала караница може да се претвори во драма и дека ја исклучувам личноста со која сум во конфликтот. Но тоа го правам поради тоа што ако продолжам со караницата ... уште полошо ке биде .
Рак Ова е знак чие мото е „памти па врати“. Овие знаци навистина нема да ја пропуштат приликата да ви вратат со иста мерка. Морате да внимавате да не се замерите со нив бидејќи тие се многу суптилни и во истиот момент ќе почнат да смислуваат план за одмазда против оние кои во моментот не им се во милост. Доколку ви се случи да се замерите, веројатно ќе морате да се извлечете на „стара слава“, потсетувајќи ги на вашите заслуги од минатото.Најпрефинет начин да се извините на еден рак, би бил ако му испратите подарок заедно со опширно писмо со извинување, но и дополнителен телефонски разговор не би бил излишен. Но и покрај сè, немојте да се зачудите ако не постигнете моментален ефект, бидејќи на многу припадници на овој знак им се потребни недели или месеци за потполно да се „оладат“. Точно е баш се посебно со писмото..еднаш и се налутив за нешто на другарка ми не паметам за што..ама преку друга другарка ми испрати писмо и дојде....и успеа планот со сигурност. А тоа со стара слава ...ако ме потсетат што ми помогнале..полесно ќе им биде
Овен Овните многу лесно се навредуваат, но исто така се спремни брзо и да простат. Кај нив е најтешко да се поднесе периодот кога одбиваат да разговараат со вас, доколку ги повредите нивните чувства. Таа тишина ги пара ушите погласно од какво било врескање и во тие моменти се чини дека молчењето ќе трае засекогаш. Овните најмногу од сè ја ценат искреноста, самокритиката и длабокото каење. Директно признајте ја својата грешка, преземете ја вината и ќе ја олесните ситуацијата и за себе и за нив. Всушност, иако глумат дека се студени, тие длабоко во себе патат и се прашуваат зошто морало така да се случи. Раскажете ја својата страна на приказната, без да ги криете емоциите и ќе ви биде простено. Точно Точно и Точно, особено болдираното, ахх не поднесувам нарцисоидни луѓе и неискрени, да не тупам понатаму, ми погоди и овој пат.
Ама лоши испаднавме скорпииве Воопшто не се пронаоѓам. Во подзнак сум вага и многу повеќе ми одговара тој карактер, а и во случајов напишаното Spoiler
Вага И покрај тоа што вагите не сакаат конфликтни ситуации, нивните кавги постепено добиваат сè поголеми размери, а понекогаш пак обична препирка може да се претвори во вистинска драма. Тие не се снаоѓаат најдобро во таква воинствена атмосфера, но не умеат да ја смират ситуацијата, бидејќи не знаат како да се однесуваат кога кавгата треба да при врши. Вообичаена реакција на вагите е да го завртат грбот и потполно да ја исклучат личноста со која се замериле, а тоа значително го отежнува смирувањето.Понекогаш се чини дека таквата ситуација ќе трае засекогаш, па најдобро е да се избегнуваат какви било конфронтации со нив, ако е тоа некако можно. Со вагата најлесно ќе се смирите ако ù испратите честитка со трогателна содржина и мал, но оригинален подарок. Tака е ,не сакам да се расправам со луѓето ,ама ако некој си земе за право да ме потегне за јазик ,подобро нека се повлече дури не е прекасно.Добро се снаоѓам ,многу добро ,само знам да погодам кај што боли најмногу па од обична замерка да направам да не се видиме повеќе со дотичната личност . Најтрагично е што не умеам да простам , не пали кај мене каење , плачење ,молење ...Треба да се мисли навреме ,пред лошото да биде сторено ,секој момент после тоа е веќе прекасно. Како што можам јас да внимавам и да се воздржувам од создавање на непријатни ситуации ,можат и другите ,така што ,паметот в глава и јазик за заби е најдобра опција со мене
Tочно,точно и најточно, Hишто до сега што сум читала не ми се погодило,ама ова,точно е дека сум таква,не простувам лесно и не заборавам
Јарец Јарците се горделиви и одмаздољубиви знаци кои не простуваат лесно. Карактеристично за нив, е дека кога ќе се навредат, ќе се обидат да ве скараат со другите пријатели и ќе пласираат компромитирачки гласини за вас. Со тоа ќе ве доведат во незгодна ситуација во друштвото. Многумина се доведени во ситуација да сакаат да им се извинат, само за да не им биде уништен угледот и односот со другите луѓе. По правило, извинувањето нема да помине едноставно. За да се олесни работата, неопходно е да се понуди мало мито, или да ставите на располагање некои свои услуги. Доколку постои јарец кој се обидува да го наруши вашиот углед, единственото што може да го сопре во таа злобна намера, е сознанието дека на тој начин создава полош впечаток за себе отколку за вас. guilty
Рак! Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена. Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста. Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера. Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни. Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение. Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.
Овен Овните многу лесно се навредуваат, но исто така се спремни брзо и да простат. Кај нив е најтешко да се поднесе периодот кога одбиваат да разговараат со вас, доколку ги повредите нивните чувства. Таа тишина ги пара ушите погласно од какво било врескање и во тие моменти се чини дека молчењето ќе трае засекогаш. Овните најмногу од сè ја ценат искреноста, самокритиката и длабокото каење. Директно признајте ја својата грешка, преземете ја вината и ќе ја олесните ситуацијата и за себе и за нив. Всушност, иако глумат дека се студени, тие длабоко во себе патат и се прашуваат зошто морало така да се случи. Раскажете ја својата страна на приказната, без да ги криете емоциите и ќе ви биде простено. Се е точно особено блондираното
До негде е точно. Точно е тоа дека бикот се „храни“ со караници, еве јас како бик спремна сум опашот во оган да си го ставам ама ќе си го истерам своето. И рекреативно се карам, но многу, многу ретко застапувам ставови во кои не верувам. Она за не симпатичните е точно, секогаш се рчкам, а ако тој некој ми даде контра реплика и го сметам за „јак“ противник, одма го гледам како црвено марамче и веднаш скокам во „напад“. Spoiler Со ваков поглед, што значи „Ахаам, така значи“ И заземам став т.е. спуштам гард, за да можам полесно да го дигнам на рогови. Уште една забелешка бикот никогаш не губи енергија да се кара, освен ако не е гладен. За тоа гарантирам, јас сум дупли бик, и не бре брате, со глава низ ѕид ако треба, ама не се откажувам така лесно. Дека следниот ден ќе биде како ништо да се случило, е тоа е потполно точно, не за друго туку зошто не било ништо страшно, макар ножеви и виљушки да летале. И она со сентименталите детали, некако ми е спорно, кога ќе ми се упали црвеното светло, тешко да ме вратиш на зелено, многу тешко.
Се согласувам и јас со црешичка дека тоа и не е баш точно за стрелците. Не простувам на секој , ама и на оние што им простувам НИКОГАШ не им заборавам.