Како избирате парфем?

Дискусија во 'Парфеми' започната од Snow-Queen, 19 февруари 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Како да изберете парфем:
    И покрај постојаното брзање купувањето нов парфем помеѓу брканицата кон градинка и одење на работа или за време на паузата е рецепт за миризлива катастрофа. Ако одвоите време за купување парфем, всушност ќе заштедите и на време и на пари. Наместо низа безвезни парфеми вашата приватна колекција ќе ги содржи оние кои се токму за вас. А сега, еве неколку тајни како успешно да изберете парфем:

    1.Ноќ пред купување не јадете лута или зачинета храна. Тоа би можело да ја промени природата на мирисот на вашата кожа.

    2.Носете свежо испрана облека. Посебно ако сте облекле волнена или свилена облека на која полесно се задржуваат некои мириси.

    3.Утрото пред купување не ги користете своите вообичаени мириси, вклучувајќи и парфимирани дезодоранси.

    4.Парфемот купувајте го наутро додека носот ви е уште свеж, а парфимериите освежувачки и празни.

    5. Примероците на парфеми на страниците на модните магазини не се доверлив извор на информација. Но, сепак можете да пресудите дали не ви се допаѓа мирисот или би сакале да го пробате во парфимерија.

    6.Никогаш, ама никогаш не купувајте парфем бидејќи ви се допаѓа рекламата или одлично мириса на ваша пријателка. Парфемот различно мириса на секој поединец.

    7.За време на пробите мирисајте максимално 4 мириси, најдобро од исто семејство – цветни, ориентални, дрвенести или овошни. Побарајте помош од продавачката која ќе ве упати на видот на мирис кој ве привлекува. Но, немојте да дозволите насилно сугерирање.

    8.Бидете свесни дека многу продавачки предлагаат само парфеми од компанијата за која работата.

    9.Немојте веднаш да шприцате по кожата, користете посебна хартија за примероци. Трикот е вибрирачка хартија токму под носот.

    10.Кога изборот ќе го сведете на 2 или 3 парфеми дури тогаш шприцнете на кожата. Не го тријте делот што сте го шприцнале на кожата бидејќи така ќе го пореметите мирисот.

    11.И не купувајте веднаш. Оставете парфемот да отстои барем еден час на кожата. Повеќето од нас грешат одлучувајќи се на купување по првото вдишување. Тогаш можете да почувствувате само дел од миризливите ноти. Базичните ќе се развијат дури по еден до два часа.

    12.Ако и потоа овој мирис уште ви се допаѓа навратете во парфимеријата и нашприцајте се како што треба. Има разлика да се гледа фустан во излог и да го пробате во кабина, нели!

    13.Уште подобро, побарајте примерок и носете го неколку дена. Ќе добиете мислења и од пријателите и од семејството.
    Тогаш и само тогаш – кога навистина ќе сте среќни – купете го парфемот.
    Превземено

    Дали нешто од ова практикувате...или кој е вашиот начин за да се одлучите за парфем?
     
    На Freedomsense и angela.kostova им се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Слично како напишаното,најдобро е наутро да се мириснат повеќе парфеми,но по неколку мириснати веќе се заситува осетот.
    Ретко брзам со купување на парфем,а потоа да не ми се допаѓа.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Исто и јас слично на напишаното. Скоро сите совети ги знаев, супер се :)
    Најчесто одам во парфимерија, прскам на рака, си одам :D си го мирисам после, после еден саат, два..ако ми се допаѓа, ја повторувам постапката (пошто чудно, но ми се има случено, од вториот пат, веќе да не ми се свиѓа парфемот :| штом си останувам на мислењето..следно си го купувам :)
    Никогаш не избрзувам кога се работи за парфем, особено за тие поскапите..затоа и никогаш немам погрешено :wasntme:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Едноставно, ако ми се допадне како мириса парфемот, купувам, ако не ми се допадне како мириса, не купувам, а некогаш има и моменти кога од повеќе парфеми, незнам за кој да се одлучам :D тоа ретко ми се случува, обично веднаш знам дали сигурно ќе го користам тој парфем или не.Не се мачам многу, со некои финти за да проценам дали и каков е парфемот, па отпосле да го купувам.Убава работа се парфемите :)
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Чудно, меѓутоа секогаш однапред имам некоја замисла за тоа што точно барам. Одам во парфимерија и душкам максимум 4-5 парфеми со такви ноти какви што сакам парфемот да содржи. Од тој што најмногу ќе ми се допадне од мириснатите, прскам на рака. Добро де, некогаш може и од два парфеми да прснам, на двете раце по еден :D Излегувам од парфимерија, се врткам по продавници/низ град (зависи каде сум) едно саат-два, а во меѓувреме пратам како се развиваат нотите на парфемот што сум го ставила. Е, многу е клучно да ми се допадне парфемот кога мирисот ќе почне да се развива. Ако и после некој час ми се допаѓа, тогаш тоа е тоа, одам и го купувам :)

    И секогаш, ама секогаш, купувам различни парфеми, но што содржат исти ноти :rofl: Никогаш не сум купила парфем кој не е мој „тип“ на парфем, само затоа што е популарен или мнозинството го користи или не знам што. Јаките, загушливи, сладуњави и тужни парфеми не ги перцепирам во парфимерија :D Нежно е мој тип на парфем :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Јас имам прочитано,а и пробано дека по неколку мириснати парфеми,носот се заситува и во тој момент добро е да помирисаш кафе.
    Делува.
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Немам некои ритуали, едноставно мирисам неколку парфеми, не прскам на себе освен оној кој ќе ми се допадне најмногу и го купувам после 10тина мин. Со текот на времето и со мојата опседнатост кон парфеми ги знам скоро сите и секој пат различен купувам затоа што имам над 10 омилени парфеми па ги вртам секогаш истите немам потреба да ги мирисам и да се двоумам, освен нели ако искочи некој друг и ми се допадне. :lol: Многу пати ми се има случено да купам парфем па после некој ден да ми стане одвратен и веднаш оди на подарок! Зависи од периодот во годината и моменталоното расположение избирам парфеми од секкаов вид, слатки, свежи, цветки, тешки... битно имам пробано од секој вид.
    Имам многу голема желба да одберам само еден парфем кој ќе си го користам цел живот, ама не ми иде, секогаш различен купувам :|
     
  8. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    ^^
    Исто
     
  9. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    12.Ако и потоа овој мирис уште ви се допаѓа навратете во парфимеријата и нашприцајте се како што треба. Има разлика да се гледа фустан во излог и да го пробате во кабина, нели!

    13.Уште подобро, побарајте примерок и носете го неколку дена. Ќе добиете мислења и од пријателите и од семејството.

    хехехе вака да ни даваат супер ке биде ама не даваат бар јас не сум сретнала ??
     
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Огромен љубител сум на парфеми. Најчесто прво купувам копии, на пример Ла Рив и Економик имаат многу солидни копии. На овој начин можам убаво да проценам со тек на време како ми лежи мирисот, колку се пронаоѓам во него, дали е тој мирис за мене и дали ми се допаѓа до толку за да го купам оригинал. На овој начин едноставно не фрлам големи пари за избрзано купување на оригинали, а подоцна да испадне дека не е тоа тоа, дека не ми се допаѓа парфемот. Во овој сличај можам да изгубам само 300/400 ден. и да го проследам на некој што му се допаѓа, наспроти неколку илјади како да сум ги фрлила. Има еден куп парфеми што мирисаат убаво просечно, но оние вистинските не треба да мирисаат убаво туку одлично, совршено, затоа кога зимам нешто сакам да е нешто што ме претставува мене, нешто со што ќе се чуствувам убаво и посебно без разлика дали е кежуал, елегантен или секси мирис, нешто што ќе ме истакнува мене како личност во секоја прогода. Мирисот за мене е нешто лично и интимно.
     
  11. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Го шприцнувам на раката (таму каде што поминува вената), чекам десетина минути, или помалку, се враќам во собата на сестра ми и се бањам во парфем. Утрето веќе е мој. Нема полесен начин.. :)
     
    На SunshineYo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Euphoria-Calvin Klein e парфемот на кој секогаш се навраќам без разлика кое годишно време е :lol: иначе купувам парфеми инпулсивно,влегувам помирисувам и купувам..затоа што знам дека дома ме чекат омилениот и дека секој нов послем неколку дена ке ми здосадит...
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Доколку порачувам парфеми од некој каталог прво си барам тастер, од кога ќе мириснам и доколку трае и ми се допаѓа си го порачам.
    А од парфимериите ќе си изберам два најубави, од едниот прснам на лева од другиот на десна рака и споредувам мириси, кој ми се допаѓа повеќе и на кој мирисот трае повеќе си го купувам.
     
  14. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Прс,прс на рака од тестерите :D :D
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Парфемите што ги користам содржат сандалово дрво.Тоа ми е омилена мирисна нота,а и долготрајна.
    Ретко се одлучувам да направам промена на парфемите што ги користам.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.221
    Допаѓања:
    81.766
    Пол:
    Женски
    Најпрво од дома си читам рецензии во однос на мирисните ноти и периодот за кој е наменет парфемот што ми привлекол внимание. Сум приметила дека секогаш купувам парфеми со пудреста, цитрусна нота или мошус. Цветните и оние со слаткасто-овошни мириси ги сакам, но не ми лежат толку колку претходните кои ги набројав.
    Секогаш најпрво што ми паѓа во око е амбалажата, а името или фирмата која стои позади парфемот не ми е воопшто битно. Ако ми се допадне мирисот прскам на кожа за да видам како ќе се покаже и кога отприлика ќе се проветрее и изгуби. Се случило и да не ми се допадне на прво мирисање, а кога ќе ставам на кожа и кога ќе се развие мирисот по некоја минута, да се случи чудо. :lol:
    Така си го одбрав Verry Irresistlible L'Intense, кој на прв мирис ми беше премногу остар, но од љубопитност прснав и ... се заљубив. :$
    Никогаш не купувам веднаш, обично практикувам наредниот ден, откако ќе си ги сумирам сите забелешки и податоци во глава. :)
     
  17. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    јас редовно си ги користам економик имаат голем избор на прафеми и секое наредно купување друг си земам :)
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Како дете што избира чоколади :lol:
     
  19. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Многу тешко а од горенаведените правила за одбирање парфем ништо не практикувам.
     
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Искрено најтешката одлука која морам да ја донесам е да се одлучам помеѓу два парфеми.Најчесто еден ден одам до парфимерија,маркет што и да е.. и нормално пробувам повеќе мириси али не дозволувам на мене туку на другарка ми :D или продавачката па после тие два најмногу што ќе ми се допаднат се прскам на рацете и ја гледам долготрајноста па истражувам на интернет импресии и триста чуда па другиот ден го купувам :D
    Знам, долг и макотрпен процес но ете,сакам парфемот што ќе го купам да биде и долготраен и убаво да мириса впрочем сум фанатик на парфеми и дезодоранси и се што мириса убаво и имам од се по нешто во мојата колекција :D