1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како изгледа ФРАЕР ???

Дискусија во 'Канта' започната од davidooo5, 26 септември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Фраер - сељак според мене .... види каква кола имам .... секоја можам да ја имам .... тато има пари имам ваква куќа онаква ... а САМ НЕ ЗНАМ ГАЗОТ ДА СИ ГО ИЗБРИШАМ .... еее така ....
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Фраер е Тошо Малерот. Поточна дефиницја здравје 8) Кој ги има гледано и слушано неговите монолози, знае за што зборувам.
     
    На Miss-Independent и starfish им се допаѓа ова.
  3. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    За мене фраер не е оној општо прифатен тип на дечко што сите го рачунаат за фраер,тие за мене се сељаци...
    Фраер за мене е оној кој што е целосно мој тип на дечко и во надворешен изглед (кој немора да биде совршен) и во внатрешен, да знае како да ме освои и да ме задржи ,да ме направи да се осеќам посебна и да ме почитува , да има поншање и да има свое јас..и уште многу тоа,..
    И според мене секоја девојка си има некој "фраер" кој што посакува да го најде ,според некои свои стандарди ,а не според оној типичен вид што прво ни паѓа на памет кога ќе се спомне зборот фраер :!:
     
  4. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Вистински фраер и општоприфатениот македонски (особено скопски) фраер се исток и запад! Не мешајте баби и жаби ;)
     
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Хахахахаха Оффи ме насмеа хахах :D :D :D
    http://www.youtube.com/watch?v=z_LmKAPU ... re=related
    ;)
     
  6. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    132

    Мене ми е јасно уште пред неговите монолози....ама идејава ти е оригинална......подобра споредба амин.
    А Маа, за годините што ги имаш алал да ти е на начинов на размислвање ја те мислав 15 годишна според тоа што го напиша за тоа што е фраер.....и после твоите многу ниски реченици упатени кон мене и кога видов дека имаш 25 уште толку жал ми падна пошто веќе си скроена......жално.....
    Кажав не си ти крива ни ти сите такви како тебе...криви се тие дома што не ви кажале дека со недни пари не се купуваат најбитните работи- здравје, карактер, култура, понашање, благодарност, искреност чесност трудољубивост, љубов, ....човечност. Штета.......
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ maa не сакам да се карам, нити те набедувам, ама ме подсеќаш на еден баниран член... и него името му беше на м... :?: :| :tmi: : не викам дека си ти тој член само многу сте слични во објаснување на работите :D
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Па секоја реченица започнува со ЈАС. Нешто како... Јас сум ти батка, најбољи шизик у маало. И одма станува јасно. Тоа е, фраер... Мисли дека е нешто што не е.
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Па го знаете она Ти гаден фраер си бил, више гаден него фраер :lol:
    Кога ќе го слушнам тоа фраер секогаш имам за некој негативно мислење, така некако ми доаѓа, види го фраеров |(
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Кога ќе го слушнам зборот фраер ми текнува на некоја тешка сељачана.Ме потсеќа на некој нафуран тип,искубан во веѓите премногу,златен ланец ставен да ѕирка низ раскопчаната кошула.Сатенски пантолони и никаков речник.Последна прочитана книга НЕМА :D Просто кажано некој типови што мислат дека се се најнај,а уствари се малоумници.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Една слика, илјада зборови. Нешто вакво?
    [​IMG]
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Mozebi neznam,sega pred nekoj den se prikluciv neznam za koj mislis ama za koj i da e ne sum jas taj :) pozz
     
  13. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Epa taka me naucile...
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    хахахаха оффи :D :D :D ова мафија стајл ака мафиозо фраер.... од вакви фраери коса ми се крева... поготово од нивниот речник и култура... 2 грама мозок едниот грам го користат како да најдат и да шиткаат дрога, а другиот како да опнат нешто |(
    има еден виц

    - денес се во мода мали телефони, мали коли, мали часовници... но не се секирај, еден ден ќе биде во мода и малиот *** па и ти ќе бидеш фраер :)
     
  15. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    132

    Е па жалосно за тебе ти кажав жал ми е за тебе.........
    Ќути бар си признаваш ...... Ти посакувам среќа во животот иак нема да ја иамаш затоа што ни таа со пари не се купува а ова што те научиле те осакатиле до толку што еден ден ќе се пцуеш сама...затоа што ако си богаташка како што кажуваш кој и да те земе ќе ти ги сака парите затоа што од досега наведеново од твоја страна немаш ти ама ништо за сакање на тебе!
    8)
     
  16. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    хахахахаха закон виц, мора некогаш да се употреби :D

    А според мене што е фраер?? Епа вака: Пред се убав,згоден, маж кој си посветува време на самиот себе на кратко речено среден, потоа културен да знае да отвори врата на кола, да не се срами да... незз... да купи цвеќе на девојка си и сл. Местото на живеење не е важно затоа што од лично познавање оние типци што живеат во центар на пример се поголеми клошари од оние кои живеат во село :)
    Фраер е оној кој не се фали дека е фраер туку се познава дека е таков ;) за кола би било пожелно да вози нешто подобро, иако според мене фраер е оној кој има харизма во себе а не колку му е длабок џебот
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Мене описов ми личи на џентлмен, на кавалер, што би рекла баба ми :) За фраер малку потешко.
     
  18. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    па пред се секој фраер треба да биде кавалер. Каков е тој фраер ако не знае како да се однесува или изгледа запуштено како со денови да не видел брич??? Постои и сличност и разлика помеѓу фраер и џентлмен ДА, некако фраер ми личи на помлад а џентлмен на постари особи

    од фраер се доаѓа до џентлмен :D се е тоа поврзано
    *бацки*
     
  19. nitokris

    nitokris Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Секој си има различна претстава што е тоа фраер.Според мене фраерот секогаш го поврзувам во некој негативен контекст,најчесто се некои арогантни,самобендисани типови кои мислат дека се центар на самиот универзум и дека целиот свет се врти околу нив,без реална основа за тоа и поседуванје на вистински вредности не се нити образовани,културни,духовно и емотивно и интелектуално созреани личности.Значењето на зборот фраер не секогаш треба да се поврзува со имањето или немањето пари.
    .Ги има неколку вида оние што имаат пари ,скапа облека,најнови модели на мобилни и коли,кои мислат дека со пари можат да купат се а ,немаат мозок грам,кои за ништо не се потрудиле и помачиле во животов, најчесто се опкружени со плиткоумни спонзоруши.
    Оние вторите се оние што немаат пари а, глумат дека имаат, поточно ги глумат овие првите зеле кредити ќе купат јака кола а, дома питаат за леб ,битно пред светот и другите се некој којзнае битен фактор а, се само обични манипулатори и фолиранти.
    Третата група се оние што немаат ниту пари ниту образование и култура а, глумат лудило ,...кој сум ,што сум а, реално гледано не се никој и ништо..
     
    На TheKiketoo и Offspring им се допаѓа ова.
  20. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Незз кој колку чита КРЕМА али ова е цитат од Хелена Роза во нејзината колумна гола вистина. Станува збор за видовите мажи кои ги има низ Скопје. КАко наведени се скопски мамини и татини синови, скопски спотристи и скопски бизнисмени. Еве го делчето за мамини синови и кажете дали според вас тоа е фраер?

    Скопски мимини и татини синови
    Бројот на овие деца не е воопшто мал. Тоа се млади момци кои возат лукзузни автомобили, нарачуваат скапи шампањи во ВИП сепариња, спијат до доцна иако некои од нив работат кај мама и тато во фирма, шетаат манекенки, мислат дека се знаат, студираат ради реда, немаат амбиции, немаат култура, немаат почит према никого, немаат пардон. Денот им почнува во 13 часот и се состои од одење на кафе во некое познато кафуле, потоа на ручек во некој фенци ресторан, па пак на кафе и во диско или во кафеана до сабајле. Опкружени се со еден куп другари кои се дружат со нив заради парите кои ги имаат, па другарите во овој случај служат за да ја земат девојката од дома, да купат цигари, да резервираат сепаре и сл. амалски работи... (ова е цитат не е лично мое размислување да не ме напаѓате)

    Исто така се согласувам со nitokris за трите групи на фраери, има некои кои немаат ништо а се трескаат од земја, знаеш ли кој сум јас????
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.