Значи за да запознаеш некој мора да имаш комуникација и контакт со луѓе, инаку како ќе сретнеш друг човек? Мора или на фб прво да направите 2 реда муабет, или колега од работа/факултет, или на некој курс, во парк, или преку некој трет, или во автобус/воз. Седиш дома, никој не те знае дека постоиш и ти доаѓа некој шеик на врата, па се мажиш со него? Навистина нацртајте. Не сфаќам како се запознаваат општо луѓе од дома, ете не мора љубов.
лЕЛЕ ЗАСТАРЕНИ СФАЌАЊА,НАВИСТИНА НА ШТО ЛИЧИ ТОА СРАМОТА...сЕ ЗНАЕ ШТО Е ЉУБОВ ТАА НЕ ОДБИРА НИТУ ЛУЃЕ,МЕСТО ВРЕМЕ,ТАА СЕ СЛУЧУВА ВО ОЧИТЕ НА ЛУЃЕТО,ДОАЃА САМА И НЕ НЕ ОДБИРА.
Ќе му раскинам на дечко ми зошто се запознавме банално ... Се договорив да излезам со другар му и две другарки мои, па решил и тој да дојди. Срам да му е. Не се чуваше подобро да се запознајме.
Почитувани, банално е запознавањето преку таканаречени посредници т.е. другари или другарки. Сè е тоа без врска. Најубаво е да си отидете на пазар за робови и да си купите една робинка или роб. А ако немате пари, тогаш можете да залепите еден постер од омилената и саканата личност и да го бацувате секој ден тој постер, па дури и можете да пробате да водите љубов со него. Не ви требаат посредници во животот. Поздрав
Еееее се потсетив на најубавиот ден во мојот живот. Пред околу 3 год имав нервен слом. Брзата помош ме однесе у болница. Ме прегледа специјалист, превентивно ме задржа на посматрање. за месец дена специјалистот ми стана сопруг. Љубов ,па скоро на прв поглед. Среќа што се разболев
Софче ти како размислуваш ти се чудам Многу ме интересира како ти го замислуваш запознавањето на твојата љубов кои се тие места според тебе и како тоа би изгледало Ако тераш со овај памет тешко дека и ке ја пронајдеш твојата љубов.. Во др пост спомна дека секојдневно се среќаваме со различни машки дали на факс дали на раб и сл.. точно е тоа, но не значи дека ти со секој еден од нив ќе имаш љубов.. може љубовта на твојот живот да ја запознаеш и во воз и во автобус, на раб, факс, фејсбук, инста итн .. Зборуваш за исти итереси, додека не го запознаеш подетално како ке знаеш дали имате исти интереси, тоа не е баналност.. И за тоа зрел партнер можеш да најдеш маж постар од тебе 10 години да има 35 и да биде незрел, а можеш да најдеш и врсник и помал од тебе и да биде многу позрел тука нема граници.. затоа размисли два пати П.С Тоа што не сакаш на глава иде знаеш нели?
Јас па мојот најбанално го запознав, преку социјалните мрежи и што сега треба да му раскинам иако сме пресреќни заедно? Боже уште ова го немав слушнато. @Sofceto сепак мислам дека трола, така да најубаво не и одговарајте, игнорирајте.
ETE TOA E TOA...TOA E ЉУБОВ НЕ ОВА ШТО ОВИЕЕ НЕ ГО РАЗБИРААТ.МНОГУ СУМ СРЕЌНА ЗА ТЕБЕ И ТИ ПОСАКУВАМ СЕ НАЈДОБРО...А НА ДРУГИТЕ ПОВЕЌЕ ПАМЕТ!
@Sofceto ако на факултет запознавањето е банално, зошто ти е небанално запознавањето во болница, однос пациент-лекар?
моето у кој запознавање спаѓа чичко полицаец ме застанува и ми пише казна за да после 3месеци сме заедно
Како мислиш никогаш нема да дозволиш да те запознае другарка со твојата љубов ? Ти знаеш која е твојата љубов, па нема да го дозволиш тоа така ? Да бараме зрел партнер, а не детиште ? Како прво мила, никогаш не можеш да знаеш кога пред тебе ќе се појави оној вистинскиот. Тоа се случува спонтано и неочекувано. Љубовта не треба да ја бараме, таа не наоѓа нас, ние треба само да ја препознаеме. Како второ некој на наша возраст, кој ти го нарекуваш детиште може да биде многу позрела личност од некој повозрасен. До човекот е, не до годините. Кога ќе пораснеш, ќе сфатиш.
Pa Па така ако мислиш навистина да сакаш некој во животот треба сама да си ја најдеш љубовта.А оние последници се само посредници знам дека во некои сличаи вршат и тие притисок ама не би требало да биде така.