Аааааа појако нешто немам прочитано. Се надевам дека со постов си сакала само да не насмееш дека не си сериозна. Мојата љубов ја запознав на аеродром дали тоа е банално? Те молам пиши за неколку години кога ќе ја најдеш твојата вистинска љубов, каде си ја нашла.
@Sofceto Се што наброја дека тие запознавања се банални, за мене не се, затоа што сите ги искусив не зависно дали е било само запознавање дали е било нешто повеќе од тоа, освен тоа на факултет. На прв поглед не можеш секако да се заљубеш но со тек на време се случува тоа ако секако сте си занимливи еден на друг. Но не го подржувам тоа што го напиша дека треба зрел партнер да бараме а не некое детиште на наша возраст. Јас па не сакам животот да го поминам со некој што е постар од мене, затоа што тоа што јас го поминувам во младоста тој тоа го веќе поминал. Но некои девојките сакат повозрасен еве едно 5 6 години а некои и повеќе за свој партнер затоа што нели возрасен е и зрел, јас пак за разлика од другите сакам на моја возраст затоа што сакам заедно да поминуваме низ животот. Но за заљубувањето не одбираме ние во кој ќе се заљубиме туку срцето. Тоа е моето мислење.
Јас не зборувам другарката да е во улога на стројник, како на пример да сака да те запознае со нејзин пријател и да ве спои. Туку едноставно излегувате со некоја другарка на кафе и сосема случајно наидувате на некој нејзин пријател, се запознавате, муабетот тече, сфаќаш дека имате многу заеднички теми за разговор, личноста ти годи, хемијата се чувствува и така натаму. Каде има тука притисок ? Од кој ? Сосема секојдневно запознавање. Кога се дружиш со едни луѓе, запознаваш и други луѓе.
Зошто да ја прашува другарката ако вашата комуникација се одвива одлично ? Може веднаш да си разменете броеви и да се договорите за следно кафе, бидејки вашиот разговор не запира тука, времето лета, а другарката и заборавивте дека седи со вас. Кога има хемија трета личност не е потребна, само вие двајца.
Не е тешко...Тешко на таквите како тебе...Значи треба цел живот сама да останеш и да не се запознаваш со други луѓе? Па тогаш зошто живееш,што е смислата за тебе во животот да те прашам?
Па сега ако не знам од каде да тргнам тогаш нема ни да тргнувам,но секако најпрвин го запознаваш па после одлучуваш дали можеш да продолжиш, да дадеш шанса или не. Некои личности се млади па се зрели, а некои се постари па се однесуват како деца. Точно дека треба зрел партер да имаш за да те подржува но не можеш тоа да го знаеш, колку и да гледаш личноста се менува.
Тебе ако не ти бара број и не се заинтересира за тебе, не значи дека тоа и кај другите е така. Извести не ако некогаш воопшто успееш да ја пронајдеш љубовта. Во иднина помалце гледај филмови. И не дреми на фемина, излези да ја пронајдеш љубовта.
@Sofceto викаш банално е на факс, банално е преку другарка, банално е на свадба... Па тој дечко така од земја ли ќе никне? Или онака случајно ќе му текне на некој дека живееш таму и таму и ти доаѓа и оп..ете ти љубов. Јас мојот го запознав преку другарка. Ми беше малку чудно на почетокот, ама решив да го запознаам и каков карактер има и ете повеќе од година сме заедно. Инаку ме сака, почитува и секогаш убаво се однесувал кон мене. Па сега според твоево кај нас нема љубов само затоа што банална ни била средбата?
Не се запознаваат сите ко на филмовите: двајцата одат во спротивна насока и сосема, значи сосема случајно, она удира во него, и паѓаат книгите/папките/кафето, он и помага да собере или она го чисто од кафето, се извинуваат, договараат средба и магијата започнува...
Сите можеби сакаме така да се запознаме со љубовта на нашиот живот но реалноста наша е сосема поинаква, а тоа го има само на филмовите како што кажа, но она изгледа сака така, љубов како на филмовите, и јас сум сакала така бла бла како дете сум размислувала јаооо ептен сум летала во облаците. Но пораснав па сега различно размислувам.
А нашето запознавање банално е или? Една вечер си гледав ѕвезди и планети со телескопот, кога сосема случајно видикот ми се насочи кон еден прозор на кој се гледаше најголемата ѕвезда...ТОЈ Прво се засрамив и се сокрив, ама после ми текна дека тој не може да ме види со голо око, па продолжив да го манијачам. Секоја вечер го гледав како се тушира, како вежба, како јаде, како се смешка, како си игра сам со себе Еве веќе 13 години сме заедно...Додуша тој не знае за мене, ама кога ќе правиме 15 годишнина, планирам да му кажам Ве молам немојте да ми кажете дека ова е банално.