1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како и каде да продадам книга која ја напишав јас?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mariuccia, 1 јули 2011.

  1. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Ја отворам темата за оние кои имаат повеќе информации како оди целиот процес на продавање книги. Бидејќи напишав книга и оваа недела ќе биди испечатена, но не знам како се продаваат во книжарниците? Ако некој знае нешто ве молам пишете!
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Каде да продавам книга која ја напишав јас?

    Како прво треба да имаш промоција на книгата, да знаат луѓето дека ти си напишала книга. Промоцијата најдобро е да биде во библиотека и цел настан да се снима и фотографира. Исто така треба и на некоја тв да кажеш дека си издала книга и дека ќе имаш промоција,па сето тоа тие да го објават.
    Секако дека на таа промоција ќе кажеш нешто повеќе за книгата, а и за тебе, и каде с’е може да ја најдат таа книга.
    А на промоцијата ќе ги повикаш некои другарки,роднини,професори.

    btw Честито за напишаната книга. ;)
     
  3. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Каде да продавам книга која ја напишав јас?

    Благодарам! Но, веќе ми е договорена и промоција и се само ми треба место за продавање на книгите па да можам да кажам на промоцијата каде можат да ја купат книгата и ме интересира ако знаеш како е процесот за продавање во некоја книжарница, дали се потпишува договор, како ќе ги добивам парите и слично . . .
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Каде да продавам книга која ја напишав јас?

    Епа ќе одеш во некоја книжарница и они таму ќе ти кажат што како.
     
  5. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Каде да продавам книга која ја напишав јас?

    Ако си од Скопје имаш поголем избор на книжарници, стапи во контакт со сите па ќе ја одбериш таа понуда што најмногу ти одговара. Инаку честитки за книгата! Од каков жанр е книгата?
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Каде да продавам книга која ја напишав јас?

    Па, ти треба многу упорност, многу добар маркетинг и малку карактер од типот се буткам во секоја каша. :D

    Зошто ?!

    Вака, значи во Македонија, шансите за книгата да ти стане бестселер и ти да заработиш од тоа се минимални. Јас, за почеток, би ти препорачала да направиш страна на фејсбук со името на книгата. Направи некоја наградна игра со собирање лајкови и подари бесплатно неколку книги. Нека видат луѓето што нудиш, ако е навистина добра, ќе привлече читатели.

    Второ, најисплатливо ти е да ја продаваш од дома, преку интернет. Пример земи ги Сакамкниги, девојката од ништо успеа да направи нешто. Само, распрашај се убаво како оди тоа, да не ти дојде некоја казна дека нелегално имаш фирма. :D

    Понуди ја книгата по некоја промотивна цена, објавувај секој час нешто ново, некои цитати итн итн. И за крај, биди свесна и самокритична кон самата себе и кон книгата. Не сакам да те разочарувам, стварно браво за тебе, но ова е Македонија. Книгата треба да биде нешто УАУ за да ме натера да ја купам. Биди горда затоа што си напишала нешто и си објавила, а за продавање... :x
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Каде да продавам книга која ја напишав јас?

    И јас да додадам да не претеруваш со цената. Не ти го оспорувам трудот во никој случај, браво за тебе, неможе секој да напише книга. Ама мора да имаш во предвид дека светските бестселери можат да се најдат по многу ниски цени и факт е дека 90% од луѓето за тие пари би избрале таква некоја книга од колку некој наш нов писател. Дури и да си далеку понапред во квалитет
     
  8. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Каде да продавам книга која ја напишав јас?

    Благодарам за информациите, од Битола сум и досега знам само една книжарница каде се продаваат книги па ќе прашам таму овие дена да видам како оди цела работа. :)
    Инаку книгата се вика Ангел Чувар и обработува повеќе теми:
    - Кога ќе изгубиме нешто гледаме колку ни значело навистина
    - Гордоста е најголемата препрека на патот кон љубовта, а некогаш и причина за пропуштање на вистинска љубов
    - Пријателство ( Вистинско, но и личности кои најмалку очекуваме да не повредат најмногу не повредуваат)
    Во суштина е љубовен роман со некои поуки за животот, има 13 глави и околу 130 страни, се работи за една девојка Доротеа и започнува со смртта на нејзиното куче кое било цел живот со неа а го запоставила и тогаш започнува да размислува за се во нејзиниот живот. Подоцна се развива приказната за Доротеа и едно момче кои се сакаат но се премногу горди да признаат и губат многу скапоцено време поради тоа. Има и за другарството и исто така за значењето на животот и за тоа како оние кои имаат се и се презадоволени не можат да ја видат вистинската вредност на животот и да се радуваат на ситници. Има ново девојче кое доаѓа од место каде има војна и учи заедно со Доротеа и им раскажува што се имаат сите тука и не ценат, а колку само други деца посакуваат да го имале сето тоа. . .
    Еве еден цитат од почетокот:

    Уште еднаш ќе ве прашам:
    - А дали некогаш ви се случило да добиете се што ќе посакате, а да сфатите откако се ќе изгубите?

    Јас сум Доротеа. Се се случи минатата година. Тогаш широко ги отворив моите сонливи очи и ја видов реалноста . . . И тогаш ја затворив мојата душа и ја заробив довербата, нечиста што излегуваше од луѓето.
     
    На SexyLady и Sana93 им се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Секоја чест,драга моја,ти посакувам многу успех на полето на литературата.
    Инаку,и јас се занимавам со творење,издадов книга на 10 годишна восраст и постојано пишувам,но оттогаш ,за жал,не се најде некој кој би сакал да ги спонзорира моите книги (воглавно стихозбирки) ,такашто сеуште трпеливо чекам некој да ми излеле во пресрет...
    Секое добро!
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Благодарам! :) И јас издадов стихозбирка во 2008 се пријавив на еден конкурс но сепак требаше да се плати одредена сума и барав спонзори но литературата за жал не е ценета толку колку што вреди во нашата држава па не најдов спонзори и сама си платив. Ти посакувам многу среќа во потрагата по спонзори, се надевам дека за брзо ќе најдиш! :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Tи благодарам и јас тебе ,и навистина ми е мило што сеуште постои некој кој ја почитува моќта на литературните дела и кој се труди да ја продолжи лозата на македонските творци.
    Поздрав и се надевам дека ќе дојдам до твојата нова книга,искрено ме заинтересира. :*
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    По која цена би ја продавала книгата ?? :)
     
  13. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Се уште не знам точно бидејќи зависи од местото каде што ќе ја продавам како се движат цените на книгите таму и процентот кој ќе го бара книжарницата, но мислам дека од прилика би требало да биде 150 денари до 200 најмногу.
     
  14. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    И јас сум од Битола и навистина има мал број на книжари, и нема некој голем избор на книги. Се надевам дека ќе склучиш договор со некоја. Кога ќе ти биди промоцијата? И дали имаш рзмислено да ја има твојата книга и во библиотека или ќе оди само во продажба?
     
  15. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Промоцијата мислам дека ќе биди при крајот на јули, и не сум сигурна ама мислам дека ќе ја има и во библиотека, ќе те известам за неколку дена се поточно како ќе биди. :)
     
  16. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    [mod-reklama:u85zlvau][/mod-reklama:u85zlvau]
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Мене искрено книгава ми привлече внимание ...
    Би ја земала да има начин .
    Инаку Мариуциа да ти честитам за книгава ти посакувам уште мнооогу успеси ... :clap:


    И уште нешто колку можеш биди поактивна на форумов осеќам има што да кажеш :) интересна си и твоите постови само би го збогатиле форумов :) :hai:
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Благодарам :) Кажи ми од кој град си и ќе најдиме начин да ја земиш книгата :)
     
  19. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Честитки за напишаната книга ти посакувам уште многу успеси , да ти кажам право и мене ме заинтересира ептен и би сакала да ја прочитам, во која книжарница се продава ако може да ми кажеш? :)
     
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Од Скопје сум. но во август ќе одам накај Битола така да ќе си ја купам сама :)
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.