Здраво феминки.Незнам колку насловов на темата е компатибилен со категоријава но сепак мене ми изгледаше тука ок. Колку што побарав не сретнав ваква тема. Овде можете да си кажете кои биле вашите стравови кога сте биле мали. Се мисли на страв од духови, вештерки, бабароги, темнина, вампири, кловнови, мртовци, врачари, и слично. Јас ке почнам прва. Како мала се плашев од маски со костури. Тој страв датира од филмот Sunset Beach кој едно време ми стана хорор филм. Кога бев мала се плашев од темнина и секогаш спиев со ламба. Кога бев мала се плашев од духови на мртовци, луѓе кои починале а сум ги познавала. Се плашам и ден денес. ( особено од еден комшија кој почина млад од неизлечлива болест) Кога бев мала се плашев од вампири и од растенија со многу мали и ситни ливчиња.
Се плашев од бабароги дури од страв и ги сонував. Секоја вечер проверував да не има бабарога в соба кај мене, под кревет, зад кревет. Потоа, се плашев од Џек Мевосек, да не ми дојде в сон и да ми ги собере цревата од стомаче Сум се плашела од Дедо Мраз, никако не сум сакала да седнам в скут кај него за да ме сликаат..
Јас како мала се плашев од темнина само се мислев дека ќе ми излезе нешто од темницата и затоа и ден денес ми остана во навика пред да влезам во некоја соба или во купатило прво палам светло па после влегувам
како мала се плашев од мртовец (тоа ми остана и до ден денес) се секавам порано кога ги носеа со музика,одма се кријев и некогаш и повракав или губев свест од толку страх,се плашев и од куче (и уште се плашам де) и од скачки
oд шкафови, шифоњери, дулапи... како да ги наречам. и мене стравов ми е од филм, Boogie Man. и ден денес не можам да заспијам со отворен шкаф.
Како мала се плашев од темница и од мојата фантазија дека некој човек има од другата страна на прозорот и ме демне, набљудува. Арно вториот страв ми помина, ама првиов ?!
Од дрога, од крв, од старо купујем, од ножеви... Тоа ми тенува во моментов, ако ми текне уште нешто ќе допишам.
И како мала и сега понекогаш се плашам од темница, и знам тоа е од прекумерното гледање на хорори како помала обожавав да ги гледам. Како мала се плашев и од глувци, црви и секаков вид инсекти. Сега гајле немам, и со гола рака може плескавица да ги направам (инсектите де) Инаку од личности не сум се плашела, од баброги, аповци и сите тие плашила. Дури сум викала мамо ај купи ми го апото
Како помала се плашев од кучиња Кога ќе ми се приближеше куче или па уште да скокне на мене врискав ко ненормална
Исто и јас, се сеќавам спиев со запалено светло имав впечаток како некој да ме демне ама помина тој страв, така да сега гајле немам
Како мала се плашев од хорор филмови, за подоцна да ми станат најголема љубов. Се плашев и од мајка ми. I still do.
Како мала многу се плашев од тетка ми. Секогаш кога ни доаѓаше на гости јас излегував на тераса и плачев. Викав дека несакам да ја видам. А знаете зошто се плашев? Тогаш бев некаде четири годинки. Брат ми беше помал. Беше бебе. Бидејќи таа немаше деца, велеше дека брат ми ќе ми го земе и јас секогаш плачев и бегав кај комшиите додека таа не си тргнеше. И многу се плашев од Ракел. Онаа во една Шпанска серија. Вештерка мислам дека беше и правеше некои магии со свеќи. И кога вечер одев по улицата си ја замислував неа и многу ме плашеше тоа. Трчејќи си одев дома.
Како мала се плашев од темнина, духови, бабароги и слични измилени работи. Секогаш сум се плашела од гуштери,змии и останати влечуги. И секако од пајаци и слични инсекти . Се плашам од овие и денес
Од едно девојче од комшиите. Секогаш кога ќе ме видеше, трчаше по мене за да ме плукне и да ми зборува срамни работи И иако беше помала од мене, јас секогаш си го имав стравот в коски од лошото момиче. Среќа за некое време заминаа Америка да живеат