Од многу стари баби. Со децата од населба измислувавме приказни за една баба што бараше да и ги носиме ќесињата до дома, дека ги вика децата кај нејзе во стан, и ги убива па ги јаде. Не памтам кој почнал со измислувањето , ама сите верувавме во тоа
Од тоа дека ќе ги изгубам тие што ги сакам и ми се најмили. Ги терав да ми ветат дека секогаш ќе ми бидат блиску.
се плашев од вештерки,големи кучиња,грмотевици, ама најмногу од темница памтам ми купуваа ламбички и да ми светат да не се плашам
Де бре Елено, до сега 4 пати си коментирала, и на најважното не ти текнува. Скери Муви! И уште се плашам. Нешто ненормално.. Spoiler Врска немам кој дел, само знам дека е со онаа грр што излага од телевизор, со бунарот нешто.. АУиохењфохфиерхгосрчгвргг!40Т5834097 Порано го гледавме со сестра ми и братучетките. Јас лежев до сестра ми. И имав предосеќај дека оваа ќе искочи од телевизор, се свртев и се убутав у сестра ми, со цел да не гледам. Арно ама, она да ти била со пуштена коса, кога почнав да пискам, право кај мајка ми.. Spoiler А сестра ми по мене: Што ти е ма ненормално? Од памет ме вадиш! А јас греота, за жалење... Еј, доста беше, отидов да си легнам.. Spoiler
Оуу И ја исто се плашев од она на бамбини бебето и секад се криев под маса Исто така се плашев од бришачите на колата и секогаш кога идевме негде и кога врнеше нели тие вртат лево десно и ја се криев во скут кај дедо Исто така имав страв од темница и секогаш ја терав мама да спиеме со запалено светло а она го изгаснуваше кога ќе заспиев
Од кловнови!! Никогаш не ги засакав,многу ме плашеа. Од темница,тишина и отворена врата - ден денес се плашам.
Се плашев од она чувство кога ќе влезам во влезот од зградата и чувствував како е отворена вратата од подрумите и мирисаше на влага и дрва... страв ме факаше од тоа па трчав по скали до дома хаха Мислев дека ќе ми излезат еден куп лилјаци и ке ме нападнат или пак некои циганчиња, така си замислував бидејки често пати го сонував тоа како помала.
Од една сосетка ми личеше на вештерка а и многу е лоша ептен, ми беше страв да одам до веце навечер (оти порано вецето ни беше надвор) и понекогаш мама ке ја разбудам да дојде со мене до веце
Никогаш од ништо не се плашев, но во се верував... Моите се обидоа да ме заплашуваат со баба роги, војници, вампири и којзнае што уште не... Но јас наместо да се плашам, ги чекав будна да ги прашам зошто толку многу сакаат да јадат деца. Веднаш штом си легнеа сите, а јас дење сум имала направено некоја беља, го земав електрикот на тато и шетав низ куќата со изгасена струја ја барав баба рога... Но, една вечер така кога шетав баба ме слушнала и помислила некој крадец, ги разбудила сите и кога се насобрале пред собата во која бев почнале да слушаат а јас тивко сум зборувала: Баба Рого? Тогаш сватиле дека не е крадец а јас, до ден денес ми се смеат за тоа...