од бабароги вештерки еднаш кај на дедоми братму кога појдовме имаше глава и рогови од елен оние за украси што ги ставаат и многу се плашев кај на таткоми братучед од едни вештачки пајаци духови и уште се плашам мртовци се плашев до пред некое време повеќе не и глувци ама уште се плашам
од вештерки најмногу исто имаше и еден филм со една кукла што убива се си мислев дека се крие зад кревет од духови,вампири,како и секое дете
се плашев дека кога ќе спијам во кревет ако ногата ми виси од креветот,некое чудовиште ќе ми ја изеде, и цело време стуткана спиев
јас како мала се плашев од: -вештерки -темница -шушкање -одење во гробишта тоа е се повеке не сакам да зборувам зошто ке сонувам
Како мала кога имав околу 3 години мноогу се плашев од тоа детето на крајот од Сител Бамбини што се кривеше Се сеќавам дека пискав и едноставно бегав по собата Исто се плашев од една песна Spoiler Tko me zove изгледа се викаше и во спотот имаше еден језив човек Spoiler и уште ми е езива и се плашам да го гледам спотот Се плашев и од мојата кукла, верувале или не, од тие големите бебиња што се, преку ден си играв со неа и мноогу внимавав да „не ја повредам“ за навечер да не ми дојде и „бам“ да ми направи Навечер многу ме беше страв не од темницата туку од куклата
Како мала не сум се плашела... чудно нели... изгледа не сум го имала тој тип на имагинација. Се што измислував, беше исполнето со позитивност. И да гледав хорор филмови, немаше да се плашам... тоа е зошто ги важам за непостоечки, или ги правам да изгледаат смешно. На пример, слендер мен кој сите се плашат од него, замислувам колку е среќен што би можел да има било каква фаца со само цртање на неговото бело лице. Нема да му требаат пластични операции, за разлика од нас... среќен...
Долг е списокот хахахах Како мала се плашев од темница (и сеуште се плашам), од некој човек да не ми стои на прозорот додека спијам, од тоа детето на крај на Сител Бамбини (лелелелеле, тоа не требаше да биде во детска емисија, најискрено), од тоа чудото во цртанот Courage: The cowardly dog, знаете тоа чудовиштето како човек во зелено што се појави кога се бараше некое богатство и шо збореше како да пее нешто од ум ме вадеше, од Дедо Мраз кога требаше да се сликам, а инаку го сакав .. Сега засега толку ми текнуваат