Од кукли кои личеа на Чаки куклата. Имав такви 2-3 и ги фрлија моите. Сестра ми дека поголема од мене 5 годни и земаа со братучед ми од видеотека филмови и го земаа еднаш Child's Play 2 со Чаки и јас го гледав како малецка. А кога ќе видев и на друго место таква кукла која личеше на Чаки бегав како од чума. Хехе а сега Чаки ми е ВРВ кукле.
Од духови и такви некои чудовишта знам дека не постојат али сепак еве и до ден денес се плашам,ми викаат дека тоа е само психата али ете тоа е.. а да и од инсекти
- Од тоа детето што се кривеше на Сител бамбини...колку плачки правев само за да го сменат, инаку бегав кај што можам.. (баш сега сакам да го видам истото ) - Од еден комшија, иако тој беше добар човек, страв ми беше да сум во негова близина - Од балони (и сеуште се плашам, тој страв не можам да го искоренам ) - Од темница, не сакав да спијам по темница и имавме едно ламбиче кое светеше цела вечер...сега не можам да се замислам да спијам кога има светлина, ми треба потполна темница
Од „старо купуем„ бегав ко вампир од лук. Се плашев од мачки и од двајца комшии. Тие се шегуваа со мене јас се плашев. Се плашев да се возам во кола по онаква нерамна улица направена од ситни плочки затоа што цела кола се тресеше кога поминувавме по таква улица. Се плашев од поминување улица и од тоа дека навечер може да ми дојде некоја мечка од Водно
- Невереме(грмотевици, силен дожд, ветер) - Кловн - Вештерки А од темница, височина, лифт уште се плашам..