Имав многу чудни стравови како дете. Се сеќавам имавме сувенир голем дрвен брод.. Беше преубаво изработен, имаше мали прозорчиња.. и знамиња. Секогаш на вечер пред да заспијав го гледав и ми се правеше некоја претстава дека внатре во едно од прозорчињата е заробен некој злобен капетан и нон стоп ми мафка Не можев да заспијам нон стоп мислата ми беше таму, и кога и да го погледнев ми се причинуваше дека знаменцето на јарболот полека се поткреваше. Од мала психата ме маваше
Како мала се плашев од плаката, од мртовечки ковчег, од гробишта, од мртви луѓе (уште се плашам) и од се поврзано со смрт.
Како мала не ме залажуваа со Баба Рога и такви работи,единствено имав страв од темница и од смрт(сеуште се плашам).
Како мала најмногу се плашев од темнина и секогаш со вклучена ламба спиев, исто и од духови многу се плашев
oд таа вештерката од снежана Кога и да замислував нешто страшно било духови, вештерки си ја замислував бабата. Трауми...
Од мноогу чудни работи.. Памтам кај една другарка имаше голема дебела црвена книга за Јосип броз тито и на задната корица имаше слика од неговиот погреб и од тогаш уплав зедов и плачев кога ќе ја видев па ја криеја од мене коа ќе отидев. исто имаше иедни фигурчиња кај истава другарка се лепеа на зидот и ноќе светеа, ама фигурчиња во форма на духовии хаха и од нив имав уплав(сеуште се сеќавам какви беа) Се плашев да се качувам и да слегувам сама по скали.Се плашев навечер да поминувам пред огледало, се плашев од една слика плетена со црнка на неа, а кај мене дома беше, се плашев од фигурата на Гоце делчев во маалото од една куќа ии не ми текнува поќе, а уште има сигурно
Од темница, од духови, вампири, вештерки мислев дека ми се под кревет , позади врата у плакар .. кога ќе легнев да спијам се покривав со ќебето врз глава па изгледа ми останало навика
Како мала се плашев од Јелена Карлеуша. Ама,најсериозно кога ќе ја видев на телевизија,бегав и плачев. Ќе се убијам.
Како мала се плашев од темница и од полицајци.Моите ме лажеа дека ако не сум умна и послушна ќе ме однесат полицајците и ќе ме затворат во темница.Стравот од полицајци помина ама ете и до ден денес понекогаш чувствувам страв од темница и не ми е пријатно.