Од Баба Рога, поточно од една Бетмен маска за лице за која ме лажеа дека е на Баба Рога и уште ми е морничава кога ја наоѓам забутана низ кутиите на таванот.
Кожни болести, мислев дека ако чепкам туѓа коса ќе се заразам со нешто, се плашев додека спијам да не ми влезе пајак во уво (ова не можам да го објаснам), висина, се плашев да одам по мостови. Плашливо дете.
Како мала не се плашев воопшто од Баба рога, и некои други детски привидениа е добро де сосем по малку , што е сосема спротивно од сега, сега не можам да замислам да гледам хорор и такви чуда, се плашам и потоа го сонувам гледаното, затоа познавајќи се самата себе и не ни гледам. Ах да се врати детството и малата хероина во мене.
Нема нешто од што не сум се плашела, а посебно ко бев мала се плашев од македонската серија Чудовиштата во нашиот град , хорор филмови. и.т.н
И јас имам страв од се. Кога гледаме со другарките хорор филмови ми е интересно кога се плашиме и кога ќе излезе нешто страшно сите викаме ама потоа ми е страв од темнина кога треба да заспијам сите тие страшни фаци ми се појавуваат и не можам да заспијам. Да, од хорор филмови најмногу ми е страв од страшните фаци или духови и сл. а од вампири, духови не
од пердуви ..и уште не можам да го надминам стравот..абе дете немав ни 2 години замислете, е од тогаш се плашам кога и да видам пердув. Од ситни не, ама од по(големи) многу. Можам и да се онесвестам. А еден човек ми има кажано дека цел живот ке си го имам тој страв..