Од духови,баба рога, од крв се плашев,темнина, исто и од старо купујем.Еднаш тие кога поминуваа и јас на продавница бев и кога слушнав дека поминуваат јас в двор кај една другарка пошо многу страв имав хахаххаах А иначе на вечер од страв спиев со запалено светло
Уводната шпица на Сител Бамбини. Тој што ја правел, мора да бил на acid, а и јас, зашто се криев позади телевизор кога почнуваше. Исто така, се плашев и од оваа реклама. Не знам стварно зошто сум имала фобија од близок кадар на очи, рекламава ме вадеше од такт. Музиката е прекрасна. Сега кога ја гледам, ми буди убави чувства, додека како помала бегав како од темјан. Spoiler Ја најдов песната, маестрален спој на етно и нео слоеви на македонската музика.
Се плашев од крв,пајаци,змии и други слични инсекти (од истото се плашам и сега но не од крв),старо купујем,мртви соседи или некој од семејството,духови,,спиење во темница (Сега уживам во тоа...) и многу други работи,сега не ми текнува Се имам и онесвестено од страв по скали кога се качував,кога купивме стан со дечко ми (пред година,две) (живееме на 4 спрат),ми беше страв дека во секој стан имаше по еден скоро умрен.Го продадовме,јас не се согласив тука да живееме.. Вреди да се онесвестувам секој ден кога можеме да купиме поголем и поубав ? Можеби звучи смешно,но мене не ми беше Ако ми текне уште нешто ке дополнам
Дека навечер кога ќе заспијам пајак ќе ми влезе во увото и ќе се всели таму. Не можев да заспијам освен ако не лежев на една страна а другото уво го криев со раката. Понекогаш не спиев по цели ноќи заради овој страв.
^ а мислев дека сум единствена А како многу мала сум се плашела од желки и пред да си легнам сум проверувала дали има желка под кревет. Имав чудни стравови. Не се плашев од духови, чудовишта и слично затоа што никогаш не верував дека постојат.
Од овој. Не знам зошто, но со брат ми го викавме Лазо. И се плашевме. Кога правевме беља не’ плашеа со 'ќе ти го викнам Лазо'!
Oд чудовиштето под мојот кревет што се појавува кога ќе заспијам. Ми беше страв да не ме допре на ногата...