Се плашев од темница, од инсекти, змии, и сл,се плашев од смрт и стално му велев на мајка ми ..мамо како ќе ми биди во гробот ко ќе умрам темница и плачев пиштев низ дома .. се дружев со другарите на брат ми, единствено женско бев во сите машки и јас се тепав, беснеев и сл,
Се плашев од темница..и од тоа дека моите ќе ме продадат..еден комшија ми го велеше тоа од мала..нему му беше интересно а мене ми беше многу страв. Ахх бре, детски памет. Како раснев сфаќав дека тоа не е возможно ама кога бев мала баш се плашев..хихиххи
Од Spoiler ЦИГАНИ (роми) Еднаш некаде второ одделение кога бев едни ме гонија со ножеви во раце (како во некој филм) мислев така мала како што бев и сама ке се умочав у гаки но паметна бев влегов во една продавница и се спасив
Единствено нежто од кое се плашев, уствари уште се плашам од тоа.. е помислата дека можам да бидам погребана жива. Се ежам секогаш кога ќе помислам на тоа.
како мала се плашев од темница и од духови и сега го имам тој страв но не е толку изразен како тогаш,секогаш кога требаше да идам во вц ја будев мајка ми да дојде со мене (собите ни беа одвоени со стакленик и доволно беше да викнам за да ме чуе) или пак додека да стигнам до вц ги палев сите можни светла ми беше страв да не ми излезе нешто во темницата и да ме уплаши
Се плашев од грмотевици и пајаци, и ден денес ми е страв од истово, а ни сама не знам зошто се плашев од верувале или не СМОКВИ (кога ќе ги отворев да ги јадам ми изгледаа како чудовишта веројатно заради семките внатре how should I know? ) Секогаш кога ќе видев комбе ме снемуваше со брзнина на светлината зошто мислев дека комбиња возат само лоши чичковци што крадат деца
се плашев од темница духој се плашев да не не се разбудам сабајле се плашев да не сонувам поп навечер се плашев од мечкарите (позната маска на прилепскиот карневал) се плашев од змии инсекти се уште се плашам од сите овие работи само не од мечкарите
Од Киро Глигоров, кога ке го имаше на телевизија. Од извесен "Боне со каначките" кој собирал немирни деца во вреќа. И од инекции, тоа е сеуште.
од коли што стојат!!! хахаах знам знам! лудо е..ама мала сум била.и сум мислела дека во секој моемнт некоја ќе тргне накај мене!
...бубата како што ми ја нарекоа фамозната бабарога. А кое дете не с еплаши од неа?! Потоа од духови на умрени и од темнина.
Од рекламата за мебел сигурно ја паметите ттттттт ТРЕСКА!!!!!!!!!!ХАХАХАХАХА........... ЈА МРАЗЕВ!!!Колку беше страшен гласот на теткицата,од такт ме вадеше.
Само од едно нешто (без памет сум била) сега имам многу повеќе стравови отколку тогаш... -Страв дека ќе ми го земат дедо ми (не го оставав човекот на мира бев залепена за него) кога доаѓаа гости постојано ме задеваа за тоа и јас одма Spoiler Будало дете
Од се и сешто. Се што гледав на хорор филм мислев мене ќе ми се случи, па затоа веќе не ни гледам, ми останал стравот уште од дете. Се плашев да спијам во темница, се плашев дека ќе ме запоседне ѓаволот, се плашев дека некако ќе се претворам во врколак... И не знам веќе, не ми ни текнува на се. Ама знам дека моите сироти мака си видоа со мене
Се плашев од мртовци (а сега ми се секојдневие) Се плашев од Дедо Мраз Се плашев од еден поп од в село Се плашев од вештерки Се плашев од маскираните фаци за Василица (иако и јас се маскирав секоја година) Се плашев од тоа дека некој ќе ме задави во спиење...... и триста други работи....
од еден ужасен, морничав, трауматичен глас кој врескаше низ цело маало а носеше порака: „ ПОПРАВААААААМММММ ЧАДОРИИИИИИИИИ“ Човекот беше Ром, некој предок на „ старо купујем“ изгледа, ама јас го доживував многу потрауматично од Фреди, „ Се плашите ли од темнината“, мртовечките поворки и Дара Бубамара заедно
Oд бањање т.е капење по наши Mама кога не капеше со сестра ми заедно,пиштевме како некој да не тепа,а дедо и баба живеат зад нас,и дедо секогаш идаше зашто мислеше дека јадевме ќотек