Од темница, од дедо мраз, од ѓупци кои просат, од "чудовишта"( мн гледав скуби ду ) од духови...и од полиција ако не сум била умна ќе ме притвореле а јас си ја имав муата на капата бидејќи бељаџика бев и редовно кога ќе ги сретнев со страв им викав "добар ден" Умно дете шта чеш!
Од Гоце Арнаудов! Ама сериозно! Многу страшна фаца ми имаше човекот. Бев многу немирно и бељаџија детиште па моите за да ме смират некогаш ми викаа седи мирна или ќе ти го пуштам Гоце да пее! Им успеваше понекогаш!
Офф : Луѓе , да прашам , кој е администратор на темава ? Имам една забелешка : Темава се вика " Како МАЛА се плашев од .. " .. Предлагам , од почит кон машките членови на форумот , да се додаде " / " помеѓу " мал " и " а " .. Сепак , секој може да коментира , како што е редот на демократски и рамноправен форум . Он : Од магии . Зборуваа за една многу стара баба дека прави магии . Жената не зборуваше со никого . Јас како ученичка , секогаш на постарите им велев " добар ден " , сите ми враќаа освен бабава . Почина кога бев шесто одделение и така ..
Се плашев од полицијата, од тие што одат со кочија, од игли (инекции и инфузии), од темница, од змии, од еден човек во години што нонстоп нѝ велеше дека ќе нѐ тепа ако не си одиме дома децата во малото што си игравме кога луѓето одмараа
Дожд, мислев ќе се поплавиме секој пат. (одреден период живеев во постара куќа на баба ми и дедо ми што беше како во земја малце) па најверојатно и од таму бил стравот. Ама сега Обожавам дожд
Мене со Црна Ружа ме плашеа Инаку од караници, задевање... Еден период ми беше страв да заспијам сама, па си пуштав радио станица која пренесуваше емисија на англиски, дискусии и добивав чувство дека некој е со мене, па си заспивав.
Како мала мнооогу се плашев од кучиња,не знам од каде ми беше тој страв,но секогаш кога ќе видев некое куче надвор,почнував да плачам и да бегам
Баба ми како малечка ми раскажуваше цело време една приказна со духови и се сеќавам дека 6 месеци од тоа не можев да заспијам и спиев со упалено светло и сега кога и кажувам на мама ми вика зашто не си му кажала на татко ти ама ете јас сум таква ќутлива Едит: Заборавив да појаснам дека таа баба е мајката на татко ми.