Како малечка знам дека сум се плашела од шишање. Не сум сакала да одам на фризер и буквално сум пиштела како да ме коле некој. Ама ете, не се сеќавам на тоа. Подобро. И.. страв дека на мајка ми и татко ми ќе им се случи нешто. Често сонував такви страшни соништа, каде лоши работи им се случуваат на моите, па станував за да проверам дали е се ок. Инаку, одев после 20 мин. за да ми помине стравот.
Од голема брада Некој ќе ни дојдеше на гости со брада и буквално го гледав во очи и вриштев! Недај боже да ми се насмееше!! Се пикав под маса и не излегував додека не си отиде. Поп доаѓал кај нас да пее молитва јас во веце се кријам додека не си отиде Од мотори - видов човек на лице место како загина и од тогаш се плашам и од звукот нивен. Од темница.Секаде сум ја влечкала баба со мене.Страв ми е бабо.Абе нема ништо бабе Да останам сама..Тоа се ми беше од филмови.Секоја сцена страшна мислев мене ќе ми се случи. Ќе ме нападне некој од позади Памтам највеќе се плашев од Гоце Тодоровски кога глумеше ѓавол.Имав кошмари од него Spoiler
Се плашев од вентилаторот во WC . Имав некоја налудничава замисла дека низ него ќе искокаат глувци ли, инсекти ли - нешто во тој стил, дека не сум безбедна поради него и се сеќавам како барем со едно окце секогаш внимавав на него. И еднаш многу се уплашив на сон брат ми беше уште бебе и сонував дека го украла некоја вештерка на метла и станав да проверам дали е во неговото креветче и кога видов дека мирно спие, многу ми олесни. Во принцип од многу нешта од кои требаше не се плашев, па запаѓав понекогаш во незавидни ситуации (не се плашев од лошиот пес од комшиите и замавнувајќи кон него со новите кломпи ми ја уништи со загризот кломпата - да се плашев немаше да ми се случи и многу др.примери).
Се сеќавам само дека се плашев многу од лоши џуџиња и од змии. Ова со џуџињава ми помина ама од змиите ме држи сеуште.
И сеуште се плашам - од темнина. Кога сум сама дома го палам секое можно светло безразлика во која соба седам. Како мала многу се плашев и од кучиња се додека не решив да се соочам со тој страв и додека татко ми не ни донесе едно дома. И откако им ја сфатив психологијата и откако дознав дека тоа нивно блесаво скокање и трчање по мене им е само желба да си играат, престанав да се плашам. Па сега и си чувам едно дома.
Се плашев од дрвјата (липите) кои што се наоѓаат пред мојата зграда и баш завршуваат на мојот спрат. Навечер кога ќе легнев да спијам, сенките од нив, кога дуваше ветер ги гледав на ѕидовите и во главата создавав само слики за тоа што истите претставуваат. Гледав разни фигури, страшни фигури.. Се плашев исто и од темница, но стравот траеше се додека не се преместив во сопствената соба. Потоа исчезна сосема. Друго нема ништо посебно.. мислам.
Од вампири, од темнина од сенки од се голема плашливка сум била јас,сега од тоа немам ништо,еднствено стравот од височина ми е останат
Јас се плашев единствено од Шенка Колозова во таа приказната, Бабата ѓавол, заради сцената на крајот, кој се сеќава знае за што зборувам. Таа приказна со години не ја имав гледано заради стравот како дете, кога и да ја начекав на ТВ, одма менував канал, се до пред три години. Тогаш прв пат по долго време ја гледав и видов дека стравот ми исчезнал Немаше веќе. А инаку да не бидам разбрана погрешно, Шенка ја обожавав како актерка и тогаш и сега, само се плашев од улогата во приказната.
Па сеуште се плашам.Да не ги изгубам моите родители.Веројатно некои стравови не се надраснуваат. Никогаш не сум се плашела од темнина,од вампири,од страшила,што ти знам таму.
Од кутриња и се' уште се плашам. Од некои безвезни епизоди од Дали се плашите од темнината. Па после јас си правев филмови во мозочето. Од Јовица Михајловски во Бушавата азбука. ^/^/^/^/^/^/^/^/^/^/^/^
Се плашев дали мајка ми и татко ми ќе си дојдат од работа и дали ќе дојдат да ме земат од кај баба ми која ме чуваше кога бев мала. Чудно или не, јас бев опседната со тоа и немаше ден да помине, а да не и го поставам тоа прашање на баба и веќе кога ќе дојдеше време за тие да дојдат по мене,јас бев ко на трње и со погледот кон врата...
Од се и сешто.. еве од нешто најдов слики.. Сакав да ставам многу повеќе да ставам, ама тој пусти страв, страв ми е дури да помислам, какви се слики ќе ми се појават, чудовишта. Грр. Spoiler
Од глутниците скитнички кучиња кои едни мои комшии сограѓани правилно ги тренираа за тепачки и за кучешки борби...се тресев поради нив од страв. Од завесата летно време, на отворен балкон која под месечевата светлина создаваше секакви форми и сенки на тепихот - постојано мижев затоа што мислев дека секој миг кога ветрот ќе дувне ќе се појави некое лошо чиче од зад завесата. Колку пати татко ми го терав да ми докаже и покаже - дека на терасата навистина нема никој. Од волкот - ваљда не од оној Ну погоди волк, ама од волк некој се плашев. Питај бога од кој. Од жив песок и жива кал. Џемс Бонд убичу те за ово! Доказ дека децата не смеат да гледаат билошто. Секое излегување кога ќе наидев на вирче некое или пак на кал се плашев да прерипам и хистерично се дерев - а што ако е ова жива кал и ме проголта како оној човекон во Џемс Бонд, а? А? А? Се плашев од Мајкл Џексон во Трилер. И од гласот на крајот на песната - оној кој се смее бу ха ха ха ха! Смрдле! Трауми имав заради него а спотот не ни можев да го гледам. Штом ја слушнев песната почнував да плачам и моите мораа да исклучуваат телевизор заради мене. И за крај, не знам дали е ова страв ама хистерично плачев на песната I Am A Woman In Love од Barbra Streisand. Многу ми беше страшно носталгична бре! И плачев ко луда. Моите долго наводно не можеле да откријат што е причината на моето изненадно, хистерично плачење. И јас сум им рекла - абе пеееснана. Тажна е многу бе! Шмрк! И - уште една причина зошто исклучувале телевизор заради мене
Како мала се плашев од вентилатори, мислев дека ќе вшмука и исече. Никогаш не можев да гледам филмови со војна, крвишта, сечење есктремитети еве и ден денес ми е проблем, на првата пракса на хирургија, кога видов како му го расекоа стомакот на човекот, се залепив на земја хуху после тоа немав проблем ама првиот момент се сеќавам како полека се спуштив на земја и после гледав луѓе како мафтаат над мене, самиот чин сечење ме уништи. Од злобни погледи, ме смрзнуваа.. И сенки.. чудни сенки..
Кога бев мала се плашев од една многу стара комшика, која мнооогу ми изгледаше како вештерка. Имаше искубана бела коса (три влакна дали имаше), расипани заби и збрчкано лице. А таа сиротата колку ме сакаше. Еднаш памтам одев накај продавница и таа ме праша дали може да и купам цигари, ама онакво прашање: „Уууу слатко тоа, накај продавница одиш? Ќе ми купиш цигари?“ пропратено со фацечко доближување до мене со огромната глава. Којзнае кои филмови сум ги направила што сум ги фрлила парите пред неа и врискајќи сум се стрчала накај дома. Трауми сум имала од неа и секогаш ми беше страв да поминам крај нејзината куќа. Да се разбереме, не се плашев од темница - туку од полутемница. Во темница ај ништо не гледаш, дури ни прст пред око, а во оваква полутемница се некои сеништа и фигури се сторуваа. Додека брат ми сакаше да спиеме со запалено светло во соседната соба за да не му е страв, јас сакав скрос изгаснато за да не ми е страв. Од хорори воопшто не сум се плашела, со хорори сум израсната уште откако знам за мене, ама најмногу ми беше страв од духови. Паметам кога повикувавме духови со другарките, дух на една почината стара комшика, вечерта око не склопив, мислев дека цело време до мојот кревет стои дебела баба во црно и кога ги затварав очите мислев дека ми се доближува со скапаните раце, а додека гледам дека исчезнува, па така очите шишарки - цело време отворени. Од кучиња никогаш не сум се плашела и нема да се плашам (едино некое со беснило ако ме нападне, недај боже). Израсната сум со животни, сум го прибирала секое животинче што сум го наоѓала на улица, золошка кај мене од гуштерчиња, мачки до ежиња и врапчиња. Се плашев од звукот на шолјата во wc кога пуштав вода и тоа само навечер. Знам кога ќе ја завршев работата во wc, прво ќе ја отворев ширум вратата ќе се вратев до шолјата што подалеку од неа, само со раката истегната да го фатам тоа копчето на казанчето, ќе притиснев и ФИУУ... трчајќи низ врата додека страшната бучава на вода ја оставав зад мене. Како малечка секога се плашев дека некоја баба (опседната сум била со стари баби најмногу од нив сум се плашела) со скапани раце се криела под мојот кревет и ако сум ги отркиела рацете и нозете ќе ми ги украдела и ќе сум останела само со тело и глава - ова беше приказна со која ме плашеше баба ми за во зимо да не се откривам.
Од едно бабе, сенилно, а сите ја викаа Лудата. Веројатно самиот факт дека е луда, ме престрашувал, а не сум имала поим што значи тоа. Од затворени простории, се плашев од подрумот и визбата кај баба ми и дедо ми. Затоа па, сакав да се качувам по тавани и кровови. Се плашев дека моите ќе отидат некаде и ќе ме остават. Дека ќе ме заборават во супермаркет, или на граница Се плашев дека ако заспијам, ќе го изгубам гласот. Која детска психологија! И од една комшика што ги колнеше сите деца ако скинеа некое цветче во паркчето пред зграда.
Како мала се плашев да се возам во такси. Без разлика дали сама или со некој друг јас влегував и излегував со плачење затоа што ми беше страв дека таксистот ќе не’ однесе во некоја шума каде има некои страшни животинки и дека нема да знаеме да се вратиме. Исто така, се плашев од луѓето на една реклама за шампон. Сега не можам да ја најдам но сигурно некоја ќе се сети на која мислам. Така се појавуваа луѓе од сите агли на телевизорот со косите нагоре кренати и јас пиштев само што ќе ја слушнев музиката од рекламата.
Ко ја гаснев сијалицата имаш чувство, дека некој дух е позади мен и ме следи со секој мој чекор... Понекогаш се уште го умам тоа чувство...
Како мала но морам да признаам и сега како голема ми е страв од кловнови уфф колку ми се одвратни како од некој хорор филм се...
.... од темница, уфф нозе ми се отсекуваа, сега не толку, ме фаќа паника бидејќи не гледам во темница, инаку не ми е страв, други фобии кои останаа до денес се пајаци и височини.