епа јас од многу работи си се плашев едно од нив беше биков ( chicago bulls) се плашев од бебето од сител бамбини, тоа на крај што покажуваше јазик. црно-бело беше. се плашев од филмов: за друго не ми текнува..
Се плашев како и најчесто малите деца од бабарога од темница,од сенката на ѕидовите што ги остааваа играчките во темнина и од Врисок
Како мала се плашев од темница.Многу! Дури ми беше страв да спијам сама во соба.И тоа не е така едноставно,ми предизвикуваше премногу проблеми.
Се сеќавам се плашев од едно цвеќе што го чувавме дома ама не такво со цвет туку само листови, едно големо, не знам колку е правилен зборот ќ/китка. Секогаш кога ќе ја видев мислев дека ќе добие уста, раце и нозе и со листовите ќе ме грабне и изеде . Страв ми беше да одам во подрумот, живеевме во зграда и беше ќор-темно, сум слушала секакви приказни за подрумите и ич не сум одела . Страв ми беше и да шетам во темно, да гасам струја пред легнување. Кога одев по мочкање ги викав моите да ми упалат па тогаш станував . И најмногу од што ми беше страв-пијан човек. Имаше еден пијаница кога ќе се опиеше, ќе се распееше по улиците. Затоа го и викаа Здравко Чолич . Тогаш нам малите синоним за пијаница ни беше Чолич, иде чолич бегајте ааааааааа . Пееше толку морбидно што бегав како луда и пискав. Сега од пијаница само во сон ми е страв а во живо и немам некои ситуации со пијаници.
Од што се плашев? Од што не се плашев?! Од темница, од Мајк Џексон (трилер спотот- крајот, кога се врти, очите... *вреска*), од кучиња, (ме има каснето едно куче еднаш), немаше шанси да гледам хорор филм, не можев цела ноќ да заспијам, немаше шанси нозете да не ми се убаво покриени (се плашев некој ќе ме грабне и ќе ме изеде ), се плашев од бумбари, се плашев од заболекар (мораше татко ми да дојде со мене, колку само плачев...), се плашев да гледам под креветот, (се мислев има некое чудовиште таму)...
Како мала па и сеуште се плашам од темица. Исто така како мала се плашев од еден комшија со голем стомак мислев дека јаде деца
Од Баба Рога - да постоеше сигурно ќе ја тужев и ќе си барав оштета поради бројните психички тормозења кои ми ги приредуваше! Се плашев кога моите ја затвараа вратата од детската пред да заспијам за да ми биде топло нели, ама од под вратата идеше светлината од пуштената светилка во ходникот, па ми фуфкаше дека Баба ми Рога ќе ми ја најде собата и ќе ми се шмугне под врата. Имав 5 години и сонував како седам на вц-шолјата (имавме прозорец чие стакло беше офарбано, ама еден дел од 10 сантима оставен проsирен за да влегува светлина) и ми се појави една гологлава Баба Рога, демек сакала да ми влезе во купатило и оттогаш не седнував на шолја без прво да тропнам на стаклото од прозорецот и да и' речам на бабата - оди си ма! Исто ми беше страв да пуштам вода од казанчето - бабата да не ме удави во шолјата! Аман од тоа бабуле! Цело детство ми го хороризираше ... Се плашев од луѓе во црно, баби со долги бели коси иии од гуштери, оние малите зелени, уф.
Па како и повеќето деца, од Баба Рога. Еден другар на брат ми ми велеше дека ќе ме носи кај неа и дека од мене ќе прават супа ... обично трчав и пиштев Мамммоооо, а тој се газеше од смеа
Од темница,дефинитивно највеќе Сега до ден денес,пак има така некои мини трауми Али не е исто како помала. Се плашев и од височини и длабочини,и тоа ми остана и денес едни од најголемите стравови,голема плашливка сум богами..
Да се бањам во када. Најозбилно. Не ми беше страв од кадата туку кога мајка ми ке ја наполнеше со вода и ке направеше пења се плашев да не ми излезе крокодил или некоја голема змија. И затоа мораше некој да седи покрај мене (во случај да нема некој таков не доаѓа во предвид да се бањам и почнував да плачам) за во случај да излезе нешто такво да има кој да ме спаси. Не се чудете, виновен е брат ми кој ми раскажуваше за лошата анаконда што живее во вода и јаде луѓе. Исто така и од темница. Секогаш сум се плашела од непознатото, па така и од темницата кога не можев да гледам околу себе. И ден денес ми има останато ова, понекогаш ке тргнам на спиење, ке го згаснам светлото, ке легнам во кревет и нешто ке ме стресе, некое чудно чувство и трчам до утикачот палам светло и одам назад во кревет.
Од циганчиња ... обавезно ги закачаа дечињата Сега па ми има останато не како страв, туку повеќе како одбивност и си бегам уште
Верувале или не..после секое одење во wc се плашев да пуштам вода :/ Се припремав и облечена пуштав вода за одма со трчање да избегам..незнам имав некое чувство дека нешто ќе излезе I watch too much tv хахаха
Мене еднаш еден поп ме исплажи ужасно, за што трпам и денес последици. (за да одам во црква треба да сум психички спремна и тоа се случува многу ретко) а далеку од тоа дека не верувам во Бога. Поради тоа се плашев и од сите "чичковци" со брада, мустаќи. кој и да ни дојдеше на гости, со брада или мустаќи, плачев и нејќев да го видам. а се гледам дека на сликите со Дедо Мраз сум расплакана, ама не се сеќавам!
Од веце шољата, мислев дека некоја рака ќе ми го зграби детскиот задник и ќе ме повлече во канализациите. Незнам поради кој филм вака... Друго, се плашев од подрумот, т.е сеуште се плашам. Ете еден неоснован страв... Глупости...
Од географски атлас Сега стравот од атлас ми мина но не и од овие страшните на компјутер.Пример Google Earth