Се плашев од една жена Рамаданка а и од поп. Еднаш кога дошол кај нас да свети вода јас од страв сум заспала
Како мала од лебарки и бубашваби, а сега се плашам кога сум сама и кога ќе почнам да наслушувам шушкања .. ме фаќа језа тогаш и се нешто помислувам
Како мала паметам, се плашев од бабароги и секогаш пред да спијам проверував позади креветот дали има некоја. И......си чував едно кученце (играчка) Буцко си го викав дека дебеличко беше, и демек тоа да ме чува Се имам плашено и од тетка ми! Лелее кога ке ми текне некоја случка со мојата тетушка ненормално си се смеам, колку пати само се криев позади врата кога таа ке дојдеше да ме гушне...
Фреди Кругер. Кога и да се најдев сама во темница очекував да се појави пред мене и...А ноќе спиев со нозете собрани оти ако ги пуштев ќе се појави од под кревет и ќе ме повлече со него
Јас се плашев од една стара баба.. и сум викалаа нека си оди оваа многу е грда ко вештерката од Снежана.. Хаха.. и ден денес се смеам коа ми кажува мајка ми.. И кога идев во WC седам на шоља и си мислев дека ке ми искоцхи некоја змија и ке ми го касне газот,,хахаха и глеав шо побрзоо да завршам хахаха..
Се плашев од човекот со два заба, така ме плашеше мајка ми кога одев на гости кај баба ми и дедо ми, и јас бегав и се криев под маса. Иначе тој човек им е сосед (не знам можеби е починат) и добар човек, но за мене ноќна мора
Во моментов, единствено што може да ми текне е дека брат ми се плашеше од брадата на Љубчо Георгиевски. На времето кога беше нешо као изборна кампања, така нешто. Кога беше немирен ќе му се спомнеше само брада, и бајче.