Од темнина-и тогаш, а и сеуште се плашам. Исто така се плашев од некои ликови од филмовите, од кловнови итн.
Од темнина и ден денес се плашам, се плашев и се плашам во сон, се плашев од змии,и се плашев од мајка ми
Како мала се плашев од темнина многу, и секогаш си спиев со запалено светло. Скренував кога спиев а некој ми го угасеше светлото, се будев во истата секунда. Се плашев и од височина, и уште се плашам.. Се плашев и од змии, имам фобија од змии и до ден денес...
Се плашев и сеуште се плашам, од тоа кога спијам да ми се лизне ногата, или раката надолу по креветот
Се плашев од темнина,од тепихот кој што беше сместен во ќошот од мојата детска,како и од каминот кај баба
Од еден глупав комшија со бркови цело детство си го уништив заради него ми беше страв да излезам од дома.. ела сега нека ми дојде
како мала бев палаво и храбро дете ама кога беше ноке и кога одев во купатло се пласев да пушрам вода од казанчето,незнам зошто и ке повлецев и трк назад во кревет
и јас како мала се плашев од темнина се си мислам дека нешто ке ми излезе или има некој во неа и се уште се плашам за жал
како мала многу сакав да гледам реклами и кога ќе ја пуштеа рекламата на Треска-мебел се плашев и менував канал. Ме плашеше она шепотењето “трескаааа“ и на црна позадина ќе се појавеше темно црвен кауч...ууууу морничава ми беше Исто многу ми беше страв кога почнав сама да спијам у мојата соба а до претходно спиев со моите. Ама добро тоа било нормално и сум морала тој страв да го преминам. хахахах ова со Треска мебел сега ми е смешно, ама стварно менував канал
Прво.. Од дедо мразовци. Многу сакав да одам на новогодишен саем, ама на излегување, секогаш ме бркаа дедо мразовци низ плоштад. А јас бегав. Мислиш ќе ме носат на колење. А сестра ми, намерно ме носеше кај нив, а јас за греота. Второ.. Од кловнови. И уште се плашам! Најморничави ми се. Имавме порано една кукла кловн, и секогаш кога ќе се каравме со сестра ми, она ми ја вадеше. Јас знаев и да заплачам. Пред некој ден, немавме струја. И седевме дома со сестра ми, и нејзината другарка. Стуткани на еден кревет. Арно ама, дојде татко ми, од кај комшиите. И он да ти ставил маска од најморничавиот кловн. И стои, гледа од еден ќош. Јас мислев готово, доаѓа тој од петок 13ти. Кога почнавме да пискаме јас и другарката на сестра ми, аууу. Такво дерење, не сум удрила не памтам од кога. Неможев да се смирам после ова едно 10тина минути. Ова ќе му го памтам.
Не се сеќавам дека од нешто сум се (плашела не е соодветен збор) ужаснувала ни како мала, како сега од помислата на клеверботови. Не знам дали сум единствена, но морбидна ми е претставата за нив.. А понекогаш мислам дека тоа се некои луѓе, воајери што се зезаат.. Оф топик беше постот, но морав некаде напишам, кога ја видов темата одма на тоа помислив Какви ѓаволи, вампири, бабароги.. технологијата знае да биде 'најзапрепастувачка'