Како мала се плашев од духови, темница, вампири, посебно од филмот Чаки и Bloody Mary , од инсекти дека имам алергија а до ден денес ми останаа стравовите од кловнови, клаустрофобија уште си имам, од пајаци, мостови, духови и тоа е...
Како помала се плашев многу од Авиони, Хеликоптери, секогаш коа ги гледав како поминуваат врз зграда почињав да плачам.
Благодарение на татко ми, јас како мала филмови не гледав освен оние со кучето бетовен и такви некои за деца. Секогаш пазеше на тоа, и многу сум му благодарна. И искрено не ме ни интересираа. Одевме во видеотека тогаш, тој си земаше филмови, јас цртани. Секој ден гледав цртани, сите од Дизни. Дури и каспер кога го гледав, си викав зошто и мене не ми се појави некое духче. Друго од ништо не се плашев, си спиев сама во посебна соба уште од 4 години, во темници. И да ви кажам многу влијае тоа што не гледав филмови, па недај боже хорори на тие години. Затоа немав никаков проблем никогаш со спиењето. Единствено што се плашев, беше кога ќе дојдевме во Македонија на лето, и кога за прв пат слушнав џамија, оџата нели кога "пее". Е тогаш беше смрт, ме разбуди и трчав боса низ снегот со плачење. Али тоа беше само на лето кога ќе дојдев во Мкедонија, после тоа бев на безбедно. И до ден денес кога ја слушам, језиво ми е. Поготово насабајле кај 5, кога не е ни ноќе, а не е ни разденато.
-духови -крадци -да не има некој у плакар ( и кога влагав у соба се дерев за да исплашам некој ) -од дерењето на мајка ми и од -темница
Најмногу од темница.. Уу срце ми допирало ако треба да поминам со мајка ми или другарките.. Сама не се ни обидувам да пројдам
Ме плашеа со Баба Рога знам, а инаку имав страв од темница и од некое чудовиште да не ми излезе од под кревет
Јас како мала се плашев од "нешто" под креветот... се разбира преку хорор филмовите Но тоа беше кога бев доста малечка (бидејќи како мала гледав многу хорори) а денес не се плашам ама баш од НИШТО. Само од луѓе, верувајте само луѓе можат зло да ви нанесат (не дај Боже)
Едно време од темнина, а најдолго се плашев од бубачки. Од кога го гледав Carrie хорор филмот неможев да заспијам долго време
Темнина, духови, Дедо Мраз, Шенка и Гоце кога глумеа ѓаволи во приказните, маски, разни бубачки.....но, се уште не ми е јасно зошто се плашев од оваа песна и спот, а емисијата ја обожавав http://www.youtube.com/watch?v=RSVdsu8YdFM