Како мала се плашев од пух! Некоја животинка е тоа, не знам ни јас точно што е, важно имав една мала сликовничка каде се спомнуваше пух и не знам зошто ама многу ми беше страв од него. Од ништо друго не ми беше. Храбро дете си бев некогаш, сега некои лудила ме фаќаат па од се нешто се плашам!
Еднаш кога бев мала глеадав еден филм со вештерки и од тогаш ми остана таа вештерка во главата и почнав да ја сонувам Па имаше и своја придружничка, една стара белокоса бабарога која што почна да ме прогонува во сонови и навечер, пред да си легнам ми беше страв да не е до мене, мислев дека навистина постои
Од тие што се закачуваат негде надвор, и кога ќе дувне ветре се удираат и испуштаат еден језив звук. Е незнам како подобро да објаснам.
како мала многу се плашев од затворени простории на пример лифт или кола што назад нема врати мислев дека се гушам и ми се идеше да пиштам на цел глас, а и никогаш не би се качила во лифт уште ми е страв
Како мала се плашев од духови, кога си легнував да спијам се прекривав целата ми беше страв да си ја откријам и ногата
Можеби ќе ви звучи чудно, али јас кога бев мала мноогу се плашев од онаа женската што ја имаше секогаш кога ќе завршеше Сител Бамбини. Секогаш ја гледав таа емисија, и на крај кога завршува има нели како мало видео клипче како на пример што има Парамаунт пикчср пред секој нивни филм, таа женската ја имаше откако ќе завршеше. Не се сеќавам многу, можда не била ни женска, али знам дека се смееше инака чудно и мене ми беше многу страшна и секогаш си ги покривав очите и ушите
Како мала најмногу се плашев од марионетите што ги има во лето. Ги знаете, еден човек ги раководи а тие демек свират и пеат. Е многу ми беа страшни!