од дедо мраз најмногу се имам плашено.. и од вештерките од цртаните и секогаш спиев со запалена ламба за ако иди да можам да ја видам и да избегам.
како мала кога сум имала 4 години ми било страв од мрави, да од мрави немојте да ми се смеете сум ја цапнала на некоја мрава и сум почнала да плачам дека ми се залепила на влечката и дека ќе ме изедела, а сите дома ми се смееле
Исто се плашев од оние дедо мразовците на плоштад. Многу ме нервираа , ајде ајде сликај се со нас, со Дедо Мраз, а јас им се буткам на мама и тато. Имам една слика, јас сум некако насмеана,знаете мало 4-5 годишно девојче, а брат ми 2 годишен на времето, мајка ми го држи а овој плаче ли не плаче
незнам зошто ама кога ќе ми ја испееа брат ми и брачедите химната .. посебно делот .. со Питу Гули .. ко ќе се спомнеше ... врескав од страв .. се имам мочкано
Јас отсекогаш, а и сега се плашам од молци. Порано многу се плашев од старо купујем, но од баба рога никогаш. Еднаш кога мајка ми ми викаше да не излегувам од соба зашто има баба рога во ходникот., јас ја прашав само дали има долги нокти. Мајка ми ми рече дека има и тоа 5 метра, а јас бидејќи сакав да го видам тој феномен се утепав од барање, нека ме испогребе, ама ноктите морам да ги видам, можеби затоа сега постојано трошам време на средување нокти, тие навистина ми се омилен дел од телото. Но, најмногу се плашев од едно ќоше во собата, како и од тоа некој да ме гледа низ прозорец. Си мислев дека тој страв ми помина бидејќи од куќа се преселив во зграда и живеам на 6-ти спрат, но не ми поминал, кога сум кај баба ми или на друго место, ако нешто шушне јас првин кон прозорецот погледнувам
Oд луѓе со крпа на главата, од темница од отворен шкаф и др ! Cега гајле си немам од ништо , не дека де фалам ама многу сум храбра личност
Од парфеми. Глупо, м? Поточно од дезодоранси. Оние што се ставаат директно на мишка. Мислев којзнае колку боли. Еднаш братучед ми ме бркаше со таков дезодоранс, по цел стан. Се прскаше, и глумеше демек го боли, абе мислиш се пораѓа. Јас избегав, се бутнав во веце и почнав да плачам. Не искочив неколку саати. Тоа тешки трауми имав од парфеми.