1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како мислите да успеете во животот (на кој начин)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од shaa, 30 мај 2011.

  1. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    7
    Седам вака и си размислувам..како можам да успеам во животот гледам нешто политики ова она владее сиромаштија во државата не сум доволно умна за да го измислам начинот на кој можам да успеам во оваа држава, студент сум ке завршам и потоа ке седам дома нема кој да ме вработи невработеноста е болест кај нас...Кои се вашите мислења?? Како ја имате зацртано вашата иднина? Се надевате да се иселите од државата или?
     
  2. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Не планирам да се иселам, си најдов многу добра работа тука и од средно, па до сега работев, ако се вработам, би сакала истата работа пак да ја работам, студент сум, и студирам нешто поинакво од тоа што студирам, така да, имам некои опции...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Епа, ако се земе во предвид фактот дека сум конзервативна за такви работи (соблекување и покажување тело), не би успеала во проституцијата. Затоа, ќе работам на црно, ќе трошам на бело.

    Мала шала. ;)

    Сакам да завршам факултет, тоа би ми било приоритет и не би се запишала само за дипломата...
    Би го направила тоа бидејќи знам дека ми треба образование и надоградба на знаењето. Е не, ќе се зафркаваме... Нејќам да умрам глупа. :D
    Е сега, за работа... искрено не ми е толку битно, би работела свашта, мислам под услов таму да бидат ценети некои си мои квалитети или шо ти знам...
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Планирам да станам професионален најмен убиец, а.к.а. Hitman и така да заработувам за живот.
    Во разработка ми е и планот да се здружам со луд научник и да пронајдеме пилула за невидливост и така да ограбувам банки - невидливиот банкарски соголувач.

    Со дипломата навистина не знам што да направам, хартијата е тврда за г'зобришка, премека да послужи слично на мушама за јадење, па веројатно ќе ја лансирам со некоја ракета во следниот огномет, после 5-ти јуни, претпоставувам ќе има, па со победничкиот огномет ќе ја пуСнам во височините да лета.
    Како што тргнало , за друга намена нема да ми послужи, сега, тука и овде.

    Хмммм, што друго? :^)
    Секогаш останува идејата да се отвори стриптиз бар или бордел, јас Мадам ќе раководам сос ваквите блудни установи и ќе го едуцирам непросветениот ни македонски народ за пристојно булење во стриптиз плесачици.
    Кој пружа раче - ќе го тепам со стапче.
    Во униформа на секси професорица.

    Навистина, идеи премногу, се надевам на успешна реализација, државата ми нуди премногу потенцијал за успех, греВота би било од моја страна да и' свртам грб и да не се потрудам во остварувањето на моите соништа за поубав живот. ;)
     
    На Valerin, Sara123, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    со тоа што јас ке бидам јас ........и не би остапила од моите ставови хирови милења за ништо на светов :tmi: :tmi:
     
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Да се школувам овде,да работам надвор од државава,каде некој ќе ме квалификува и цени по моите квалитети,а не по партиската книшка.
     
    На 4rever.unique му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Тука се школувам и веќе размислувам за мојата работа, дали ќе ја најдам, кога ќе ја најдам и слично. На моменти се плашам од иднината, веќе ретко кој те цени според твоите квалитети, други работи се многу поважни. :swear: Упорна сум, амбициозна и се надевам дека тоа ќе ми помогне да успеам во животот.
     
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Со оглед на тоа што не планирам да ја напуштам оваа напатена земјичка, не знам дали некогаш би ги остварила моите визии овде...Впрочем знам дека тоа нема да ми се случи...Во едно само сум сигурна- не сакам да нижам успеси и да градам среќа на туѓа несреќа :!: ...Никогаш нема да дозволам некој притсоци и уцени да врши врз мене, да ме омаловажува итн...Не е толку лошо во мојава ситуација, ама можам многу повеќе и ќе се стремам тоа да го остварам во блиска или подалечна иднина - ЈАС САМА... :!: ЛИЧНО САМА... :)
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Насловов на темата ме потесеќа на оние америчките книги How to succeed in life for Dummies

    Во секој случај, јас планирам да успеам во животот со работа, работа и работа. Не сум член на партија и нема никогаш да станам. Планирам да завршам факултет и после да се удрам на шетање. Волонтирање низ Европа, работа во Америка и сл. Не сум тип на чивеко што сака да се омажи, да работи во канцеларија и да изгледа деца. јас си ја сакам слободата и крај.
    Планирам да си најдам некоја работа што бара постојана промена на локации, во глава ми се завртело сега репортер или новинар, а ова навистина ми одговара.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Македонија е можеби од Бога заборавена земја, кога станува збор за желбите и нивното остварување, особено на професионален план, а Дедо Мраз одамна сите разбравме дека биле никој друг а нашите родители, бидејќи тие оставале пакетчиња под елката, а не слаткиот белобрад дедица.
    Да де постојат такви кои успеале безбојно да се истуркаат и на своја да речеме 30та година достигнале некаков си врв во кариерата, т.е работат работа каква сакале и заработуваат повеќе од пристојно, но оваа група е прилично мала или просто јас не сум налетала на некој доволно репрезентативен број од истите да речам дека и така бидувало.
    Иначе триесеткава ја зимам како репер за некој врхунац кој треба да го достигнеме сите ние во животот, кога ќе имаме се’ што е потребно за да основаме и свои фамилии и да бидеме во секоја смисла на зборот независни од гнездото наше матично, а не да продолжиме и со децата и со сопругот да живееме како „под кирија“ во куќата или станот на неговите или моите родители, бидејќи немаме за вистинска кирија, немаме ниту за сметки.
    Е да, и кај нас ваквите соништа се реализираат за некои во триесетката, судејќи по тоа дека успеале на таква возраст да се наметнат во општествово како стабилни властодржци или фотељодржци, како сакате речете ги, па прво работно место да им е токму тоа... е да де, имале и искуство во здружението нивно на обоени.
    Што се однесува до мене... па, јас сум од луѓето кои се бараат, бидејќи секако соништата од едно време испарија во воздухот и сфатив дека треба сама да си купам нови.
    Дипломите се само хартии, кои никој до сега освен домашниве и роднините кога дојдоа за прослава не ги видел, па ми користат само како сувопарен факт, кој ми зазема ништо повеќе од една графа во биографијата и кој едни две години по завршувањето ми помогна со цела една голема 0.
    Како и да е се помага за волонтерски да се работи кај луѓе со помалку едукација и искуство од вас, но, нивното искуство какво-такво било заведено во завод, додека вашето е на база на фина препорака напишана на една страничка од претходното место каде што исто така сте си работеле од желба само и само да не седите дома. Па од кога се набилдав со искуство од какви ли не сфери, сфатив дека јас можам да имам милиони соништа, за се ме бидуело |( и можам јас да си се барам во сите нив и никогаш да не остварам вистинска кариера во една, прибидејќи и кога успеав да се вработам видов дека плата ми достигнува колку за одење и враќање до работно место и платени курсеви за јазици. Јупи!
    Па сега границата за некаков успех ми е поместена на 40ка. Белким тогаш ќе успеам.
    Но, на сите вас младите сепак топло ви препорачувам да си волонтирате :wasntme: да си се едуцирате, јазици да си учите итн итн.... среќата не можете да знаете кога ќе ви се насмевне :emo:
     
    На MarchelineAmaru, LadyN и Johny им се допаѓа ова.
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    искрено никогаш не сум размислувала како да успеам, кога бев помала ми беше факултетот важен да го завршам, потоа сите вработување ми дошле со голем труд и барање. ниту поседувам партиска книшка ниту пак имам фамилија да ме подржи.

    моите се да кажам слободно никој и ништо, и они ми биле најголема мотивација, не дека ме терале и ме подржувале туку очајно не сакав да бидам како нив.

    поседувам доста квалитети,пред се јазици добар однос итн така да ако не успеам со едно ќе успеам со друго, премногу сум самоуверена и премногу барам од себе, ова е страшно напорно бидејќи никогаш не сум задоволна од себе и сум премногу изморена за 23 години, но нема нешто што ме вади повеќе од кожа од неработење и од чекање, се надевам никогаш нема да ме стигне во животот.

    значи мислам со сопствени сили, мноооогу работа и докажување да стигнам далеку. кога го поставувам ова вака горда сум на себе , земам мн голема плата за свои години, имам кола, пред купување на стан сме, сама си го плаќам факултетот, имам телефон и лаптоп од фирма( порано ова мислев дека е мн биг диал :D )

    воопшто не се плашам од иднината го чекам секој ден за да го раскинам со забите никој неможе да ме спречи да го постигнам она што го сакам и ми треба.

    мој совет, верувајте во себе и своите способности и борете се со сета сила , не се откажувајте однапред дека државава ни е ваква или онаква бидете самоуверени и стрпливи почнете од дното и искачувајте се , нема лоша работа за оние кои што сакаат да работат.
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Школувањето и дипломата веќе не игра и толку голема улога.
    Секој втор е магистер, а секој трет со штотуку завршен факултет е веќе експерт за својата струка. :^)
    И после државава пропаѓа. |( Е ај не.

    Гледајќи од мајка ми, и од бедата со која таа и татко ми се справувале може да ми чукне, абе да, дипломата играла улога. Играла. Нажалост.

    Она кое планирам да го направам е да завршам средно со вакви оценки какви што си имам, одам на факултет и понатаму ќе берам гајле.
    Реално гледано шансите да успееш и да се вработиш се мали. Економисти, правници, машинци итн се превираат, а сепак постојано слушам студирај економија, имаш сигурна работа.
    Која сигурна работа бре, жено?! |(

    План б ми е отворам козметичко студио и ве очекувам на шминкање сите. :lol:
    Барем некоја ситна плата да извадам. :x
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    јас бидејки сум уметник а што е најважно гоооолем оптимист и борец сметам дека ке успеам затоа што си ги знам моите квалитети.. ке звучи самобендисандо ама едноставно се ке напраам за да успеам :)
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Немам друг начин освен да успеам со сопствените квалитети.
    За жал државата е полна со луѓе до талент, знаење, желба....но каде тоа да го покажат?
     
  15. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Со учење, најискрено. :)
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право ,со козметичко студио голема пара би вадела. Нормално ако те бива, а те бива од тоа што го гледам на туторијалите.

    Што се однесува до мене, бидејќи немам мама и тато кои би ми го чувале грбот ако малку зашкрипи, ќе си успеам сама. И мило ми е за тоа.
    Моите се обични смртници, јас како нивно дете- исто, ама искрено горда сум што знам (со извинење) сама газот да си го забришам
     
  17. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Ако ги откријам моите планови за во иднина од многу девојки овде би била осудувана затоа подобро да преќутам и да ја прескокнам темата.... :tmi:
     
  18. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    7
    Сега не ставаш во интрига :D
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    На начин образование и снаодливост. Учење и интелигенција = добитна комбинација. Ем си образуван, ем паметен, и искуството си го прави своето, но тоа понатаму. За да успеам ќе ми требаат и ќе ги искористам трите. За почеток зацртана цел. Секако, ако не успеам со сите овие асови во ракав како многу други луѓе што се вика, показалецот ќе го упатам кон државава, таа е таа која не ни нуди можности и не тера да бараме начини за снаоѓање за успех.
     
  20. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    ..па мислам дека веќе успеав...жив и здрав сум,распаметен не сум и секој ден си учам по нешто ново...