Излез гледам во учењето... Како да дипломата ќе ми го смени животот... Глупости де,ама живо суштество сум се надевам... Моите родители од ништо постигнаа многу работи,и двајцата немаат диплома и тоа не им беше никаква пречка да изградат и куќа и автомобили да купат и ред други работи....ама има и една битна работа тука,среќата врши голема улога... Да се вратам на моето.Планирам да дипломирам и да магистирам и после планирам да барам место како професорка,ако не ке држам приватни часови,курсеви и такви раб. План Б Да заминам од тука... Имам услови да живеам во друга држава,па незнам... здравје боже ќе видиме
Абе сите сакаат да успеат со учење. Тука е моментот. Сите учени, паметни, образовани и пак неможат да се вработат. Сите ке се борат, ама ко што одат работиве тоа е однапред изгубена битка. Епа сега... Па луѓе со диплома и магистратура завршиле како кравари. А луѓе кои не магистрирале кои дури и немаат диплома се директори и си живеат блажен живот. Е да... Живееме во материјален свет. Многу заебано. Во светов кај што сме треба да знаеш сам да си направиш пат до целта. Како што веќе кажаа: Со дипломата газот можеш да си го бришеш. Јас излезот го барам надвор од државава. И факултет и магистратура и докторат. Е сега, фала богу сешто може да се случи. Па и да завршам факултет во нашава земјичка сигурно нема да останам тука. Ако треба ке со раце и нозе ке се борам ама јас овде нема да останам. Ако треба ке спијам во гаражи, нема да јадам ама да останам овде барајки подобар живот е тоа нема да се случи. Зошто знам што НЕ САКАМ да бидам и што САКАМ да бидам.
со упорност во тоа што го правам! Со талентот што го имам ќе се искачам таму каде што посакувам! Ако не можам, ќе заминам од тука.
Планирам да успеам со мн труд и со учење а и со желбата што ја имам бидејќи сега сум за 4год средно па планирам да продолжам на правен факс ама читајќи овде на форумот за образование за правниот факс па и добар страв во коски добив бидејќи во средно не сум мн јака ученичка а пак правото го сакам имав предмет вовед во право во 3 год и добро се снаоѓав со него учев брзо и лесно со разбирање. а откако ќе го завршам факсот(ако го завршам ама се надевам дека ќе го завршам) планирам да одам на курс за козметичарка па ќе видам вајда ќе успеам со едно од овие две ако бидам козметичарка ќе ве очекувам кај мене во салон а и салонот планирам да ми е под името LATTIE
Ќе учам и ќе завршам факултет.Па потоа ќе барам работа со мојата струка.Ќе видам што ќе биде... Што е до мене јас да си го направам,а судбината каква ми е ќе видиме
Ха ,страшно што без партии тешко дека ќе се издигнеш некако...џабе ти е и факултет и просек и интелигенција...без партиска книшка при себе,свиркај си!Единствено да најдеш некоја приватна фирма па некој ептен да види дека те бива,и најбитно да те цени како работник...но ете и во приватните фирми стана -пријател на пријателот пак...ова страшно ме нервира ,си велам зашто студирав кога ќе си ги повратам парите Работам ,но не на мојата струка,нема простор за унапредување и ова е далеку од моите соништа...но тоа е,испадна биди среќна што и најде нешто...секако,не продолжувам да се откажувам,и нонстоп пуштам цв-а во други фирми,но лошо-навистина лошо Некогаш размислувам и за странство,но сепак повеќе би сакала да си останам со моите без нив не би можела да живеам далеку,што да правам кога ептен сум приврзана за нив...а како ќе успеам,сеуште се надевам...на кој начин...ако ме послужи среќа...
Во нашава мала и напатена држава тешко е да се успее,како што ги прочитав одговорите секој би успеал со учење,исто и јас ќе се надоврзам во таа група но толку млади луѓе со дипломи седат залудно дома ,друга варијанта вадењето на партиска книшка Па луѓето извадија црвени,жолти,сини книшки верувајќи дека и партиите ќе понудат работни места-но и тука се лажеме.Колку луѓе познавам кои трчаат по партии одат на состаноци прават се за на крај да сватат дека и тоа е лага(но некои се вработија па сите си мислиме дека можеби ќе бидеме ние следните кои ќе не вработат)па се извадоа книшки во сите бои што постојат Значи заклучок на целиот образовен кадар на млади луѓе што седи дома,а некои со средно школо работат во државните администрации е дека имаат некои јаки врски за да стигнат до одредено ниво,бидејќи денес и магистар/доктор да си за да се вработиш(иако си го имаш знаењто)ти треба некој јак човек позади тебе.Така да многу многу и не се надевам,но не се ни откажувам.Единствено што некој не можи да ни го одземе или поклони е знањето,па успехот во мојот живот ќе го градам врз база на тоа(бидејќи немам некој позади мене и немам книшка )Ќе морам сама да си успеам
без труд ништо не се постигнува, со излежавање и со нозе кренати у вис - НИШТО! никој неможе да ти помогне колку што ти самиот можеш да си помгнеш !
Добра стратегија , висока стручна наобразба ,постојано вложување во себе ,напорно работење на тоа да се стане што подобар и помалку заменлив ... Тоа е мојот план ...
Освен со образование кое мање више станува и небитно, труд, упорност и најценетата алатка на денешницата - себичност, борба за опстанок и газење по живи лешови. Да, тоа свесно или несвесно ни го сервира општеството наше. Зацртам цел и трчам кон неа по секоја цена. Или у најмала рака оженам некој мамин син па пуцкам пуцки потоа мала шала за мене, ама за некого озбилна ствар
Значи покрај учењето, упорноста и истрајноста во тој процес, за да успееш мислам дека треба и малку среќата да те послужи, односно да ти се наредат коцкичките народно кажано. Мене ми се наредија, и успеав, и поради тоа сега го живеам животот што си го замислував уште како средношколка
Партии баталив. Се сменува ракводоство-остануваш пак сам. Ќе те тапкаат по рамо, и ќе те заболи рамото од многу тапкање. Не сум глупа па да зависам од некој. Фала Богу, имам факултет, па здравје и магистратура да завршам. После само приватен бизнис. Не можеш да не успееш, ако работиш и се трудиш. Тоа е тоа. Работа,работа и само работа. И never never never give up
Ќе завршиш факултет ќе побараш работа, ако имаш среќа ќе се вработиш ако не со врски некаде и ќе земаш плата
Учење. Многу учење. Планирам да студирам математика,па можеби ако сум добра ќе останам и како асистент. Ако не,се надевам после тоа се надевам да ме послужи среќа да се вработам или пак ако не дома часови ќе си држам.
Пред да се запишам на факс,си реков-учи Ели,само така ќе станеш некој и нешто ОМГ!Пубертетски памет бе.Мисли се е така едноставно,средено и некој ти го подава во тацна,ти само изеди го.Уствари има и такви-мама и татко му завршува факултет,а потоа и го вработува.Полн погодок.Или книшка братче во рака,и трчање! Ама јас не сум од тие.Автоматски-имам потежок пат.Ама во ред.Ако ми е лесно-нема да ми е интересно Така да дипломирав и чекав од небо да ми падне работа.Си реков- абе неможе јас со толку многу труд и жртви вложени да дипломирам,да седам без ништо,мора да има Господ заслуга за мене,само ајде нека паѓа побрзо.Ха. Значи не било едноставно бе. Период на разочарување и депресија следеше.Отворив ворд и почнав да куцам cv,па мотивационо писмо...праќав,праќав-ама се жалев дека немало на моја струка.И немаше. И така се свестив во која фантазија живееш?Нема бирање.Ти треба работа,работаааа,пари,остај струка и факултет.Дипломата во рамка,и бриши одвереме навреме да не фаќа прашина.И така едно интервју,друго,трето-бидна работата.Не работам на струка,но не ми е лоша работата.Иако во мене сеуште тлее жарче надеж,дека ќе ми се исполни сонот.Така да не се задоволувам со оваа работа.Не престанувам да ги разгледувам огласите и да барам нешто мое. И ви велам-не е така едноставно,не Ама не се откажувам