Па според мене само со многу труд и напор Знам дека иако многу се трудам има многу луѓе со привилегии кои се извлекуваат полесно, но тоа мене не ме спречува да успеам во овој живот! Планирам да завршам средно и да се запишам на некој добар фалкутет и да го завршам Потоа ако имам среќа ќе се вработам а ако не ќе продолжам да барам бидејки јас не се откажувам толку лесно Секако во оваа земја нема многу шанси да се успее па ако ми се укаже шанса за одење во странство би прифатила и мислам би се снашла бидејки англискиот добро ми оди а и многу сум снаодлива
труд напор и борба се надевам дека еден ден ќе успеам боже дај ми сила да ги завршам факултетите да бидам добар адвокат а можеби и судија дај ми сила
Моментално навистина се двоумам на кој начин можам повеќе да успеам во животот Приоритет ми е да завршам факултет, инаку јас сум 4-та год. средно учам фармација и многу ја сакам фармацијата како мала се замислував како стојам во бел мантил во некоја аптека но во последно време многу ме влечи филолошки факултет за македонски јазик и книжевност. Искрено многу повеќе ми оди пишувањето поезија и проза, граматиката, читањето книги и сл. одколу хемиите во фармацијата. Постојано пишувам слободни текстови и сл. ми оди филозофијата што е многу битно а и ми оди комуникацијата со деца така да се замислувам како професорка по македонски јазик но од невработени професори брмчи на секое ќоше. Јас мислам дека на филолошкиот факултет за македонски јазик и книжевност ќе успеам повеке и ќе ми биде полесно, но со која професија можам полесно да се вработам? Сестра ми е исто така на фармација, сега ќе е 2год. на факултет па ако одам фармација татко ми планира да ни отвори аптека но во градот ги има многу така да и тука ќе има проблеми инаку со средно можам да работам во аптека како фармацевтски техничар само треба да положам државен испит. Што мислите? Што треба да направам според вас? Мене да ме прашате навистина не би знаела што да правам. Понекогаш помислувам дека денот кога ќе треба да се решам во кој факултет да влезам ќе одлучам броејки ени мени сени...
Мимс, фармација е подобар избор. Филолошки исто така е добар избор, сите јазици освен македонски јазик и книжевност. Точно дека можеби ќе ти биде полесно, ама што потоа ? Имам другарка што заврши на македонски јазик и книжевност, нема перспектива, сега работи во маалско продавниче. Секој се запишува со надеж дека ќе се вработи по професија, секој има глеми амбиции на почетокот, но реалноста е поинаква. Мислам дека фармација е подобро затоа што имаш можност за приватна работа, а со македонски треба да чекаш државно вработување, па на секои избори да се тресеш да не се смени власта, па да останеш без работа. Пишувањето нека ти биде хоби, ама лебот тешко се вади, не е важно само да го студираш она што ти лежи, важна е перспективата што ти ја носи професијата што ја бираш.
Благодарам за советот. Имам уште време цела школска година. Ќе размислам и за надевам дека ќе донесам правилна одлука.
И јас сум сведок дека реалноста е сосем поинаква откако ќе дипломираш.Ако немаш врска сам ќе се пробиваш.Нема на струка ова она.Која шанса ќе ти се укаже таа.И мене не ме земаа за продавачка,преквалификувана сум била.Сигурно си викале оваа е?Не им било логично. А мене ми требаше свој денар,да не зависам веќе за секое искачање дај пари,па дали има или не,па нервози,па за гардероба итн...Така сега работам очигледно не на струка.Се надевам дека може ќе биде некогаш,но надежта полека тоне.Многу е тешко верувајте. П.с. и јас велев -ЌЕ УЧАМ,ЌЕ СЕ ТРУДАМ И ЌЕ СТАНАМ НЕКОЈ И НЕШТО Мислам дека повеќето дипломирани ќе ме сфатите за што зборувам.И мене ме маваше период на депресија а може и сеуште.Газдарицата ми е со средно и тоа е.Некогаш иритира и сакаш да и се направиш попаметен да и кажеш-Ти ли знаеш повеќе ,па јас сум повеќе образована од тебе,но мораш да молчиш И трпиш.
Со труд, напор. Без да се потрудиш, нема да успееш. Си имам зацртано цел, да завршам факултет, да магистрирам. Да си најдам некоја супер работичка (абе ако треба и ќе се тепам за неа) ама ќе стигнам до неа. Со Господ напред, и докторатче. Ако не, здравје Боже. Доволно е магистратура. Има да имам се што посакувам, па што сака нека биде. Не се откажувам лесно. Без волја и труд, ништо не бива. А да бидеме реални, и без врски. За жал. Повеќе не се цени знаењето.
Ќе се омажам богато бе ... Се шалам, со учење, нормално. Годинава запишав уште еден факултет како вонреден студент, е ако со два факултети не можеш да успееш, а некои Спојлер клошарчиња и на тој еден незаслужено се запишале и едвај го завршиле, а секојдневно ги гледаме како успеваат па Спојлер да ти се плукнам во општеството, е дури тогаш ќе подразмислам за тоа првото што го напишав...
Најпрво да го завршам факултетот на кој што се запишав. Да си најдам некој со кој ќе можам да ја поделам мојата љубов. Да си запишам и завршам посдипломски студии. Да најдам работа (надвор од МК.), да се омажам, да основам семејство, да имам деца.. Да бидам среќна
Многу сум амбициозна и многу се трудам и навистина сакам да успеам..Планирам да се запишам на француски овде( кога би можела да студирам во странство, но тоа не можам да си го дозволам) и потоа сакам да одам во Франција, да аплицирам за стипендија за постдипломски и да останам таму..Колку мојава идеја е добра,..не знам но вреди да се обиде..!! А овде успеваат само мамини и татини..кои не знаат сами да се снајдат па бараат пријатели да им пишуваат петчиња или десетчиња па после ете го го гледаш подобар од тебе испаднал,,,а ти тоа што си се трудел и што си вложил се си остануваш со прстот во уста..Смачено ми е од таквите ...!!
Прво планирам да завршам средно училиште во Македонија, а потоа да се запишам на факултет во Италија. Таму сакам да се докажам дека сум способна за да можам да предавам во некое училиште, односно да бидам професорка. Имам време уште за факултет, но дилемата ми е помеѓу филолошки или музичка академија. Ќе видиме на кое поле повеќе ќе се докажам и се надевам дека ќе успеам.
Со тоа што ке си заминам од овде и ке си се запишам на некој италијански факултет... И да успеам во други полиња од мојот живот I know that I will
Mислам дека општеството не го цени веќе трудот како порано.Сега многу ретко кога е битно дали имате завршено високо образование.Јас водејќи се по многуте пропаднати животи,учејќи од примери заклучив дека само треба да играш валкано за да станеш некој и нешто. А како јас ќе успеам во животов?! Паа,би сакала да бидам вистински заслужна за тоа,да заработувам од труд и знаење,не сакам да користам други адути за да стигнам до пари и моќ. Сепак,ќе каже блиската иднина...
Со следење на моите желби, интереси и потреби. Ако не го правам она што го сакам нема да успеам да си го задоволам интересот, а богами ни потребата. Ако ја следам потребата ќе треба да вложувам многу труд и напор и себевложување во многу нешта и одкажување можеби од некои за да почнам да ја осигурувам иднината, ако ги задржам трудот и напорот и ако не ми одкаже мозокот(пу,пу) планирам далеку да догурам, а ако ја имам истава волја, интуиција и надеж цело време како моментално нема да плукам по државава туку ќе бидам претседател Ха, се зезам, морам да успеам. И да, ако мислам дека ќе успеам, САМО ТОГАШ ЌЕ УСПЕАМ, ако верувам дека ќе успеам ќе го сторам тоа, во спротивно ќе се случи спротивното и пак ќе се подпрам на моите верување да го достигнам првото.
со негова помош секогаш успевам во се што ќе зацртам. многу велат парите го вртат светот, јас сум убедена дека е спротивното!
во моментот кога знам сто сакам..пола работа е веке заврсена. Прво и неопходно за мене е амбицијата, тоа ми е некој двизеЧки мотор за се друго. не дека не сум благодарна за се сто имам(прес се здравје и фамилија и љубов) али јас сум Човек сто секогас сака несто повеке. си поставувам цел, и во моментот кога ја исполнувам поставувам некоја друга...и така тоа второ е голем труд и работа. Универзитетската диплома не е фактор за успех, али на денеснинава кога конкуренцијата при вработување е огромна за мене е клуЧен елемент за сите оние сто немаат своја фирма или некој близок да им обезбеди работна позиција. една диплома, после усте една , неколку странски јазици....така ке успеам. работа и само работа...паралелно со студирањето работам со скратено работно време, си ги покривам тросоците за студиите, и секогас имам пари на картица за да испазарувам и за сопинг. трето - се во зивотот не мозе да се планира, мегутоа кај мене се е по предходно изработен план, распоред. И да дојде до измени, нот туу бед, се прилагодувам и барам ресение на зададената измена. просирување на фамилија, преселба, големи инвестиции се тоа е дел од тој предходно доброразработен домасен план Четврто-рмбам ко коњ сто би рекле, имам малку слободно време, али секогас го користам ефективно и максимално. секогас си прузувам најразлиЧни задоволства. обозавам да патувам , вкусна храна, кафето со другарките , парталЧе плус у плакарот....сето тоа ме опуста и ми ги полни батериите за даје петто-со љубов, поддрска и не се срамам да казам помос од мојата мајка и мојот сопруг. сесто-големо его. седмо-мала нарцисоидност. и на крај пуста срека.