Ама немој да ја запоставиш и неа, греота е така млада неискористена доволно Во оваа држава како и во сите изгледа за да живееш на висока нога (читај -да успееш) треба да крадеш, секој на различен начин, според вештините. Или ќе се задоволиш со просечен живот или нема да бираш средства. Јас би се вброила во тие вторите, кога би ми се укажала можност ма ич не му ја мислам, ќе ги искористам своите лукави вештини и ќе си газам бе, само не убивам, се друго е дозволено. Знам сега некој ќе рече дека сака само тоа што ќе си го заработи со свој труд, па и ова е труд, треба да се потрудиш доволно добро за да успееш да изманипулираш, што мислите на ограбувачот на банка лесно му е? Е не му е Но додека сонувам за хакерски времиња и чекам погоден момент да почнам да изучувам програмски јазици, играм улога во крпен живот, но не од Стале Попов туку од ојлевци дојлевци.
Само со борба,да се борам за тоа што го сакам и да успеам да не се предавам во никој случај...да се запишам на тој факс што го сакам и после да си отворам приватна ординација
Па ова е многу дискутабило прашање и опфаќа многу теми..зошто не е успех во животот само да завршиш фаултет и да најдеш пристојна работа . Како и да е едно знам - никогаш нема да газам преку лешеви за да си ги постигнам своите цели и никогаш нема да градам среќа на туѓа несреќа затоа што верувам дека се во животот се враќа..а и јас лично не би можела да живеам спокојно ако знам дека на некого сум му земала парче леб или на било кој друг начин сум уништила туѓ живот . Сакам се да постигнам со својата работа е сега доколку би имала некои врски што би ми послужиле при наоѓање на работата - би ги искористила и нормално дека секој би направил така. Но со лаги и интриги да се служам само за да успеам во нешто што сум намислила - тоа не.
Мислев дека ќе успеам со својата нефалширана искреност, пријатен настап, коректност, вредност, работливост, знаење и искуство, и гледајќи си ја само својата работа незагледувајќи во супите на другите. Денес знам дека за жал светот не е во дланките на горенаведените. Па така денес мислам дека ќе успеам ако испушам неколку „цигари“ евентуално ако го наместам јазикот за лижење на влијателни задници Штета што не ми е толку голем и долг, може со еден замав ќе зафатев повеќемина наеднаш - успех и просперитет, гарантиран! За жал денес искреноста и културата се сфаќаат како маана, за знаењето ич пак да не зборувам. Снаодливоста е најголемата предност денес (и тука лимити ниту скрупули нема и нема да има) и секако способноста да надбациш осмех бр. 489 и да почнеш - „леле ама ти е голем друже директорееее“. По се изгледа - нема да успеам во овој свет. Нешто така ми се гледа работава.
Колку само се пронаоѓам во текстот. Само што го откажав цигарите пред години а за овие другиве немам намера да почнам да ги пушам. За разлика од некој во мојата околина кои и пушат цигари а богами и ги работат ножиците, јас не можам и никогаш не сум можела. И иако таквите можеви ќе просперираат побрзо јас ќе си седам и ќе си гледам сеир на нивната исфрустрираност и пониска вредност.
Сакам да завршам два факултета - драмски вонредно, а филолошки редовно. Тогаш имам две опции: мојот сон: да станам актерка или да се занимавам со нешто кое го вклучува користењето на англискот јазик.
Со криминал. Најсериозно, имам неколку идеи, плус ќе влезам и у партија така да ќе си бидам заштитена од една страна. Може да се најде и некој богат дечко па да се омажам, ќе ме пикне у негова фирма ќе му ја водам, топ ќе ни биде. Планот до кој што сум најблиску сега е после завршување факс да си се преселам некаде далеку да си ја пробам среќата. Ако тоа не ми успее ќе ме гледате низ градов ко нарко бос и никој нема да може да ми писне пошо ќе шверцам оружје и дрога
Јас би стриптиз. Чиста работа. Ем телце, ем пари. Озбилно, како и сите што планираат. Да завршам факултет, да успеам да се вработам, па здравје и приватно да си отворам. Моментално сакам да успеам да земам стипендија за студирање во странство.
Па, ако успех е да фрцкам со својата ултра тенка задница излегувајќи од џипот чиј багажник е натоварен со двоцифрен број кеси со двојна вредност од просечна македонска плата од утрешниот хоби шопинг онака чисто за разбивање малку монотонија, одговорот е - НИКАКО. Со мали исклучоци кон луѓето кои водат ваков живот на регуларна база на оствареност на истиот, најголемиот дел од нив сепак се во категорија - не ни сакам да знам како успеале. На совест нека им е. Вистината е дека реално прилично ми се урнати сопствените надежи за лично остварување во некој пограндиозен облик, така да веројатно најголем личен успех кој сметам дека е остварлив ќе да е да проживеам прилично скромен живот, во кој се надевам дека барем здравјето и елементарните услови мои и на моите најблиски, ќе ми бидат најголемата благосостојба. Бидејќи И тоа денес е скоро луксуз. Еј, да ако кармата или некоја друга сила за инает бидејќи не верувам во голем успех ми го подари, да си знаете дека не ви кажувам, бидејќи еве Мимс конкретно и др. кои имаат криминални тенденции ќе дојдат да ме ограбат, ...
Ќе си завршам одве средно, па и факултет и после со брзина на светлината ке му ја летнам во поразвиените европски земји па не за џабе ќе имам европски пасош
Прво ќе си завршам средно и факултет. Ќе си најдам една убава работа која ќе ме исполнува и ментално, работа која ќе ја сакам и да ужувам во неа. После ќе патувам во други земји и ќе ги ивдам убавините на другите држави. Па после ќе си најдам маж и ќе почнм семејство....
Ќе си завршам средно, а после ќе се запишам на факултет, по можност во Холандија кај тетка ми. Ќе си го завршам и факултетот, па после ќе си најдам некоја добра работа таму, која ќе ме исполнува и најпрвин ќе сакам да ја работам и ќе ми се допаѓа мене. А потоа ако имам среќа ќе си најдам и маж и ќе започнам со семејство. Значи, се со ТРУД и ВОЉА!
Па има многу фактори кои влијаат на тоа ама сепак со книга во раце, со труд, напор и работа планирам стварно да успеам во она што го сакам во животот
ах јас мислам дека најважно е да ти се насмевне среката, некогаш колку и да се трудиш едноставно не оди може и сум грешка ама сепак мислам дека успехот доаѓа ако си на право место во право време сега секако тука и човекот придонесува на кое место и во кое време ке биде па
Па прво ќе си завршам средно па после фиууууу или кај роднините мои во Германија , ќе си завршам факултет па ќе си најдам работа , некое маженце убаво од секогаш сум сакала да е Аргентинец, хах нмв ќе си оформам семејство и се надевам дека се од ова ќе се оствари ...