Како можам да издадам книга?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од SexyLady, 5 септември 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Имам напишано драма на англиски јазик и би сакала да ја издадам. Знам дека не е воопшто лесно, некои велат дека ќе треба да платам. Ве молам кажете ми како, каде и дали навистина ќе мора да платам или има друг начин? Благодарам однапред. :*
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    936
    Па треба да одиш по издавачките куќи. Матица, Три, Култура, Табернакул .... Тамо кажи им дека сакаш да ја издадеш, они ке ти кажат колку чини зошто нормално е да платиш, освен ако книгата не ти е ептеееееенн добра, па они да ти ја печатат бесплатно, со тоа што би имале кар од продажба. Оди распрашај се.. =)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Фала премногу... :)

    Имам слушнато дека може преку интернет да се прати на некоја страна текстот, некоја странска страна и треба да ти биде на англиски јазик, но незнам кои и какви се тие страни? Може некој да ми каже. Благодарам. :) ;)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.900
    Допаѓања:
    75.683
    Пол:
    Женски
    Интернетот не ти е многу сигурна опција, бидејќи не знам колку можат да ти бидат запазени авторските права. Денес секој лесно може да најде нешто на интернет и да си го присвои, безбедноста не е на високо ниво. Како и да е, прво пробај со нашиве издавачки куќи, посебно оние што се заинтересирани за откривање нови автори - тоа што е на англиски јазик не би требало да ти одмогне, ама не знам дали нашиве прифаќаат печатење на книга на друг јазик освен македонски. А ако пак сакаш да контактираш со странска издавачка куќа, лесно можеш да најдеш нивни официјални страници по мрежава, пиши им. Само треба да бидеш упорна, на крајот ќе се најде некој што ќе сака да ти ја објави книгата. Со среќа! ;)
     
    На MarchelineAmaru и SexyLady им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе премногу ви благодарам! :D Ќе бидам упорна, бидејќи знам дека со упорноста доаѓа и успехот... :) :) Ќе видам ќе се обидам со издавачките куќи, па ќе ви пишам што сум направила!

    Еве еден мал дел (прологот од драмата) која инаку ми се вика Инцест. ;)

    Prologue

    In London there is a law about lovers – anyone can have it, but in condition not to be family. Nicolas’s new wife – Margaret – finally has a lover. She loves William and he loves her too. But there is something they both don’t know, something mysterious, something… horrible! They are happy when they are together – but would they think what kind of end would they reach? Do they know about Nicolas’s and Greta’s plans and intentions? Do Margaret and William know what kind of complications will bring their love?
    This book describes the hard life in late 18th century!

    Благодарам уште еднаш! :*
     
    На Saraa, tanjetomawoemo и Pandelka.o.O им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.938
    ^^ Ми звучи како добро сценарио за филм(драма)...Само напред :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Klara007

    Klara007 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    24
    Срц, јас можам да ти помогнам :) Работам во таа бранша...Меѓутоа консултирај се со издавачка куќа прво и пиши тука или во ЛП што ти рекле, па понатаму јас ќе те упатам. :*
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Сега пратив e-mail на contact@tabernakul.com.mk. Се надевам дека ќе ми одговорат... :) Што мислите кога отприлика би требало да ми вратат? По еден ден? :) Премногу сум возбудена :D
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.900
    Допаѓања:
    75.683
    Пол:
    Женски
    Колку што јас имам искуство со Табернакул, веднаш одговараат, за разлика од некои други. Ама сега знам дека се зафатени со проект превод на стручна литература, па се надевам дека ќе одвојат време и за тебе. Ама искрено, мислам дека треба да одиш на лице место. Има разлика меѓу контакт во живо и контакт преку мејл.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    42.338
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека најдобро е лично да разговараш со нашите издавачи. Е сега не знам дали би ја издале на англиски, но сигурно тие можат да те упатат бидејќи имаат контакти со странски издавачи, па можеби ќе се најде и некоја добра душа што ќе ти помогне. Само напред, ни недостигаат млади таленти, и добредојдено е секое освежување во литературата.
    Само внимавај со интернетот - никако не праќај текст, бидејќи авторските права не ти се заштитени. За авторски права добро е да се консултираш и со адвокат, можеби ќе ти изгледа малку глупаво и екстремно, но сепак вложениот труд не е за потценување и треба да си го заштитиш...
    И уште еднаш: само напред! Се надевам ќе имаме можност да ја читаме твојата книга, и многу други по неа.
     
    На MarchelineAmaru и SexyLady им се допаѓа ова.
  11. tanjetomawoemo

    tanjetomawoemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    http://okno.mk/node/7842 probaj si ja srekata na konkursov se nadevam deka ke uspees ;) procitaj gi imas site podaci vo linkot :)) ti drzam sreka :))

    [mod-kirilica:1okpzfzl][/mod-kirilica:1okpzfzl]
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.344
    sexylady да не известиш обавезно за текот на настаните, ти посакувам многу среќа и сигурна сум дека ние феминките ќе бидеме првите кој што ќе ја купат книгата доколку се објави многу поздрав
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.580
    Допаѓања:
    3.944
    И јас се согласувам со joelle, само напред и јас те поддржувам. Ние сигурно ќе бидеме меѓу првите што ќе ти ја купиме книгата! И јас имам амбиции како тебе и сум по пишувањето ама треба уште повеќе да се усовршам со англискиот јазик а и воопшто, да научам уште мноогу изрази и изразни средства, зашто сеуште сум мала. И јас така си пишувам проза, раскази. Немам живци за цела книга, ќе ми здосади. Со среќа и ја очекуваме твојата книга набрзо.. ^^ :*
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    101
    Здраво девојки :hai: Еве и јас да прашам нешто. Преведов една книга од англиски на македонски и сега сакам да ја испечатам, но само еден примерок ми треба. Сакам да биде онака со убава корица и листови како книгите што се купуваат во книжарите :) Прашањето ми е..каде да го направам оваа? Во печатница ли ? И ако да..каде во Скопје можам да најдам печатница? Ако некој има некаква информација во врска со оваа, ве молам помогнете ми..за една недела треба да ја имам готова :) Ви благодарам однапред..пријатна вечер ;) :hai:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.633
    Лејди, до каде си со книгата?
    Мене сега ми дојде при рака темава иако е од лани.
    Па што се случи? :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Пратив меил по издавачкиве куќи (уште тогаш) и повеќето ми одговорија дека се зафатени со други обврски и да се обидам повторно подоцна. Сега ја имам и на македонски напишано, па за некое време планирам пак да се обидам. :)
    Инаку до сега имам напишано и прилично добра збирка песни, а посебно и прозни дела, па се надевам ќе направам нешто и со нив, ама уште малку треба да допишам и да ги збогатам... :)
    Знам дека можеби е рано или пак сум многу млада.... ама не се откажувам се додека не го добијам она што го сакам. Ако не сега, за еден месец, година, десет години... важно ќе останам упорна. :)
    Благодарам на поддршката девојки! :*
     
    На BeYourself, MarchelineAmaru, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    352
    Ајде еве и јас да се изјаснам на темава.. инаку сум разговарала со неколку што досега издале книга и како оди тој процес али никако да добијам конкретни одговори.
    Инаку јас имам напишано научно-фантастичен роман, го имав ставено на мој блог овде на нет.. имаше читаност али не е тоа тоа кога би можел да се најде во книжара..
    Пред се, планирам да го издадам секако.. али некои ми викаат воопшто не се исплаќа и за џабе ке ми биде пошто за 200 примероци би ми зеле вртоглава цена и на крај ке требало и сама да барам муштерии бидејки овака никој нема да знае па да го купи.. а јас нема ништо да добијам само можам да изгубам залудно потрошени пари.
    Затоа ако знае некој од вас подобро да ми кажи како одат тие работи, дали треба да го давам како ли се вика... да ми го суредат како што треба, па да барам ментори и што уште не.. и за тоа треба да се фрлаат пари нели :^)
    Инаку сама од џеб не би можела да дадам пари бидејки имам само 16 години, а моите како на мајтап го сватија тоа со романот..
    стварно би ми бил добредојден било каков совет од вас што ги знаете овие работи.
    Многу ви фала ;)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    DreamAngel би ти дала еден совет.
    Да не ги објавуваш многу делата на интернет, зашто и самата знаеш дека заштитата на авторски права е сведена на минимум. Можеби сте забележале и јас во последно време објавувам се помалку дела тука, зашто ми е страв не од вас туку од останатите гости кои им е дозволено да читаат... :)
     
    На DreamAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pipito

    Pipito Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    51
    Епа дојде редот и на мене да се пофалам.. Започнав да пишувам роман. Иако сите ми велат дека е премногу тешко, напиши прво некоја збирка од раскази или песни, напиши драма.. Јас сум упорна и веднаш одам на роман.. Не би сакала да ја откријам темата сеуште, Но започнав да се распрашувам за издавачките куќи.. Би сакала сега некои понови информации.. За работите што ги сакам во можност сум и на месечината да се качам :)
     
  20. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    119
    Оф леле како погодена е оваа тема. Јас пишувам многу, и моментално имам неколку проекти започнато. Вистина е дека многу е тешко да те објават, особено тука, каде изгледа имаме суша од дела. Јас да ви ја кажам вистината незнам каде да барам. И да се согласат да ја издадат, ако не се согласат да ја платат нема да можам. Не се занесувам со мисли за светска слава, сакам да си оставам некаков печат. Ајде да ја разгориме дискусијата малку, сигурно има многу способни дами кои можат да одговорат на прашања. :)