Убаво викаш. Македонија е суша во секој поглед, не само во областа на литературата. Колку што приметив издавачките куќи не се ни заинтересирани за млади и нови македонски таленти, не ни се потрудуваат да го погледнат трудот, а не па да го издадат. Под дифолт оди одговорот „Имаме ангажмани на повисок степен.“ , „Немаме доволно време.“, „Издаваме само странски бест-селери.“ и слично. Како слепи и глуви се за македонските дела и токму тоа го пресушува излогот на македонска современа литература.
Јас 8 години пишувам поезија која секој кој ја прочитал останал фасциниран и нема некој кој не ми кажал да го објавам мојот труд,но знам како одат работите во државава,и немам намера моето богатство од емоции да го споделам онаму каде не се цени и да иронијата биде уште поголема,онаму каде сам треба да платиш за нешто кое е прескапоцено за тебе а кај нас издавачките куќи го прават безвредно...за жал.
Да не знае некој како иде целата таа постапка на издавање на книга, колку отприлика средства се потребни, што друго ми треба?
И јас имам напишано книга и сакам да прашам за издавање. Се сум средила убаво, имам изрежирано о главата и за промоција, и за корица и се, и ке биде на многу повисоко ниво од ова кое го имаме во македонија НО јас мора да знам колку сето тоа чини? Дали некоја зна да ми каже колку би ме чинело, и како се одредува во колку примероци да ја издадам? И сакам да знам дали мислите дека е можеби подобро да ја издадам книгата во Србија и на српски јазик или сепак мајчиното си е мајчино?
Имам и јас напишано збирка песни, имам и еден роман. За да го издадам, треба да имам од 500 до 1000 евра ако не и повеќе.
Би сакала да ми помогне некој/а кој/а има издадено книга, покасувам да биде во помалку примероци што значи дека не би ја давала во продажба туку само за себе и моите најблиски. Има ли некој кој би можел да ми каже колку пари би чинело доколку се некаде околу 20тина книги и што се треба да направам ( да ги пишувам цитатите на word-от или нешто силчно) немам многу искуство во ова па би ве замолила да ми помогнете
И јас за исто се интересирам. И јас се мислам за толку примероци. Колку се плаќа? Гледам дека погоре сте пишале дека Македонија била слепа и глува за македонските дела. Не слепа и глува, гледате дека објавуваат од македонски автори, ама од кој? Од Лајла Грес.
Ова е една моја голема неостварена желба која се надевам дека некогаш во животов ќе имам прилика да ја реализирам. Аман веќе со Лајла Грејс. Смачено ми е веќе од цитирање на нејзините безмислени реченици.
Доколку ви се нафати некоја издавачка куќа да ја понуди на пазарот на книга, тогаш сите работи одат преку нив. Доколку се одлучите сами со сопствени средства или средства обезбедени како спонзорство од фирми, тогаш откако кога ќе ја напишете книгата, збирката или сл. треба да ја провери лектор (лиценциран) и да ги корегира граматичките грешки. Секој лектор различно наплаќа, некои наплаќаат од страна, некои од буква. Потоа се бара CIP бр. кој го издава НУБ “Св. Климент Охридски” - Скопје. Потоа одите во печатница и таму се договарате за формат, дизајн и квалитет на корица, тираж и др.
Доколку има некој кој го прошол тој пат на издавање книга преку лектор,издавачка куќа ,печатење и итн би била многу благодарна доколку го опише.Клку пари чини се тоа?ДАли се исплати да се вложи?
Доколку имаш сопствени средства за печатење на книга тогаш оди во некоја печатница таму ќе те упатат ќе ти кажат што треба. Инаку книга А5 формат во тираж околку 500 книги, обична корица непластифицирана, со околу 120 стр. во зависност од квалитетот на корицата и хартијата чини некои си 20000-30000 ден.
Девојки мене ме интересира како оди издавањето на книга, мислам целата постапка кој, што, како и колку чини сето тоа може некој онака отприлика да ми каже?
И јас не ги знам тие работи, и не сум ни издала книга, но сум слушнала оттам-одвам дека треба да одиш во издравачка куќа и таму треба да платиш за колку примероци сакаш, така некако.
јас мислам дека прво треба да имаш финански некаква поддршка,да бараш лектор некој професор нешто по македонски јазик,а уште подобро и некој писател,па да склучиш договор со некоја издавачка куќа за цена на книгата и колку тебе колку нив парите и за печатењето тираж...немам издадено,иако веќе имам напишано една книга,а во тек сум во втората,мислам дека отприлика вака оди постапката
Не е точно дека не се издаваат книги на македонски. Има квантитет, нема квалитет. Секој што има пари ќе испечати книга, дури и неквалитетна. Во Министерство за култура се збори дека е со врски и за млади автори скоро и да нема шанса.
Дечки да ве прашам нешто..Вака јас имам напишано книга некаде околу 250 страници е.И сите мои пријатели и роднини прочитале дел од неа и ми кажуваат дека е совршено напишана и дека луѓето треба да знаат за таа книга. Али ја не знаам како да ја објавам,испечатам и што се треба..Парите не се проблем..Дали знае некој случајно да ме упати како одат тие работи? Фала унапред
Здраво на сите. Јас издадов две книги (стихозбирка и роман) преку една издавачка куќа во Битола. Може да ги најдете на фб (дата песнопој или работлница Мерков). Е сега ова беше одамна, стихозбирката беше во 2007, а романот во 2011 и тогаш требаше да се плати од 15 000 до 18 000 денари, за околу 100 - 130 страни, за 200 или 250 примероци, не се сеќавам многу. Во цената беше вклучен цел процес и лектор и код и корица, па мене ми беа и на промоциите двајцата рецензенти од кај нив. Само што нема никаква реклама ни продажба, тие ви ги даваат книгите и потоа сами треба да се снаоѓате за продавање и промоција. Јас се снајдов, знаев луѓе со продавници па така го продавав романот, а и на промоцијата имав многу луѓе и тогаш многу книги купија. Е сега за лектор велат дека е вклучен, ама искрено да ви кажам си најдов многу грешки откако беше објавена, мислам дека не ги прегледуваат. Сега не знам точно колку пари бараат и како е, ама може да им пишете на фб ќе ви кажат. Тие ги напишав кога бев помала, а сега имам роман посериозен и и јас се обидувам некако преку овие големите оздавачки куќи ама некако слабо комуникација, тешко да вратат на маил. Еве упорна сум, ако случајно успеам со некоја нешто да договорам ќе ви кажам како е и со нив. Ако некој има искуство со некоја поголема издавачка куќа нека пиши.
Јас издадов книга сама, без никакви спонзори или издавачка куќа. Си добиваш ЦИП и ИСБН во Универзитетската библиотека „Климент Охридски“ при УКИМ. Е, сега јас кај што се работам имаат и дејност плус како издавачка куќа, ама само од тоа ИСБН добив. Ципот се плаќа околу 250-350 ден. Инаку ако имаш врски и кешче и те како ќе те испромовираат. п.с. Сама си ги покрив трошооците за печатње.