Што ќе ти лектор? Ако планираш да ја печати, барај си издавач, таму имаат лектор. Да не биде да платиш лектор, па кај издавач пак да платиш за истото.
Квалитетно лекторирање е од 60 до 260 ден од страна.. Овие за 30 се како оние за 100че дипломи што преведуваат.. далеку од квалитетно
Не е дека им требаат повеќе пари на тие што лекторираат за 60. Исто како за превод што си има тарифник, така си има и за лекторирање. И поради онакви серковци што спуштаат цени, тонеме секој ебан ден .. добиваме неквалитетни услуги и после плаќаме одново за да поправат. Па на крај дупло плаќаме.. Самите си рушиме цени, самите прифаќаме да работиме за ниски плати и после ништо не ни чини. Не..туку ние не чиниме
@gjul ако планираш преку издавач, таму имаат и лектори со кои си соработуваат, а ако планираш да лекторираш, па во печатница, барај си некој квалитетен. Смао убаво види си, да не платиш ти на некој лектор, па после да одиш кај издавач и да речат „не признавме, мора наш лектор да сработи“. Лекторот треба да има печат, да и удри на книгата и тоа да е официјално лекторирано. Цената зависи дали е проза, поезија...@Dust лектор си?
Не сум ама прикателка моја е лектор ама не работи како лектор поради ваквите што спуштаат цени. Ајде така нека е. Ти се знаеш, во секоја манџа си главен, не само во компирот
Значи на хамбургерот реална цена е 250 денари во Македонија, така? Ме сфаќаш што сакам да кажам, нели?
Да, реална е ако има 200 гр јунешко и е правен од дипломиран архитект, а не од некој со 3год средно со увезено свинско од бразил и коњско од стар коњ.. бидејќи 120 ден ќе му отидат за бургерот, 25 за ддв и остатокот за ќар, плати и придонеси Сега ти ме разбираш или глуп со сила ќе се правиш?
Здраво И јас пишувам, и ме интересира дали некој тука го поминал тој процес на издавање книга? Имам отприлика претстава колку треба да платам и парите не се проблем, ама дали знаете што точно треба да се плати и како да се стапи во контакт со издавачките куќи?
Ме интересира дали постои се уште моделот одредени компании да спонзорираат издавање на книги? Реално, ова било претешко и во минатото, но не знам сега дали воопшто постои.
Здраво , јас сакам да издадам книга подготвена е сѐ. Како оди процедурата да биде на мој трошок целосно? Може ли некој да ми објасни. Не живеам во мк
Мене ме интересира, како се движат цените за идвање на книга ? Од прилика колку би ме чинело во издавачка куќа ?
Како мислиш се прифаќаат? За квалитет или за тираж? Имај предвид дека инфлацијата ги поскапе трошоците, уште 2020 година имаше поскапување на хартијата по печатници.