Треба прво да извадиш ISBN и CIP запис. Потоа ја испраќаш книгата на Национална библиотека Скопје за да ја прегледаат и да ја одобрат преку WeTransfer. Ако одиш преку издавачка куќа, они си ги вршат овие работи. А ако одиш сама, треба сама да си ги завршиш овие работи. Не би ти препорачал да одиш преку издавачка куќа, туку терај си сама.
Ако не познаваш никој во библиотека, дом на култура, ништо не правиш. Секаде врските играат улога. Нема никаква транспарентност.
Да ми пише некој кој издал книга преку Матица, Три, Сакам Книги ? Дали има поголеми шанси да отидеш таму ( иако се е пратено по маил ) , и колку отприлика се плаќа за еден тираж пример ? И дали ако се продаде тој , штампаат нов?
Здраво Сакам да издадам книга, т.е сликовница за дечиња. Се работи за една подолга приказна која идеално би била да се преточи во илустрирана книга за најмалите, па и за малку поголеми дечиња, но дури и за возрасни. Дали некој во скоро има искуство како оди цела процедура. Значи не ме интересира да се стекнам со материјална заработка или некоја слава, само сакам ова дело навистина да допри до дечињата затоа што сметам дека носи една преубава порака и е мошне поучна. Па ако некој знае добар илустратор и издавачка куќа за деца предложете ми.
Исконтактирај ги Сказнувалка, имаат прекрасни сликовници и детска литература. Можеби ќе им се допадне идејата па ќе успеете да се договорите.