Повеќето од нас си го мразат името,во тие спаѓам и јас. Јас сакав да се викам Тамара или Дијана А вие?
Уф, не да го мразам... али среќа пораснав, па не ме замара тоа. Се друго кај мене надокнадува за тој огромен минус што ми го сошиле. Искрено, немам ни размислувано за друго име, но да речеме е Милена ми се свиѓа. Пред некој ден сретнав девојка што така се вика. Ми се свиѓа името.
Па незнам можеби Алиса или Мелани. Али ако не би се викала како што се викам денес верувам дека не би била јас. Верувам во тоа дека името зборува многу за карактерит на човекот
Сакам да се викам Антонија или Александра, па тогаш со дечкоми ќе бидеме Александар И Александра... мхмм
Именцево не ми е лошо, ко за тоа време, ама би сакала малку поспецифично име, Лејла или Тара . Додуша, кога овој Александар Тарабунов естрадно се крсти Тара, ми се скрши филм ептен, па си останувам на Лејла.
Ја пак ич не си го бендисувам имево! Не ми е старинско, бапш е модерно и звучи „светски“ но ете, мене не ми се свиѓа. Би сакала д асе викам Дијана, Јана или Јулијана! Некако слатки ми се имињата кои завршуваат на -јана!
И моето исто така, сите кои ќе го слушнат имато викаат: Ее како Џоли, ама не си го сакам пааааа А, ќе заборавев Сакам да се викам Клара (пак чудно ама )
Викторија ама и моево си е супер кога ќе размислам нема да ме викаат Викторија туку Вики , кик , тина ,мина .... Така да добро си е моево ретко е и не оставив простор за кратенки и додавки
Дефинитивно би сакала името да ми е кратко, составено по можност од три букви - Ана,Мила,Теа ... за да не ми го кратат, а не како моето долго па на кој како ќе му текне така ме вика.
Многу ми се допаѓа моето име па така да ...не би го сменила за ништо.Сакам некои ретки и необични имиња, а не да бидат некои стари и чести имиња!!
Јас си го сакам моето име! Не би го сменила за ништо. Ем ми е ретко, ем нема кратиница Инаку ми се допагаат Дијана, Јана, Јована... Ама сепак не би го сменила и сакам да се викам како што се викам
моево име е најнесекојдневно...не сум сретнала сеуште личност со име како моево и затоа многу си го сакам иначе можеби би се викала Исидора бидејќи така прво сакале да ме крстат
Порано не си го сакав името зошто ми е многу долго, но се тешам дека моето е бомба кога ќе слушнам некои чудни или старински. Инаку би сакала да се викам Клеа, Ивана, Леонтина. Клеа е малце кучешко, ама многу ми е убаво. И да си кажам најглупо е кога децата ги крстуваат по мајка, татко, баба, дедо, свекрва, свекор. Жива глупост.
Многу убаво име ми е Кала, иако имињата по цвеќиња не ми се омилени. Исто ми е и убаво и Маша или Угра, како што сум требало да се викам.Ова Угра не многу, ама Маша да.Ех, зашто мама не ја слушале
Многу ми го посакувате името Комплименти, комплименти. Си го сакам моето име, а кога би бирала, би одбрала Калина, Бисера, Јана... мислам дека децата сигурно ќе ми носат едно од овие три имиња.