Сум требала да се викам Елена т.е. се двоумеле помеѓу Елена и Марија и татко ми го одбрал второто. Знае он кое треба, кое е поубаво. Иначе да не се викав Марија, ке кажев сега дека баш така сакам да се викам ама пошто се викам Марија, нема што да кажам. Баш си го сакам името. Има и други имиња кои ми се допаѓаат како на пример Викторија, Лора, Софи, Анастас(или з)ија, Емануела, Леа, Тина....
Ана, дефинитивно. Многу ми се допаѓа тоа име, кратко е, јасно и убаво. Здравје Боже, ако некој ден имам ќерка, ќе ми се вика Ана
Доротеа не знам зошто ама многу го сакам името, и кога ке се погледнам во огледало си викам баш убаво би ми одговарало, среќа наскоро ќе бидам кума.. па ако биде женско ке му го дадам ова име.
Како малечка многу го сакав името Темјанушка ни сама незнам зошто ,потоа го обожував името Тања сега многу си го сакам сопственото