Мишел. Не знам зошто, отсекогаш ми било преубаво имево. Иако е малку необично кај нас. http://www.youtube.com/watch?v=18dBU55S6P0
Имам чудно име ама покрај сите маки што ги имам па и на него ли да мислам . Арно си е, нема никаква врска со карактерот ми, како и да се викам јас сум си таа што сум .
Моето име е скратено од Марија и затоа така сакам да се викам, ама и моето ми е убаво друго име кое скоро го сретнав и ми беше интересно и убаво ми звучи е Ајана
Па би сакала да се викав Константина, или пак Ксенија , или Меглена Исто така и Изабел многу ми се допаѓа П.с со либето мое одлучивме еден ден ако имаме ќеркичка да си ја крстиме Изабел
Хммм па си го сакам името, не е ич често, ама не е па ни единствено Инаку не би ми сметало и да се викам Ања
Да можев да иберам, би се викала Каја .. ми се допаѓа дека е необично и мнооогу ретко.. па здравје боже ќерката ќе си ја крстам Каја
Абе за мразење, не си го мразам. Баш ми е убаво така, долгичко. Додуша порано не си го сакав, желба ми беше Јана да се викам, ама меракот ми помина. Јана е прекратко име за големо човече како мене
Многу си го сакам името и несакам друго! Многу е убаво и ретко,не секој заслужува да се вика како мене (хаххаах )
Многу сакав некое специфично (календарско) име, како на пример ТЕОНА Просто обожавам такви имиња...Дефинитивно ке го искористам православниот календар при избирањето на името за моето дете...Здравје Боже ако не ми се инати мажот Море и да се инати ке го спастрам