Ана, бар како што се сеќавам од мала кога сум била, мислам дека друго име не сум знаела Би било ок и Нина, Сара, Ема..
Не си го сакам целосното име зато и го скратив и сега така сите ме знаат, и искрено повеќе ми се допаѓа кратенката.. можеби ако ме прифатат би си го сменала така Инаку баш би сакала да се викам Мелани.. би ми стоело многу.. или Кјара, Миа, или Доротеа.
Целосното име самата си го скратив уште одамна, па по кратенката ме знаат сите.. ма да името е многу често употребувано во Македонија, па и низ светов воопшто, но си го сакам и ми го опишува карактерот. Е да би ме прашале мене како би сакала да се викам порано (кога името свое го слушав на секој чекор.. во ист клас во средно бевме 3 девојки од 21 ученик, со истото име), најверојатно би избрала Скарлет или Клара. Не ради познативе личности со такви имиња, туку некако ептен ми се блиски.. појма немам зошто искрено. Уште од мала имав желба за некое такво име.. си викав кога ќе имам ќерка ќе си ја крстам така! )))
Не би си го менувала името бидеќи ми е такво што не можи да се крати,највеќе мразам кратенки од имиња. Па и Кемал Монтено има песна за името мое испеано бре
Многу порано сакав да си сменам име, зошто имам ретко и специфично име, кое ретко, ретко се сретнува....во мојот град сум единствена со такво име, па сега замислете како ми било на времето мене. Тогаш сакав да се прекрстам во Kристина или Aна хехехех сега ми е смешно хеххехехех, а денес не би си го менувала моето име за ништо на светот. Инаку не ми старомодно името, туку несекојдневно и прекрасно.... Темава ме врати многу години наназад-убави времиња беа тие