Јас не сакам вообичаени имиња кои ги има секој втор. Моево е на средина некоја. Би сакала Барбара или Анабела. Можеби и Клара.
Има доста што ми се допаѓаат ама и така не можам сите да ги одберам и не можам да бирам, вака ми е супер. Единствено за Камелија имам малце жалено кога ми кажа мајка ми дека таа сакала така да се викам, ама татко ми и дедо ми се противеле.
Емилија,Ана,Јана или Кирјана можеби. Исто го сакам многу името Марија,но бидејќи е многу често некако не ми се прави меракот.
Многу сакав Сара да се викам. Па како што не ми се исполнило тоа мене, сите кукли и барбики така ми се викаа.
Би сакала да се викам Калина ^__^ За многумина имево е старско, ама кому е грижа што мислат другите, ретко име и баш ‘‘македноско‘‘. Не дека не ми се допаѓа моето име, кул си е името, ама ‘‘ Калина ‘‘ ќе ми остане неостварена желба. Па ако имам ќерка, со сигурност ќе се вика така.
Јас си го сакам и си го обожавам името - Катерина, а ми се допаѓа името Мелек, затоа што значи душа, иако јас сум христијанка, а името е муслиманско, немам предрасуди, убаво ми е, сакам имиња со некакво значење, а и моето знам што значи...
се викам Елена а отсекогаш сакав да се викам Сара или Јана исто и мене сите кукли така ми се викаа и кога се роди сестрра ми ми препуштија јас да и дадам име и си ја крстив Сара и си реков јас немам убаво па што барем сестра ми нека има