Ја не дека си го мразам името ама по убаво би ми било да се викав Лола(да чудно име знам ама го обожавам). Повеќето би рекле дека моето име си е по убаво него Лола ама ете ја од мала си го сакам тоа име
Порано не си го сакав името и сакав да се викам Теодора....ама немам ќерка па син ми е Теодор Инаку со тек на време сватив дека името не го прави човекот и си го прифатив моето И ми годи кога ме викаат Симонка,Симона се викам...
Па да си бирав како ќе се викам сигурно ќе си изберев Ангела, многу убаво име и многу ми се свиѓа Освен ова како мала си имав и други идеи како на пример Теодора или Викторија ама со тек на време се навикнав и сега моето ми е најубаво. Иначе ми се свиѓаат потрадиционални имиња и не сум баш за тие кратки модерни имиња што се денес популарни.
Никогаш не сум размислуваала на таа тема. Можеби е точно дека секогаш знам што не сакам, но никогаш не знам што сакам. Всушност сеедно ми е. Не ми пречи името што го имам, ниту би ми пречело да имам друго име (освен ако не е некое ептен глупо). Може да се каже дека ги сакам имињата кои имаат некое значење и се во својата правилна (или барем македонска форма). Моето име има значење сончев зрак или светлина. Прилично добро значење. Во ред е се додека се викам Елена или Лена. Но не ги сакам модификациите на Елена или Лена како што се Ленка, Еленка, Елица(ова ми е особено глупо), Ели, Ена... Само едно обично Елена е во ред.
Си го сакам името ама кога би можела да бирам.. хмм Мелани, Илина, Андреа, незнам овие ми се едни од поубавите