Не дека не си го сакам името, ама некако многу ми е убаво Анастасија.. Затоа така ќе се вика ќерка ми
Кумата моја напишала на ливче едно седум имиња и моите дома го одбрале првото од листата. А исто така во листата го имало и ЕМАНУЕЛА. Е јас ден денес и викам зошто не го одбрале тоа бидејќи ми е едно од омилените. ☺
Првата најдобра другарка ми се викаше Ангела. Поради тоа и јас сакав така да се викам. Па, кога ќе ме викнеа по моето име, се дурев и велев: Викај ме Ангела!! Дете, бе... Сега си го сакам моето име најмногу на цел свет.