Си го сакам своето име, но да би можела да одберам би избрала едно од овие имиња: Ана Марија, Лана или Хелена... Сепак благодарна сум си со моево Spoiler Иначе требало да се викам Ана Марија
мислам дека сакав Кристина да се викам, за нагалено да ме викаат Кики. Или некое друго долго име со интересен прекар. Моето не си го сакав баш ради тоа што нема убав прекар.Бар не за мој вкус. Инаку да не се викав ко што се викам, ќе се викав Теодора
Јас од секогаш сум сакала да се викам Александра. Како мала си го мразев името и бев заљубена во името Александра. И нели луѓето се менуваат со тек на време, па така и мојата љубов кон тоа име се смени. Сега сум многу задоволна од моето име, си го сакам и сметам дека е доста уникатно, додека Александри има на секој чекор.