Можеш да си го смениш името. Законот го дозволува тоа. Мене убави имиња ми се и Касандра, Доротеа, Франческа, Есмералда, Гергана, па можеш и од овие да си одбереш.
Многу си го сакам името и лично за мене е најубавото кое моите родители ми го дале. Ако треба да бирам некое друго, би одбрал Кирил.
Ќе те викавме нагалено Радо, дај му на човекот Понекогаш се прашувам дали поубаво ќе ми легнеше името Синоличка, Славјанка...ама кога ќе подразмислам поубаво супер ми е името, не би си го сменила
Дарко. Имаше едно дете поголемо од мене што така се викаше и сите го викаа Даре. И, не знам зошто, многу кул ми беше тогаш на времето тоа Даре.
Појма неам како сум сакала, само знам дека си го мразев името ко мала и сите ама сите буквално други подобро ми звучеле. А не е грдо име, напротив убаво е и убаво значење има. Сите ми се чуделе на паметот како можам да не си го сакам ама ете у некој таков период сум била и секогаш настојував да ме викаат нагалено, што реално поглупо е отколку правото име. Некој коа ќе ми се обратеше со цело име, абе ко да ме стрелаше, не знам што толку ме нервираше, еве сеа чудно ми е зашто така сум реагирала. Ај дете ваљда, што разбира.