Што знам.. би се викала Софија ако би бирала јас. Значи преемноогу ми се допаѓа имево, незнам зашто и уште па нагалено, Софи и многу ми е слатко. И можеш да си правиш скратеници од имево, да го модифицираш, е Sophie највише ми прави мерак. Би можела да се викам и Христина, Ирина, Магдалена (интересно ми е имево, ама да ме викаат Меги или Маги, скратено ) А моево па ич не ми се свиѓа. Кратко е, три букви, а за чудо викаат често било имево а во цело мое школо каде што учев немаше ниедна што се викаше како мене, а ни во населбава не сум сретнала ниедна таква. However, посакувам да се викав Софија или пак Ирина! Незнам зашто ама и двеве имиња ме асоцираат на Русија, повеќе Ирина ама сепак. Да се викав Софија на момент дури и би се почувствувала како некоја грофица, незнам зашто ама ова име ептен ми личи како име за грофици!
Ако кажам како сакав да се викам како прво ќе се згазите од смеење, а како второ сите ќе дознаат која е Катакомба. Макар што и ова што го имам не е лошо затоа што ми е подарок од најсаканите и најдобрите личности кои ги имав во животов.
Моето цело име ич не си го сакам, ама скратеното по кое што сите ме викаат, да. Кога бев мала сакав да се прекрстам, и во документите да ми го пишува скратеното име. Инаку, женски имиња кои ми се допаѓаат, се Матеа, Теа..
Не да не си го сакам имево, си го сакам... Па најмногу песни се испеани за МАРИЈА.. Но е премногу често Ако би бирала јас тогаш би се викала Калина или Хана
Премногу ми се допаѓаше до пред 4-5 години Аполона. Гледав мс-смс и се јави една девојка, се викаше така, уште одма се заљубив во името. Не знам како би се викала. Нема имиња кои ги мразам, или кои ги обожувам претерано многу. За женско ми се допаѓа Меги (не Магдалена), Лорен, Тифани, Клои и Челзи. Дури решив и ќерката Челзи да си ја наречам. Па што, на запад име е. Ќе ја осудам за нив да навива. Од овие тукашниве што знам. Го сакам на сестра ми името, Вероника. Бисера не е лошо, Ања, Сташа, Вања.
одли4ен избор Аnastasijaki Изабел е прекрасно име,уствари нај убавото име на цел свет,затоа јас си ја крстив мојата керки4ка Isabella
Ивана од секогаш тоа име ми е било толку убаво и мило...би сакала доколку имам керкичка да и го ставам тоа име,ама од сега знам дека нема да го ставам,партнерот ми мрази такви имиња (демек Бугарско име било пффф)