Ти да ќутиш, колку убаво име има, Вања ќе се викала, ако ти шлакнам една васпитна ќе видиш убаво Он топик, јас сакам да се викам Викторија Многу убаво именце ми е тоа
Искрено никако поинаку, затоа што многу убаво име имам Си го сакам, особено во времето кога никој не се викаше така во државата - сега наводно не има многу, маааамето Али имам тајно име особено кога ќе ми се закачи некој тип кој не знам да го откачам така лесно, и му велам дека се викам Вероника Побогу звучи ко да ќе му побарам 50 марки наредниот момент - батка стотче за саат време
Како мала никогаш не се претставував со моето вистинско име, секогаш викав дека се викам Маргарита...па навистина тогаш сакав така да се викам ,а сега си го обожавам моето име
Сакав Анастасија да се викам, многу сакав и сега ми се допаѓа тоа име но некако многу искомерцијализирано ми е, секое второ дете се вика така. Сакав да се викам и Арта или Азра, иако се муслимански мене многу ми се допаѓаа. А во еден период наместо моето име кажував дека се викам Делфина, кој ме знае што ми било, мала бев имав 7-8 години, и моите многу ме караа демек имам убаво име, старо македонско, не е многу често но пак има доста луѓе кои го носат моето име а и искрено не сум нешто фасцинирана од него П.с. Сега сакам да се викам Петкана или Петка, за со Петко мој да си бидеме тандем снова
Се викам Марија и што знам не ми е до името. Како мала сум се запнала Катерина,Катерина им викав дома Катерина да ме викаат.
Па јас искрено додека бев во стомакот на мајка ми многу сакав да се викам Трајанка ама кога се родив мајка ми ми рече “не сине, ќе те крстиме Маја“ и уште од тогаш се помирив... И така...
Марија - (Потекнува од староегипетскиот јазик и значи жена која Бог ја сака. На хебејски тоа е назив за упорна и пркосна жена.) Лејла - (Турско Леила. Има потекло од арапско Лаила, Леила. Има значење ноќ, темница.) Меланија
Како мала многу сакав да се викам Сара. Сега би сакала Викторија или Анастасија, моево не дека е лошо ама ептен е „комерцијала“ а и сакам подолги имиња.
Јас се викам Даниела. Како мала воопшто не си го сакав името, ама сега си го сакам (зависи како звучи од личноста која ти се обраќа ) На крај и краиштата што има врска какво ти е името, важно е какво ти е
Ана. Кратко, неможе да ти го менуваат, исто се чита од назад и секаде во светот нема да имаат проблем со спелување или изговор